за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
nie pocnavme so ovie , pa prodolzivme so sega sme golemi i citame sekakvi prikazni
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 7.1.2013 23:31:33 >
07.01.2013, 23:33
Felly RR
7977
Ivemace, бидејќи не е дозволено да се поставуваат надворешни линкови, постот го уредив и ги поставив првите слики од линковите.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
12.02.2013, 12:43
vezilka RR
4931
Уф, колу ни се хит малите сликовничиња на Топер со Кони и Пикси. Посебно Кони игра фудбал и Кони компонира мора да ги прочитаме барем два пати во денот. Ептен ги сакаме..
12.02.2013, 13:06
majka na eva
309
и ева обожава книги,ама во никој случај не дозволува да и читам.врти само од таа страница на друга и покажува кое што е...инаку сега засега бидејки е уште мала и купуваме само книги со дебели корици,и оние што се со звуци...а другите со обични листови веднаш ги кине...
12.02.2013, 13:07
Mihaela 2010
4230
Jas posledno i kupiv na angliski,za pocetnici,mnogu ubava kniga, i sega za sega znaeme kako se vika kuce,mace ,majka i tatko na angliski
12.02.2013, 13:15
AnnaMolly RR
6409
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Уф, колу ни се хит малите сликовничиња на Топер со Кони и Пикси. Посебно Кони игра фудбал и Кони компонира мора да ги прочитаме барем два пати во денот. Ептен ги сакаме..
Ние имаме само две од овие малечкиве - Педалинката на Борјан и Филип и Кралот Филип стана светски шампион. Ги обожава и двете и се гази од смеење кога му ги читам, дека се за Филип
А инаку имаме над 50-60 сликовници, јас во живот му немам купено играчка. Кога му купувам нешто, земам сликовница.
< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 12.2.2013 13:16:15 >
_____________________________
Live and let live
12.02.2013, 19:10
Maca25
7558
Јас и Н. еднаш неделно одиме во книжара и купуваме книги. Последно купивме детска енцикопедија и енциклопедија за диносаурусите. Со нив нормално оди некоја од книгите со Кони. Такви може 30 имаме. Најомилена на Н. и е Имам другар што се трка со формула.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
12.02.2013, 19:31
Џесика
2036
Борјан не е по книгите воопшто. Има неколку сликовници што сум ми купила, од време на време ќе ги разгледува, ама повеќе ги користи како „даски за сецкање храна“ додека си игра Храна и вино Да го прашам дали сака, ќе сака, ќе ја гледа ама да земам да му читам некако не го интересира, или ако му читам, ќе збори наизменично со мене, или ќе ме поправа во читањето... битно немаме толку книги, ама затоа имаме возен парк...
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
13.06.2013, 19:17
Felly RR
7977
Ние во последно време многу ги сакаме оние со лепенки. Најдовме една дури и со листови од дебела мрсна хартија, и лепенките може бесконечно многу да се лепат и прелепуваат.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
13.06.2013, 19:28
Pepelaska *
3820
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика
Борјан не е по книгите воопшто. Има неколку сликовници што сум ми купила, од време на време ќе ги разгледува, ама повеќе ги користи како „даски за сецкање храна“ додека си игра Храна и вино Да го прашам дали сака, ќе сака, ќе ја гледа ама да земам да му читам некако не го интересира, или ако му читам, ќе збори наизменично со мене, или ќе ме поправа во читањето... битно немаме толку книги, ама затоа имаме возен парк...
Па купи му Храна и вино на детето , моево обожава да го чита.Инаку книги сака секакви со слики и да исто со лепенки обожава, особено со Дора.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
13.06.2013, 19:34
mami2
417
Имаме многу книги, купуваме редовно нови, од Пикси до енциклопедии, ама јас им ги донесов и моите книги од детство, лектирите од мене од прво одделение со песнички и басни. Најомилена им е од моите The giant Walt Disney word book, стара е точно 30 години, штета што ја нема да се купи, и јас и сестра ми ја прелистувавме по сто пати и децава сега за сега само слики гледаат, ама им е многу интересна
13.06.2013, 20:32
temjanuska75
770
I Nie imame dosta slikovnici. Momentalno omilena mu e Emil i Rufi.
31.07.2013, 16:50
Bethany
4534
Во последно време син ми само носи книги да му читаме или јас или мм. По цел ден сака да му се чита, никогаш не одбива. А кога беше помал, знам на другарка ми бебето на 6 месеци и малку поголем сакаше да ги гледа, тој не ги ни погледнуваше. И си мислев дека нема да му бидат од голем интерес ни понатаму. Ама како расте се повеќе сака и му дојде времето да седи, слуша што се зборува, до крај на приказната. Додуша кратки се тие, ама ете сите книги една за друга ќе ги сослуша до крај!
Имам некаде прочитано дека Ајнштајн (не сум сигурна дека е тој, ама таков некој научник нели ) кажал ако сакате деца да ви бидат интелигентни читајте им приказни / книги
Ние засега имаме од тие со дебели корички или такви со звуците и само такви купуваме, ама веќе сите ги купивме мислам. И за пожарникарите, и за тректорот и кучиња, пајчиња и сл.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
31.07.2013, 18:16
vezilka RR
4931
Мажле домкна една сликовница My first english и сега ни е хит, секој ден учиме по некое зборче. Иначе сеуште Кони и Пикси ни се на прво место. На одмор имавме земено Кони на кампување, а бидејќи и ние бевме во камп, ептен му беше интересно. Во последно време ја бара и Волшебникот од Оз и Алибаба и 40те разбојници.
31.07.2013, 23:25
elenak
2004
И ние имаме неколку сликовници, сака да и читаме ама не слуша до крај. Не знам, детево мое ништо не го занима на подолго време 1 минута и толку, одма нешто друго бара. Најмногу имаме од оние водоотпорни сликовници, за во бањата. Имаме и музички ама тие најмалку ја интересираат. Туку прееска бев да купам сликовница за детево на пријателите (за вториот дел од роденденот) и земав една за да ги учи боите, од топер. Епа толку бе да се немало идеја, какви работи се ставаат за пример. Божур за розова боја, лимета за зелена... Кај дете од 3-4 години слушнало за тие работи па да ги препознава. Или во една наша сликовница има нацртано мисирка и вика вака - Јас сум мисирче, големо сум и мрсно Мала е ќерка ми за прашања ама не знам како би и го објаснила ова кога ќе почне да прашува. Мислам стварно некои работи како ради реда се ставаат.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
01.08.2013, 00:32
vezilka RR
4931
Ете ме зачуди, ори обично Топер имаат добри изданија. Ние имаме неколку од Топер Зборовник со лепенки, Прецозни седства, Места кои сакам да ги посетам и уште една, и Никола ги искина прелистувајќи ги.
01.08.2013, 19:38
Bethany
4534
Еленак, и јас некогаш се чудам и мислам дека би можели поинаку да ја напишат или дека книгата не е соодветна за возраста за која е наменета. А и сега последно што ми е чудно, можеби и јас грешам, во книгите што ги читам на син ми, демек се за малите, а ги користат некои тешки зборови, пример: го гледаа ВЧУДОНЕВИДЕНО Што знам, јас едвај го изговорам зборов, можеби и јас грешам, ама дека читав од еден логопед да на мали деца, на тие што допрва почнуваат да зборуваат, треба да се кажуват прости зборови.
Или во едно книгиче со зборови за возраст од 12-18 месеци има сликички со се нешто и подолу прашањата за родителот да ги постави на детето. Ај ние допрва може да му поставуваме тие прашања и тој да ги разбира и да одговара на нив (да покажува), можеби имаа дечиња кои можат и порано, ама мислам дека е тешко прашање за таа возраст, пример: Кое овошје не е тркалезно?
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
03.02.2014, 01:02
Defne90 RR
1991
Jas obicno mu citam basni na pogolemoto tie mu se najintertesni i ne se dolgi mnogu pa sekogas me isslusuva dodeka zavrsam so citanjeto.Inaku probav da mu citam i takvi knigi koi kako sto veli betani izobiluvaat so mnogu nerazbirlivi zborovi za niv,no toj samiot mi ima kazano deka ne mu se dopagaat i da ne mu gi citam. Togas prodolzuvame so basnite ako vo meguvreme ne zagubi zelba da me slusa tokmu poradi nerazbirlivata sodrzina na ovie knigi.Zatoa i ne mu citam veke ke ostavam da si nauci da cita pa duri togas toj sam koga ke moze da si procita mislam deka duri togas ke moze i da ja razbere nivnata sodrzina.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
25.02.2014, 01:52
Defne90 RR
1991
Пред една недела ја најдов Зоки Поки и постојано му ја читам на М а тој откако ќе ја прочитам бара пак и пак одново да започнам.Ептен убава книга за деца полна е со интересни случки и смешни ситуации,и мене мајка ми ми ја има читано кога сум била на таа возраст а се сеќавам дека беше и редовна лектира во прво одделение.Сега не знам дали се уште е во програмата,ама мислам дека дефинитивно секое дете треба да биде запознаено со нејзината содржина.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
25.02.2014, 07:18
deluxe
2479
На помалото дете(18м) најинтересни му се учебниците и тетратките од сестра му.Богами 1-2 учебници малку настрадаа а неколку тетратки остави без корици Друго ништо не го интересира,кога ќе ја види сестра му дека пишува домашна,остава се и се јази да ги дофати книгите.А во последно време и со моливот владее добро Дизајнираше неколку вратнички од кујната и зидот Да не бидам офтопик,на ќерката најомилена книга (буквално со неа порасна) е 1000зошто,1000затоа.Енциклопедија уште јас кога сум била ученик,си ја пронајде кај мајка ми ,и секој ден ја прелистува,порано јас и читав,сега веќе сама си чита се што ја интересира Бајки и сказни не ја интересирале од никогаш
< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 25.2.2014 7:21:55 >
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
15.08.2014, 10:13
Mila mamicka
387
Јас сум голем љубител на книгите, обожавам да читам и затоа сакам и моите деца да ги научам да ги сакаат книгите. Син ми, кој сега има 28 месеци, својата прва сликовница ја доби на 6 месеци. Уште тогаш многу ја сакаше, и јас постојано му ја читав. Досега, направивме добра збирка на книги и сликовници, и тој покажува голем интерес за нив. Има збирка сказни од Андерсен, кои се ставени во музичка кутија, и него му се многу интересни, има од музичките на Просветно дело за возилата, имаме и од најмалите од Просветно дело, и тие ги сака многу. Досега, скоро 90% од книгите и сликовниците ги добиваме како подароци од најблиските, и не доаѓа ред јас да одам и да му одберам некоја. А сега сакам да му купам некоја енциколпедија за негова возраст од Просветно дело. Сметам и дека кога бираме подарок за некој роденден, треба наместо играчка, да се купува книга, затоа што децата треба да си го развиваат интелектот уште од мали нозе со помош на деткските книги.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
25.09.2014, 16:36
Felly RR
7977
Во Просветно дело видов дека има некои нови изданија за рано учење и развој - Бкварка, Математика, Сообраќајни правила, Бонтон, учење на часот, има и Весела градинка за деца од 4-6 години. Ги има ли некој разгледано и дали ви се допаднаа?
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
28.09.2014, 13:51
Snowhite RR
5042
И ние вчера бевме во Просветно дело и си ја купивме Сообраќајни правила и планирам зимава една по една сите да си ги купиме, зашто се наменети баш за предшколска возраст од 4-6 години Го имам флаерот еве кои се Го учиме светот со Елена и Емил 1 и 2 (4-5 год.) и Детски свет 1и 2 (5-6 год), Разиграни бои, линии и форми за 4-5 и за 5-6 год (овие се со ликовни активности) Весела градинка, Вешти прстиња (оваа е за музички и ликовни игри и вежби), Од каде ни се вакви мускули, Запознајте ги сетилата, Букварка и Букавар(5-7г) Математика (5-7г), Сообраќајни почетоци, Бонтон за секој ученик и Учиме колку е часот
Е сега на флаеров е оваа математика од 5-7 години, ама таму имаше и за 4-5 и 5-6 години Едукативни изданија мислам дека се стварно корисни и прилагодени за предучилишната возраст
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away