cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Што ја одбележа изминатава година?

  
clock-img

18.01.2013, 17:14

clock-img

Simona_k

pencil-img

299

По убавиот полн со радост 2 роденден на син ми,неколку дена пред роденденот дознавме дека наскоро ќе имаме придружба уште едно ангелче...(дека мама еuser posted image ) и одморот кој следуваше после сите обврски и беше најубав:мама тато и Тино.Си поминавме супер баш се одморивме

clock-img

19.01.2013, 11:57

clock-img

Ring

pencil-img

602

Ќе ја паметам по мојата среќа- ќерќа ми...по нејзината прва насмевка, првото МАМА, првата кашичка, првото забче, првите неусешни чекорчиња user posted image

Ќе ја паметам по раѓањето на втората внука , новата принцеза на тета... по прекрасниот трет роденден на првата внука која има посебно место во моето срце..

Ќе ја паметам по турбуленциите во бизнисот на мажот ми и неговите челични нерви user posted image user posted image

Ќе ја паметам по тоа што почнав да го гледам светот со други очи...

_____________________________

Your children will become who you are...so be who you want them to be !

clock-img

20.01.2013, 14:12

clock-img

kuklicka26

pencil-img

220

Пред се ке ја паметам по напорната работа,по крштевката на С,нејзиниот прв роденден,нејзиниот прв одмор,нејзиното прво запче,нејзините први чекори,пред се во знакот на мојата принцезичка.

clock-img

14.12.2013, 19:01

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Веќе сме пред самата завршница на оваа година, па може да размислиме што е тоа што ни ја одбележаа годинава...

Мене некако многу брзо ми минаа годинава. Поради Ј мислам дека е така. Со детето во раниот развој секој ден е нов и интересен, иако се чини некогаш дека секојдневието ми е исто, монотоно, сепак не е така.

Имавме доста фамилијарни моменти, доста време поминавме заедно, се нешто заедно правевме.

Здрави сме.

Неубавите работи не беа толку големи за да ги засенат убавините, така да можам да речам фала на Бог за оваа година.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

14.12.2013, 19:10

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Spored mene za razlika od minatata godina,ovaa kako da mi bese posrekjna i poubava,daj Boze narednata da e uste poubava
ovaa godina ke ja pamtam po moeto unapreduvanje,konecno se isplati moeto diplomiranje i nervozite sto gi imav na staroto rabotno mesto konecno izzceznaa,pa taka si najdov mir na novoto rabtno mesto..
Imavme prekrasen i nezaboraven odmor,so moite bliski i dragi luge...
Momentite so kerka mi nemozam a da ne gi spomenam,sekoj den e novo dete,kako raste se poumna stanuva,nejzinata nasmevka mene me pravi presrekjna...
Mm se zapisa na postdiplomski ,izgleda saka da e povekje od mene user posted image ,ama ako mene ne mi e vazno toa,vazno mi e pokacuvanjeto negovo na platatauser posted image
Ete fala bogu zivi zdravi sme,pa se nadevam na podobra i posupesna naredna godina
A da,stanav vujna po vtor pat,zolvami se porodi pred dva meseci,pa imame i bebe vo familija..

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

14.12.2013, 19:11

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Aaaa ete zaboraviv....pa i po doma renoviravme,kooonecno i toa mi se ispolni,pogotovo sobata na Muser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

14.12.2013, 22:29

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Оваа година ќе ја паметам по следниве работи:

Уште на почеток на годината ја добив мојата Јана
Добив унапредување на работа,
Купивме кола и уште некои работи за по дома,

Доста се

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

15.12.2013, 01:17

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Ovaa godina ke ja pamtam najprvo po prekrasniot avtomobil koj sto go dobivme na podarok od moite svekor i svekrva,ke ja pametam isto taka po svadbata na mojata najdobra drugarka,po renoviranjeto na detskata soba,konecno i decata si dobija svoe katce kade mozat da si igraat,po toa sto posle tolku molbi i solzi za kuce i M konecno si dobi svoe sopstveno kuce so koe si igrase neprestajno celo leto,po novite prijatelstva,po detskite radosti no i solzi zaradi izgrebanoto koleno,po mojata neizmerna sreka blagodarenie na moite srekicki dve,po ubavite migovi pominati so maz mi i naseto prekrasno drustvo od koe sekogas imame golema poddrska.Prvenstveno izminatava godina ke ja pamtam po ubavi raboti,ke ja pamtam po nekoi sonista i zelbi sto si gi zacrtav i se nadevam deka idnata godina ke uspeam da gi realiziram konecno za tie da stanat stvarnost.user posted image

clock-img

15.12.2013, 13:17

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

- После долго време, кај мене се падна паричката user posted image
- Победата на Вешта жена во Битола
- Станав Вешта жена на Македонија за 2013 година
- Купивме автомобил
- Се роди Ана
Ќе ја паметам и по една грозна работа, ама нема да ја пишам, пошто меѓу сите убави работи, не вреди да ја споменувам.

Оваа, дефинитивно беше моја успешна година!

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

15.12.2013, 13:18

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Оваа година ќе ја паметам по крштевката на син ми,првиот роденден,раѓањето на нашето кумашинче,и веридбата на брат ми како цреша на крајот од годинатаuser posted image Убавите моменти ќе ги запаметам,на лошото ке пробам да му направам делит

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

15.12.2013, 13:33

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Оваа година дефинитивно ми ја одбележаа принцези и битанги user posted image
Марио стана полнолетен, направи преубав роденден, на одмор не направи белја, пушти брада и заслужи Миа да го нарекува битанга. user posted image
Миа на почетокот на годината ги фрли пелените, почна поубаво да зборува, почна да стои пред огледало и да гледа дали е убава, посака да има лабело за да се шминка и некако наеднаш стана позрела. И таа заслужи бато да ја вика принцеза.

Имам и други битанги и принцези оваа година...но многу се, а ме мрзи да пишувам user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

15.12.2013, 15:27

clock-img

ivoni4ka

pencil-img

903

ke ja pametam po mnogu srekni migovi so mojata kerka i soprug, kerka mi proode, pocna sama da jade, proslava za 1 rodenden na nea,prviot zaednicki odmor so kerka mi i mm, kupivme plac za kuka i vo krajna faza sme za vadenje na gradezno odobrenie, a i po 2 neuspesni obidi za rabota ama se spremam za uste eden obid, pa se nadevam deka ke bide kako glag na torta za krajot na godinata

_____________________________


clock-img

15.12.2013, 18:34

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690

Definitivno po raganjeto na mojot tret angel, po prvoto padnato zapce na golemata kerka, i trgnuvanjeto vo gradinka na pomalata kerka po nejzina zelba i bez nikakov problem. Tri mnogu bitni fazi na oddeluvanje na deteto od majkata. user posted image

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

clock-img

15.12.2013, 21:34

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Оваа 2013 година беше најисполнетаuser posted image

Започна со моја долгоочекувана бременост, 3 свадби на другарки од кои 2 веќе се бремени.И најважното доаѓањето на свет на човечето на мојот животuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

16.12.2013, 09:58

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Годинава на мој личен животен план се случија две работи од кои едната е функцијата модератор на РР. Во овие две работи запознав и многу драги луѓе, како виртуелно така и реално, некои од нив ми оставија впечаток за цел живот, не само за годинава што помина. Се случија и други општи промени кои се надевам ќе бидат на подобро, засега само чекам.
Дома значајно е се што е поврзано со ќерка ми. Секоја ситница, зборче, лудорија, проодувањето, каките во нокшир... Откако е родена таа е главното обележје на секоја моја година.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

16.12.2013, 10:12

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Богами минатата година најмногу ќе ја паметам оти се скостив од работа, е арно беше и оти не рмбав за без пари. И нормално, по тоа што Никола си побара и си доби (ќе добие де..) бебенце. И оваа година ја поминав во дрштво со РР за што ми е многу мило оти тука се чувствувам како дома. Ајде сега да ја чекаме наредната user posted image

clock-img

16.12.2013, 11:27

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Godinava sto izminuva ja odbeleza pomaliov sin.Prv rodenden,prvo zapce,prvi cekori i site uzivanja sto ni gi prireduva sekojdnevno.
Tuka e i golemio sin koj nedozvoluva ni eden den da ni e dosadenuser posted image
Ke ja narecam,,domakinska godina'' preubavi momenti pominati so moite dragi mazinja.
Sepak bese mirna godina,ne bese kako 2012 burna godina vo koja se sluci najgolemiot presvrt vo mojot zivotuser posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

clock-img

16.12.2013, 12:02

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Мали за некого, големи за мене - ситни позитивности, што ја бојат годинава во убава за мене.
Првите самостојни чекори на Т паднаа на сам почеток на годинава, РРаја ме почести со улога во нејзиното одржување и ми го прошири кругот на пријатели, мини одморче со нашето мини семејство...user posted image
Негативностите не дозволувам да ги паметам за да ја одбележат годинава.


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

18.12.2013, 15:51

clock-img

zzaa

pencil-img

884

Ова година ке ја паметам по многу убави нешта, беше доста успешна и исполнета година за мене и моето семејство.
- По тргнувањето во градинка, и отпишувањето.
- Првиот роденден
- Продувањето
- Се што е поврзано со Ева, првите кратки реченици, миење на запчињата, и ред други убави работи што ме прават исполнета и горда мајка на едно прекрасно девојче.
- Моето дипломирање
-Запишувањето на постдипломски студи
- Убавиот летен одмор

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

clock-img

20.12.2013, 00:14

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

За мене ова беше една од најубавите години.Го прославивме првиот роденден и се радувавме на првите чекорчиња,првите запчиња,првите "мама","тато" и се поврзано со детето.
Исто го решивме едно од најважните животни прашања,си направивме куќа и си се вселивме user posted image
Се на се ова за мене беше прекрасна година и се надевам дека и наредната ќе биде барем приближно толку добра

clock-img

20.12.2013, 15:14

clock-img

Hunny

pencil-img

626

Претходната 2012 година ми беше најсреќна и најисполнета од сите претходно. Го родив моето сонце, добив подобро работно место, па затоа во оваа година не ни очекував ништо посебно, а сепак ми беше посебна. Ќе ја паметам по првите зборчиња од ќерка ми, првиот заеднички одмор, првите чекори, првото паѓање, нејзиното „мама“ од кое цела се топам. Дома реновиравме, сменивме прозори, врати и тоа. Добро би било и следната да ми биде слична на оваа.

clock-img

20.12.2013, 15:16

clock-img

Hunny

pencil-img

626

А ќе заборавев, ќе ја паметам и по долгоочекуваното пензионирање на мојот татко, кој како и сите стечајци помина цела голгота и го изгуби здравјето. Баш деновиве доби решение за пензија и сите не израдува.

clock-img

28.11.2014, 21:34

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

Средувањето на нашиот дом, закаснетиот меден месец user posted image

clock-img

28.11.2014, 22:49

clock-img

Ki4iko

pencil-img

438

Мојата бременост, ми се чини дека цела година сум трудна user posted image

clock-img

28.11.2014, 23:36

clock-img

caciana

pencil-img

863

Raganjeto na vnuka mi Jovanauser posted image user posted image

Последни статии

article-img