Најниската мајка на светот повторно трудна
Стејси Хералд, најниската мајка во светот наскоро ќе го роди своето трето дете, и покрај предупредувањата од лекарите дека бременоста сериозно може да и го наруши здравјето.
Триесет и петгодишната Американка од Кентаки, висока само 120 сантиметри, и претходно ги игнорираше советите на лекарите и сега е мајка на две здрави деца. Стејси никогаш не ја достигна својата нормална висина бидејќи боледува од osteogenesis imperfecta, болест која предизвикува кршење на коските и недоразвиеност на белите дробови.
Стејси и нејзиниот сопруг Вил, кој е висок 175 сантиметри со нетрпение го чекаат раѓањето на приновата. Сепак, Стејси признава дека третата бременост и е „неудобна“ и оти поголемиот дел од времето е в кревет. Но, и покрај сите препреки, таа и нејзиниот сопруг сакаат уште деца. Двојката се запозна во 2000 година, додека заедно работеле во супермаркет и очајнички сакале да основат семејство.
Кога првпат остана бремена, докторите ја предупредија дека бебето, како што ќе расте во нејзината утроба може да почне да и ги уништува органите.
- Цел живот родителите ми велеа дека можам да направам се што ќе посакам. Но, потоа лекарите ми рекоа дека не можат да основам семејство. Тоа навистина ме заболе, вели Стејси.
Ќерката Кетери се родила со царски рез, а девојчето ја наследило болеста на Стејси, што значи дека никогаш нема да порасне до нормална висина. Двојката продолжила да живее со вообичаеното темпо, а две години подоцна се родила нивната втора ќерка Макаја, а сега се очекува и раѓањето на синот.
- Со текот на времето, станува се потешко и потешко. Во моментов не можам да ја гушнам својата ќерка. Сепак, сите мои деца се чудо, тие ми се најубав подарок, вели Стејси.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))