cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: страшно

  
clock-img

13.04.2010, 22:56

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

Киднапирање или трговија со органи?
Дали криминална банда ги краде малолетниците или пак Кумановската река ја крие мистеријата за исчезнувањето. Дане Мемеди, шестгодишното момче веќе го нема три недели. Вчера исчезна негова врсничка, Мирсада Хелдовиќ.Ова не е единствен случај, овие два случаи во Куманово не се единствени на исчезнување на деца. Седумгодишното момче од Коњаре, Митат Ибраими, по кој трага и Интерпол.До куќите на овие исчезнати деца, поминуваат реки, дали нивниот живот завршил во реките кој што се наоѓаат во непосредна близина или пак станува збор за киднапирање. Од полицијата велат дека децата не се киднапирани.
Едно е заедничко за сите, исчезнати или пак во последните два месеци, настрадани деца, сите потекнуваат од рурални средини и нивните семејства живеат во супстандардни услови. Дали можеби центарот за социјални работи треба конечно да почне да си ја врши работата пред да се случат некој несреќи. Едно и пол годишно девојче од прилепско, Тризла, Џавиљ Исмаиловска се удави во реката непосредно до нивната куќа, изгоре и едногодишната Билјана Кулеска од село Штавица, прилепско.



user posted image user posted image user posted image user posted image



clock-img

14.04.2010, 10:30

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

Се обеси 12-годишно дете во струмичко Дабиле Не­ве­ру­ва­ње и шок меѓу жителите на струмичкото село Дабиле, откако 12- го­диш­но дете си го одзеде животот со бесење во плевната до се­меј­на­та куќа.
Се­меј­на­та трагедија се случила во понеделникот вечерта, во 21,30 ча­сот. Според кажувањето на мештаните, вечерта детето гледало филм, по што излегло надвор и веќе не се вратило. Подоцна блиските го по­ба­ра­ле. Неговото безживотно тело го пронашол татко му. Детето било обе­се­но со јаже на таванот од плевната. Со надеж дека сe уште може да му помогне, таткото веднаш го префрлил момченцето во Болница во Стру­ми­ца. Таму лекарите само утврдиле смрт.
За­се­га не се познати причините поради кои 12- годишното дете си го од­зе­ло животот. Шестоодделенецот било примерно и скромно дете кое жи­ве­е­ло во хармонично семејство. Спо­ред првичниот увид на истражните органи, утврдено е дека врз те­ло­то на детето нема знаци на насилство. Случајот е квалификуван ка­ко класично самоубиство. Покрај телото на момченцето било про­нај­де­но проштално писмо во кое не биле наведени причините за неговиот фа­та­лен потег, туку само имало поздрав до неговите родители.
Ис­тра­га­та треба дополнително да ги утврди вистинските мотиви за бе­се­ње­то на 12- годишниот ученик.
izvor Вест

clock-img

14.04.2010, 10:33

clock-img

mami

pencil-img

8680

Леле аман, што ни се случува со децата..кои исчезнуваат, кои се убиваат, кои почнуваат со дрога уште на 10 години...до каде вака? Не ми е јасно..незнам кој е крив за сите овие глупости и не сум паметна што да се прави но општествово полека ни се распаѓа

clock-img

14.04.2010, 10:37

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Уф,ама се потресов...Што ли се случувало во тоа мало главче?Каква ли тешкотија имало,сирото детенце?Почивај во мир,мило момченце и нека ангелите те пратат во твоето вечно почивалиште...user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

clock-img

14.04.2010, 10:38

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Вчера на Марио му објаснувам да пази, да не разговара со непознати, да не зема ништо од никого, затоа што киднапираат деца и ги продаваат....тој не ме сфаќа сериозно, не верува, вика не е можно во 21 век user posted image
Страшно, стварно страшно user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

14.04.2010, 10:44

clock-img

BILE.F

pencil-img

670

Жално! Се се распаѓа!
Да не знаеш како да воспиташ дете! Ти и да кажеш што е правилно, на училиште и телевизија и интернет, гледа и слуша други работи!
И нема да знаеш што се врти во таа мала главичка на едно невино детенце!
Почивај во мир, душо детска!


_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

clock-img

14.04.2010, 10:44

clock-img

nadica

pencil-img

4381

жално user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image почивај во мир мало ангелче

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

14.04.2010, 10:47

clock-img

matushka

pencil-img

510

Stvarno zalosno......

clock-img

14.04.2010, 10:54

clock-img

Cacko

pencil-img

1127

user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Think Pink

clock-img

14.04.2010, 11:00

clock-img

Enika

pencil-img

1480

Леле стварно страшно...да ти е страв детето на школо а го пуштитш, кујзнае дал ке се вратиuser posted image

_____________________________

What goes around comes back around.

clock-img

14.04.2010, 17:44

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Се обеси 12-годишно дете во струмичко Дабиле Не­ве­ру­ва­ње и шок меѓу жителите на струмичкото село Дабиле, откако 12- го­диш­но дете си го одзеде животот со бесење во плевната до се­меј­на­та куќа.
Се­меј­на­та трагедија се случила во понеделникот вечерта, во 21,30 ча­сот. Според кажувањето на мештаните, вечерта детето гледало филм, по што излегло надвор и веќе не се вратило. Подоцна блиските го по­ба­ра­ле. Неговото безживотно тело го пронашол татко му. Детето било обе­се­но со јаже на таванот од плевната. Со надеж дека сe уште може да му помогне, таткото веднаш го префрлил момченцето во Болница во Стру­ми­ца. Таму лекарите само утврдиле смрт.
За­се­га не се познати причините поради кои 12- годишното дете си го од­зе­ло животот. Шестоодделенецот било примерно и скромно дете кое жи­ве­е­ло во хармонично семејство. Спо­ред првичниот увид на истражните органи, утврдено е дека врз те­ло­то на детето нема знаци на насилство. Случајот е квалификуван ка­ко класично самоубиство. Покрај телото на момченцето било про­нај­де­но проштално писмо во кое не биле наведени причините за неговиот фа­та­лен потег, туку само имало поздрав до неговите родители.
Ис­тра­га­та треба дополнително да ги утврди вистинските мотиви за бе­се­ње­то на 12- годишниот ученик.
izvor Вест




Ai... Ova ne go bev cula... user posted image Sto bi go nateralo na 12 godisno dete da se obesiuser posted image user posted image user posted image
user posted image user posted image user posted image

clock-img

15.04.2010, 09:46

clock-img

April

pencil-img

1257

Голема трагедија, во која пет лица ги загубија животите, се случи вчера претпладне во близина на скопско Катланово. Автомобил „опел калибра“ со битолски регистарски таблички излета од патот и падна во бездна длабока триесетина метри. Сите петмина патници, меѓу кои и две женски близначиња од по три години и нивната мајка ги загубија животите на самото место. Причините за несреќата ќе се утврдуваат дополнително.

user posted image

< Поракaта ја уредил April -- 15.4.2010 9:47:23 >

clock-img

16.04.2010, 15:23

clock-img

acka p

pencil-img

35

utrovo mi se javi ucitelkata od gradinka i mi vika deka edno od decata imalo sarlah megutoa da ne panicime ne bilo strasno samo da sme si gi odnele decata na mikrobiologija da se zeme bris od grlo da se proveri i sega neznam dali toa da go pravam uste denes ili da cekam do ponedelnik neznam sto da pravam

clock-img

19.04.2010, 19:09

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

Neznam veke na kade vodi zivotot vo Makedonija user posted image Me zaplasuvaat vestite, od den na den se slucuvaat se postrasni raboti? Sto e toa vo vozduhot na ovaa mala republika???

Убиство во Крива Паланка


Убиство во Крива Паланка. Маж ја убил својата невенчана сопруга. 37 годишниот Бранко Петровски од Крива Паланка попладнево ја усмртил 25 годишната Соња Јовановска со која имале 3 деца. Откако ја убил сам се предал во полицијата. Засега не се познати мотивите за убиството што се случи пред неполни 4 часа.

--------------------------------------------------------------------------------------------------Со нечиста и искината облека на нив, во распадната куќа во мавровското село Леуново, навидум напуштена, живее шестчленото семејство Ѓорѓески.
Кај нив успеал проектот на Владата за четврто дете, па добиле околу 200 евра месечно од државата. Но не успеало нешто многу поважно. Ниту едно од нивните четири деца досега не одело на училиште. Седат дома и често гледаат како таткото Ранко кој е алкохоличар, ја тепа мајката Дунавка. „Ме тепаше, ме тегнеше, ме бркаше надвор, со дете мало, ме бркаше зимно време со четири деца“, рече Дунавка Ѓорѓеска.„Поради пиење, поради кавгите дома, поради немаштија, поради лоши услови“, вели Ранко Ѓорѓески.Дунавка еднаш го пријавила во полиција. Заедно со децата била згрижена во центарот за Заштита на жртви од семејно насилство во Скопје. Ранко бил пратен на лекување во болницата во Бардовци. Оттаму излегол, а со закани кон вработените во центарот, жената и децата си ги вратил во Леуново. Збунети, без можност за образование живеат 6 годишната Илинка, 10 годишниот Далибор, Доста има 14 години, а бебето Даниел 4 месеци. Таткото не дозволува да бидат сместени ниту во интернатот во Маврови анови. „Нашето училиште може да ги прифати децата и да ги смести во интернатот кој што е бесплатен, се е платено од министерството и превоз и храна“, изјави Виктор Митрески - Директор на ОУ„Денче Деаноски“ - Маврови анови.Далибор има епилепсија. Напад доби и додека разговаравме со таткото. Овие услови за живеење, не се соодветни за него. Од Центарот за социјални работи во Гостивар неколку пати им било помагано со еднократна помош, Ранко бил праќан на лекување, децата носени во болница. Но на крајот доволно било еднаш да се поднапие, за по заканите кон службениците, залудни да бидат сите залагања. „Имало обиди да биде вработен во национален парк „Маврово“, имало обиди да биде вработен во хотел „Радика“, но не дале резултат од причини што има сериозни проблеми со пиењето. Поголем број проблеми кои ги лоциравме како битни ние секогаш бевме спремни за ангажман“, рече Ратко Тримчески - Социјален работник. Појдовме и кај соседите. Велат дека семејството прави кражби по околните куќи. Најмногу им е жал за децата. „За среќа или несреќа и доволно е интелигентен и ретардиран и оштетен и алкохоличар и се е собрано тука во едно место, така да за тој човек, за цело семејство треба посебен третман“, вели Венко Милошески - Сосед. Ранко има 6 кривични пријави за тешки кражби и една за семејно насилство. Судот донел ново решение со кое треба повторно да биде сместен во Бардовци 12 месеци. Но во болницата велат дека такво решение кај нив не е пристигнато. По ваквата координација на институциите, Ранко сеуште е со семејството, кое во оваа состојба е со години. Тој додека заминувавме, по којзнае кој пат рече дека повеќе нема да пие. Сопругата Дунавка, пак, дека нивната агонијата сепак продолжува.
user posted image  















------------------------------------------------------------------------------------------------------




clock-img

19.04.2010, 19:11

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

Изчезна 17-годишната Санела
Уште една исчезната девојка во земјава. Во саботата ја снема 17-годишната Санела Руфатоска од Струшкото село Октиси. Таа излегла од дома, наводно да се види со другарката и од тогаш и се губи трагата, а недостапен е и нејзиниот мобилен телефон. Неа синоќа по полноќ како исчезната во полицијата ја пријавила мајка и.СВР Охрид го испитува исчезнувањето на Санела и трага по причините за тоа. Во отсуство на официјални и информации од семејството на Руфатоска, неофицијално се дознава дека станува збор за љубовна приказна. Веројатно младата Санела избегала со нејзин љубовник. На тоа наведува и податокот дека и пред околу еден месец, девојката побегнала од дома кај нејзин дечко, по што се вратила. Никој од соседите на Санела не знае ништо за нејзиното исчезнување. Изненадените жители на Струшко Октиси, за случајот дознале од медиумите. Руфатоска во Октиси живеела со мајка и помалите сестра и брат, а татко и е на работа во Италија. По завршувањето на основно училиште, таа повремено работела во дуќанот за облека во семејната куќа. Таму денес беа само нејзиниот помал брат и тетката, кои како и жителите на Октиси, печалбарско село со над четири илјади жители, македонци и муслимани, не сакаа воопшто да го коментираат исчезнувањето на Санела. Мајката на исчезната девојка беше отидена во Дебар во потрага по ќерката.

clock-img

19.04.2010, 19:13

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

ИЗВОРНА ПОРАКА: April

Голема трагедија, во која пет лица ги загубија животите, се случи вчера претпладне во близина на скопско Катланово. Автомобил „опел калибра“ со битолски регистарски таблички излета од патот и падна во бездна длабока триесетина метри. Сите петмина патници, меѓу кои и две женски близначиња од по три години и нивната мајка ги загубија животите на самото место. Причините за несреќата ќе се утврдуваат дополнително.

user posted image



lele April i jas ja vidov ovaa vest. Navistina zalno, dusicki mali... barem so majkaim se... Neka pocivaat vo mir i neka letat so malite angelcinja na nebotouser posted image user posted image user posted image

clock-img

19.04.2010, 22:19

clock-img

Enika

pencil-img

1480

ИЗВОРНА ПОРАКА: Rossana

Изчезна 17-годишната Санела
Уште една исчезната девојка во земјава. Во саботата ја снема 17-годишната Санела Руфатоска од Струшкото село Октиси. Таа излегла од дома, наводно да се види со другарката и од тогаш и се губи трагата, а недостапен е и нејзиниот мобилен телефон. Неа синоќа по полноќ како исчезната во полицијата ја пријавила мајка и.СВР Охрид го испитува исчезнувањето на Санела и трага по причините за тоа. Во отсуство на официјални и информации од семејството на Руфатоска, неофицијално се дознава дека станува збор за љубовна приказна. Веројатно младата Санела избегала со нејзин љубовник. На тоа наведува и податокот дека и пред околу еден месец, девојката побегнала од дома кај нејзин дечко, по што се вратила. Никој од соседите на Санела не знае ништо за нејзиното исчезнување. Изненадените жители на Струшко Октиси, за случајот дознале од медиумите. Руфатоска во Октиси живеела со мајка и помалите сестра и брат, а татко и е на работа во Италија. По завршувањето на основно училиште, таа повремено работела во дуќанот за облека во семејната куќа. Таму денес беа само нејзиниот помал брат и тетката, кои како и жителите на Октиси, печалбарско село со над четири илјади жители, македонци и муслимани, не сакаа воопшто да го коментираат исчезнувањето на Санела. Мајката на исчезната девојка беше отидена во Дебар во потрага по ќерката.



Аман бе што се случува со лугево...секој ден исчезнуваат,прво деца сеа и повозрасни. Пред некој ден исчезна жена од Аеродром, отишла да фрли губре, да се прошета и не се вратила, и тоа Во 15:30 часот...сред бел ден. Страв да те фати да излезешuser posted image


_____________________________

What goes around comes back around.

clock-img

20.04.2010, 16:29

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

леле страшно што се не се случува се потресувам не секоја сторија user posted image user posted image user posted image аман веќе што бидна ова со дечињата секој ден по некое изчезнува....user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

clock-img

20.04.2010, 17:24

clock-img

Sandric

pencil-img

508

Ovaa e garant begalka otidena

clock-img

21.04.2010, 00:24

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

ИЗВОРНА ПОРАКА: Sandric

Ovaa e garant begalka otidena



user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image lele me nasmea, znam deka ne e dobro da se smeam, devojka isceznala no begalka user posted image user posted image user posted image

no kako sto minuvaat denovite, na vesti ima se postrasni i postrasni raboti, sto navistina me zagrizuva... Neznam veke kon kade vodi zivotot? Kakvi ke se uslovite za zivot koga ke porasnat nasite deca? dali treba da sedime pokraj niv koga ke si igrat vo dvvor? Da odime so niv na uciliste? Da sedime pred nivnoto rabotno mesto? Ili voopsto da ne gi pustime da izlezat od domauser posted image user posted image user posted image Sto treba da napravime za da gi zastitime od ludiloto koe besnee nad Makedonija ovaa godina?
user posted image user posted image user posted image user posted image

clock-img

21.04.2010, 00:30

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

Пронајдена мртва 39 годишна жена
39 годишна жена е пронајдена мртва на влезот од нејзината зграда во населбата Аеродром каде што живеела. Полицијата е веднаш алармирана. Кога дошла телото било пронајдено во лежечка положба, а под него е пронајден пиштол. Според очевидци во телото на жената имало дупка во пределот на стомакот, допрва ќе се утврдува дали се работи за самоубиство или убиство. Идентитетот и е познат на полицијата.
------------------------------------------------------------------------------------------------------Пронајден машки труп на железничка пруга
Машки труп на возраст од 30 до 35 години утрово околу 7 часот е пронајден на железничката пруга Илинден - Драчево. Трупот го пријавил машиновозач на товарен воз кој го забележал на околу 500 метри од железничката станица Илинден. Трупот се наоѓал меѓу шините, односно во колосекот. На него се констатирани повреди на телото, но се уште не се знае причината за смртта. Се врши увид на лице место.-------------------------------------------------------------------------------------------------------
16 годишно момче убиено на влезот на АрачиновоЛегнат, во локва крв, вака безживотното тело на 16 годишниот Љујзим Лимани попладнево во чајџилницата го пронашол негов роднина. Момчето го однеле во Градската болница но, веќе било доцна за лекарска интервенција, докторите констатирале смрт.
-----------------------------------------------------------------------------------
user posted image






clock-img

21.04.2010, 00:37

clock-img

Матеа

pencil-img

180

Жалосноuser posted image user posted image user posted image
Немам зборови

clock-img

22.04.2010, 08:15

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

user posted image user posted image user posted image user posted image . Navistina site tie vesti me zagrizuvaat i plasat, i navistina placam koga go pisuvam ova bidejki neznam na kade vodi svetot... Kakva idnina ke ima moeto dete? Kakva idnina ke imat nasite deca? Dodeka da porasnat i svetot ke se raspadne, a zamislete koga ke pocnat da izleguvaatuser posted image ...
Пријава за киднапирано дете во Моране
Пријава, за киднапирање на дете од Моране ги однесе браќата Таири во полициска станица. Наводно нивен џип бил на местото во скопското село кога се случил обидот за грабнување. Дали детето било украдено или не официјално не потврдуваат од полицијата, но Таири се во полициска станица на распит, па МВР не сака да шпекулира со информации додека не обезбеди докази велат од таму. Ни потврдија, дека ќе ги распрашаат повторно браќата Таири и за киднапирањето на скопските бизнисмени Исмаил и Иљаз Бајрами за чие грабнување многупати беа токму тие спомнати како грабнувачи. Пред полицијата денеска уште тројца сведоци го потврдиле идентитетот на киднаперите, им ја раскажале истата приказна која за А1 ја откри еден од очевидците на грабнувањето на Иљаз и Исмаил Бајрами.
„Браќата Сабид, Риат, Седат и Кенан го тепаа човекот со калашњикови и пиштоли, беа вооружани. И беше Мусли, други лица, Салие, тие што ги препознав, меѓутоа ги знам и Иљаз и Исмаил, ги тепаа многу, од земја, вооружени, ги ставија во кола, Исмаил избега од кола два пати, третиот пат го удрија со шипка, со пиштол, го качија во кола, Риат ја зема колата и отиде накај Гази Баба“, изјави очевидецот за А1 на 07.04.2010.Иљаз и Исмаил Бајрами ги нема веќе дваесет дена, до сега од семејството никој не побарал пари за откуп. Според извори на А1 истрагата за грабнувањето на Иљаз и Исмаил е доведена во ќорсокак, полицијата нема докази дали тие се живи или не.--------------------------------------------------------------------------------------------------------
i pokraj site tie grabnuvanja i isceznuvanja, ni pocvata ne ni ja biva... imala radonuser posted image user posted image user posted image


Крушево со најголема концентрација на радон во земјава. Зголемени вредности на овој опасен гас се регистриран и во неколку домови во Свети Николе, Новаци, Прилеп и Скопје. Ова го покажале мерењата на институтот за јавно здравје изминатава година.„Треба да се види причината, дали е од градежен материјал, дали тој треба да се отстрани или е од некое друго потекло“, изјави Шабан Мемети.Радонот е радиоактивен гас кој е присутен во почвата. До луѓето стигнува преку градежните материјали, дрвото, мермерот, бетонот кои се црпат од местата каде е присутен радонот. Во големи концентрации во домовите може да предизвика рак на белите дробови. Иако фирмите со закон се задолжени да го испитуваат градежниот материјал од радон пред да се гради, според институтот никој не го почитува.„Институтот за јавно здравје препорачува пред градба да се мери радонот во почвата и да се мери радонот во градежните материјали“, додаде Шабан Мемети.Во поголеми концентрации радонот го има во непроветрени простории подрумите не куќите и халите. Дополнителни испитувања на институтот ке треба да покажат во колку случаи присуството на радон довело до појава на карцином на белите дробови.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Во Македонија регистрирани околу 8.000 нарко зависници
„Може да не се пријавени, да не се дојдени меѓутоа сите оние кои што се пријавени се повикани до 27 или 28 април“, изјави Лилјана Игњатова Китева.Но ситуацијата на терен го покажува спротивното. Зависниците понатаму умираат по улиците чекајќи шанса за лекување. Невладините тврдат дека се уште има листи на чекање за метадонска терапија.„Голем е бројот на лицата кои имаат потреба за третман, конкретно ако зборуваме за третман. Третманот со бупренорфирм се отвори тоа е за поздравување меѓутоа многу мали се тие бројки кои се покриваат во однос на потребата“, вели Кети Тодорова, НВО доверба.Во Македонија се регистрирани околу 8 илјади зависници. Но реалната бројка е далеку поголема. Според МВР половина од нив се во Скопје. Невладините реагираат дека оваа група на луѓе е дискриминирана и им е скратено правото на лекување.За таа цел градот Скопје ќе организира кампања за подигање на свеста кон оваа маргинализирана група на граѓани.

----------------------------------------------------------------------------------------------------
Dobro ni kaza na baba majkai koga bese pred umiranje pred 4 godini i so nejzini zborovi ke napisam (Since, ne placejte oti ke umram, coveko se place koo ke se rode, zatva so neznaa so go ceka u zivoto, nema samo arni raboti da ima, ke ima i losi, coveko so e pred umirane veke gii pominal site losi raboti i koo ke umre ke odmore)user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

clock-img

29.04.2010, 11:48

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

По неколку неточни дијагнози останала без вид Млада 19 годишна мајка останала без вид откако 6 пати лекарите по грешка и дијагностицирале главоболка.

Дури кај приватен лекар Рејчел Мулхал ја добила правата дијагноза. Поради касното дијагностицирање останала без 80% од видот и лекарите кажале дека тој нема никогаш да и се поврати.

Минатиот јули поради јаки главоболки прв пат отишла на лекар. Потоа посетила уште 5 лекари и сите и кажале дека станува збор за главоболка и ја испратиле дома. Нејзините родители и договориле термин кај приватен лекар во Манчестер.

Истиот ден Рејчел се разбудила слепа. "Видот почна да ми станува сив и замаглен. Можев да ги видам само објектите, но не и боите. Неможев да гледам телевизија, ниту да го користам телефонот. Знаев дека нешто не е во ред, можев да слушам, но не и да гледам. Со допир успеав да стигнам до соседите и да го повикам татко ми" - кажала младата мајка која била пробудена од малата Морган.

Приватниот лекар и дијагностицирал течност во мозокот која вршела притисок на оптичкиот нерв. Да не правела операција, Рејчел би можела целосно да го изгуби видот или најлошо, да почине.
IZVOR

clock-img

30.04.2010, 02:15

clock-img

mina_m

pencil-img

480

za sramota e ova drzavava,samo dva milioni narod se ,a da ne mozat nisto da prevzemat ili edna rabota da ja resat kako sto treba ,nemam zborovi ...da se do tolku levi ajde de...ama ne se ....izgleda znaat sto pravat...a narodot kako i stalno ke go pravat debilen i ke mu bijat rogovi...

ПАНИКА ВО ДЕМИР КАПИЈА

Се обиделе да грабнат 10-годишно девојче пред школа

Ди­рек­то­рот на основното училиште "Димката А. Габерот" во Демир Ка­пи­ја пријавил обид за грабнување на девојче од четврто одделение. Де­сет­го­диш­но­то девојче пред неколку дена, кое околу 13.30, по првиот час, излегло над­вор на улицата пред училиштето, било пресретнато од црн џип, во кој имало две лица. Тие се обиделе да го намамат со зборови да влезе во возилото, но откако не успеале, едниот од нив го фатил за раката и се обидел насилно да го внесе. Девојчето успеало да ја от­трг­не раката и веднаш со трчање влегло во училиштето каде што, пла­чеј­ќи и исплашено, раскажало што му се случило. Директорот веднаш ја алар­ми­рал полицијата, која започнала потрага по црниот џип, но не ус­пе­а­ла да го најде.
Вес­та за обидот за грабнување ни ја потврди и Анита Стојковска, пор­тпа­ро­лот на МВР Велес.
Вес­та за настанот веднаш се проширила во Демир Капија и пре­диз­ви­ка­ла паника и страв. Родителите се исплашени и децата од помалите од­де­ле­ни­ја ги носат и ги пречекуваат од училиште, иако се работи за ма­ло место со околу 3.700 жители, и сите меѓу себе се познаваат. (В.К.)

Последни статии

article-img