cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Нешто неверојатно :)

  
clock-img

04.03.2010, 10:14

clock-img

zami

pencil-img

574

Во рамки на проектот „Големи и мали“ на Здружението „Хуманост“ ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД АЕРОДРОМ СЕ ДРУЖЕА СО ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКИТЕ

Здружението за унапредување на условите за грижа и сместување стари и изнемоштени лица „Хуманост“, од јануари почна да со реализација на проектот „Големи и мали“, во кој се вклучени и пензионери од Општина Аеродром. Проектот кој е финансиски поддржан од Холандска амбасада, се реализира во детските градинки, односно е наменет за децата од големите групи и лицата над 65 години. Проектот „Големи и мали“ вклучува креативни и тематски работилници, кои се во согласност со планот и програмата за работа на градинките и ги покрива темите од секојдневниот живот на децата и возрасните. Целта на проектот е негување на традиционалните и моралните вредности и зајакнување на социјалните врски меѓу децата и повозрасните лица.user posted image

user posted image
24.2.2010 Општина Аеродром

_____________________________

Allways look on the bright side of life!

clock-img

04.03.2010, 10:30

clock-img

Боцко

pencil-img

806

user posted image user posted image user posted image
одлична идеја! ми се допаѓа!


_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

04.03.2010, 10:33

clock-img

majka 79

pencil-img

836

navistina nesto neverojatno ubavouser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

clock-img

04.03.2010, 10:39

clock-img

mami

pencil-img

8680

Колку убава работа..Браво, прекрасно нешто

clock-img

05.03.2010, 17:55

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

 

By Allan Hall in Berlin
Published: 11:59AM GMT 05 Mar 2010
Previous
1 of 2 Images
Next "Palčić", kako su ga doktori nazvali, uspeo je da preživi iako je rođen u 25. nedelji i težio samo 275 grama.
Pošto je rođen 15 nedelja pre vremena., mališan je 24 sata dnevno bio priključen na aparate za hranjenje, disanje, merenje otkucaja srca, kateter. Lekari su ga priključili na čitavu mrežu uređaja, kako bi otkrili svaki znak koji bi mogao ukazati da postoji rizik po njegovo zdravlje.
Mališan, kojem roditelji još nisu dali ime, pušten je kući kada je u decembru napunio devet meseci i postigao težinu od 3,7 kilograma, što je prosečna težina novorođenčadi u Nemačkoj.
"To je najlakši dečak koji je ikad donet na svet i uspeo da preživi", kažu doktori bolnice u nemačkom gradu Getingenu, gde je dečak rođen.
Oni kažu da su posle provere svih dostupnih podataka o prevremeno rođenim bebama, došli do zaključka da ne postoji dečak lakši od "Palčića".
Što se devojčica tiče, rođene su tri koje su bile lakše, među njima i jedna devojčica iz Amerike koja je na rođenju imala samo 244 grama.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

05.03.2010, 18:00

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

user posted image
Eve slika od novorodenceto


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

16.04.2010, 12:16

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

Жена се породи на сред село во прилепско Дупјачани. Кети Конеска од селото Небрегово добила силни болки и веднаш со возилото заедно со сопругот тргнале кон болницата во Прилеп. Но по пат веќе Кети започнала да се пораѓа, во паника, не знаејќи што да направат, застанале пред првата амбуланта во Дупјачани каде пак надвор лекарите мирно си пиеле кафе. Повикале за помош, а лекарката  Мариче Ѓоргиевска не можејќи ништо повеќе да направи ја породила Кети на задното седиште во возилото. „Самата атмосфера беше малку стресна, малку возбудлива, ова беше мое прво искуство да породувам жена и беше необично, затоа што да се спаси не еден, туку два животи за мене беше предизвик“, кажува Д-р Мариче Ѓорѓиеска, општ лекар.Сопругот пресреќен што добил син видно возбуден раскажува за необичниот настан кој ќе го памети цел живот. „Веднаш се паркиравме пред амбулантата, веќе детето беше на пат, тука и била ете среќата на сопругата, лекарите брзо реагираа, детето излезе здраво и живо и потоа веднап пристигна брзата помош од Прилеп која беше на пат“, со радост раскажува Рубинчо Конески, татко на детето.„Доколку не бевме ние тука сместени со амбуланта можеше целиот настан да заврши трагично бидејќи папочната врвца на детето му беше замотана околу вратот“, вели Д-р Ѓорѓиеска.Детето со мајката сега се сметестени во прилепската болница и се очекува за неколку денови да бидат пуштени дома.

ете сега гледав  на А1 ,се очекува да пристигне министерот Османи ,да и предаде лично ,признание на докторката Мариче Ѓорѓиескаuser posted image

clock-img

19.05.2010, 21:58

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

7-месечно бебе со неверојатни 20 килограми
Бебето Мершад Камиз, родено во Техеран, при породувањето беше со нормална тежина, а седмиот месец го прослави со неверојатни-20 килограми.

user posted image Звучи неверојатно, но е вистина. Мершад дојде на свет со 3 килограми, на возраст од 3 месеци веќе тежеше 11, а на седум месеци веќе има-неверојатно 20 килограми. Родителите на бебето, како што пренесува „еРепортер“, во разговорот на иранската телевизија раскажаа дека причина за неверојатната тежина е доењето што трае и по еден час дневно. Ова бебе во првите шест месеци напредуваше со неверојатна брзина. Девојчињата на таа возраст тежат во просек седум, а момчињата 8 килограми. Колку е неверојатна тежината на Мершад, говори и податокот дека девојчињата и момчињата на возраст од пет години тежат меѓу 13,5 и 26,5 килиграми. Светската здравствена организација секојдневно предупредува дека дебелината кај децата станува се поголем проблем. Лошите навики при исхраната што во најголем дел доаѓаат од семејството, се причина за се поголем број такви деца во светот. Експертите предупредуваат дека дебелите деца јадат многу храна со конзерванси, готови сосови, смрзната храна и секако, разновидни слатки. Иако многумина сметаат дека главен виновник за прекумерна тежина се гените, таквото тврдење се покажа за точно само во еден процент од случаите. За останатите 15 насто, најголемиот виновник е немањето физичка активност и лошата исхрана.  Дебелина, генерално, е еден од најголемите проблеми на денешнината, а предизвикува проблеми на срцето и крвните садови, како и дијабетес.


clock-img

19.05.2010, 22:01

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

Текстови од Куранот мистериозно се појавуваат на телото од бебе На телото на едно бебе од Дагестан се појавиле делови од Куранот. Сурите се јавувале секој понеделник и петок секогаш со нови зборови, пренесува elu24.ee Родителите на деветмесечното бебе не кажувале никому за тоа, се’ додека еден ден не се појaвиле зборовите „Покажете им ги на луѓето моите знаци“.
Детето одбивало храна на Рамазан и јадело само во времето предвидено за ифтар, исламската рамазанска вечера во квечерината по целодневниот пост.
На телото од детето по име Али Јакубов од неговото раѓање се појавувале пораки на арапско писмо. Прво се појавувале само букви, а подоцна се испишувале цели делови од текст, пренесува локалниот медиум Вести кој се повикува на искази на родителите.
„Прво забележавме хематом на неговата брада, но по извесно време се појави зборот Алах“, рекла мајката Медина Јакубова, а медиумот донесува фотографија на која наводно се гледа испишаниот текст „Алах е создателот на сите суштества“.
Кај детето веднаш по раѓањето биле дијагностицирани исхемија и детска парализа, но откако почнале на неговото тело да се јавуваат овие знаци, по извршениот лекарски преглед се’ било во ред.
Локалните медиуми пренесувааат дека откако приказната била објавена, во неговата куќа почнале да доаѓаат голем број дагестански верници, па полицијата морала да ги заштитува родителите и да ја чува деноноќно нивната куќа.

clock-img

19.05.2010, 22:02

clock-img

melody

pencil-img

743

Covece ne mi se veruva ova....sto mleko ke imala negovata majka ,bozeee......user posted image

clock-img

20.05.2010, 00:46

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Бебе во замена за две пива

Маж бил толку очаен за пијалак што сакал да го замени своето бебе за две шишиња пиво.
Сега тој се соочува со обвинение дека се обидувал да направи бизнис зделка со својата три месечна ќерка.

Полицијата во Масачусетс, САД, го обвини 24 годишниот Метју Брејс откако вработениот во една бензинска пумпа го пријавил за бизарната понуда. Откако полицијата дошла на местото на настанот го пронашла Брејс како се крие со својата ќерка зад еден контејнер.

Девојчето сега е ставено под заштита на полицијата, а Метју кој е пуштен на слобода треба да излезе пред суд за своето дело.

Извор: МИА
................................

Каков кретен!!! Би го убила

< Поракaта ја уредил Maca25 -- 20.5.2010 0:57:26 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

20.05.2010, 00:50

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

 Сакала во пензија, а родила близначки

Една 62-годишна Бугарка поднела барање за пензија, а потоа заминала на трудничко боледување бидејќи родила две близначки.

Докторката Красимира Димитрова од градот Русе, психијатар по професија, родила девојчиња, Мери и Жаклин, тешки 500 и 900 грама во болница во градот Плевен.

Претседателката на бугарската Асоцијација за репродуктивно здравје Павлета Табакова изјави дека мајката забременила при вториот обид со „ин витро“, благодарејќи на подарени јајце клетки.

Според неа, оваа метода нема старосно ограничување за разлика од класичното вештачко оплодување, кое во Бугарија е со закон забрането за жени постари од 43 години.

Интересно е што Димитрова на почетокот на бременоста носела три ембриони, но во болницата тие се намалени на два.

Ретка појава во светот е жена со помош на „ин витро“ или вештачко оплодување да се породи во толку одминати години.

Извор: МИА


< Поракaта ја уредил Maca25 -- 20.5.2010 0:57:46 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

31.05.2010, 15:40

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

Секоја мајка ќе потврди дека секојдневното хранење, преоблекување и задоволување дури и на едно бебе е тешка „борба“.Затоа одвојте минута да помислите на Џени Меш, која има шест бебиња истовремено. Нејзиниот дневен распоред вклучува 38 шишенца со млеко, 18 преоблекувања, вклучување и средување на две машини за перење алишта и менување 50 пелени.Џени пред два месеца со помош на царски рез родила три девојчиња и три момчиња. За време на породувањето таа претрпела престанок на работата на срцето, но сега мајката и бебињата забрзано напредуваат.Сестрите Бејли, Моли и Савана и браќата Блејк, Кол и Грант се само деветта документирана шесторка која преживеала по раѓањето.На прашањето дали планираат уште деца, сопрузите Меш благо пребледуваат и во еден глас одговараат: „Не“.Брајан Меш има закажана вазектомија за следниот месец.

user posted image

clock-img

31.05.2010, 19:13

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Wow срцки user posted image user posted image user posted image А повеќето "кукаат" од 1 user posted image user posted image user posted image user posted image Порано нашите баби, прабаби по 6-7 деца (и повеќе) одгледуваа, па оф не велеа, сега сме нежнички, плашливи user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

31.05.2010, 20:46

clock-img

delfinka

pencil-img

416

leleeee sto se slatki no tesko na majkata kako ke se snajde,mora da ima ogromna pomos!

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

clock-img

05.06.2010, 23:20

clock-img

pinokio2010

pencil-img

270

Lele sto se slatkiiiiiii!! No sto pravi kutrata ako edno pocne da place i drugite mu se pridruzat user posted image

clock-img

27.10.2010, 12:44

clock-img

majka 79

pencil-img

836

Дали знаете зошто вереничкиот прстен се носи на четвртиот прст (до малото прсте)? Кинеската легенда тоа го објаснува мошне едноставно и уверливо.

Нема да ви се верува крајот.

  • Палците ги претставуваат родителите.
  • Показалците се браќата и сестрите.
  • Средниот прст си ти.
  • Четвртиот прст е твојот пар (партнер).
  • Малиот прст се децата.

Сега склопи ги дланките и средните прсти постави ги како што  е прикажано на сликата.

1. Обиди се да ги раздвоиш палците (родителите), се раздвојуваат затоа што не треба да живеат со тебе вечно. Повторно спои ги.
2. Обиди се да ги раздвоиш показалците  (браќата, сестрите и пријателите), се отвораат затоа што сите имаат свои животни патишта и заминуваат.
3. Обиди се да ги раздвоиш малите прсти (твоите деца) – се отвораат затоа што децата растат и си заминуваат. Повторно спои ги.
4. Конечно, обиди се да ги раздвоиш прстите наменети за вереничкиот прстен и ќе се изненадиш. Тоа е невозможно. Судбински сте поврзани и затоа венчалниот прстен е носи токму на овој прст.

clock-img

27.10.2010, 12:54

clock-img

merema

pencil-img

29

wow mama79 nesto neverojatno a voedno i interesno

_____________________________

STO BILO-POMINALO,STO KE BIDE -KE POMINE

clock-img

27.10.2010, 13:11

clock-img

majka 79

pencil-img

836

http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/4607
ne mozev slikata da ja iskopiram zatoa vi go pustam linkot za da ja vidite postavenosta na prstite

clock-img

27.10.2010, 13:17

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

е вака е веќе нешто друго, вака навистина не можат да се одвојат user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

27.10.2010, 13:26

clock-img

ben10

pencil-img

319

user posted image user posted image user posted image user posted image
BRAVO

clock-img

27.10.2010, 22:07

clock-img

baby mama

pencil-img

679

Пред некој месец и мене ми се случи нешто неверојатноuser posted image . На Фејсбук си ја најдов другарката што се допишувавме во шесто, седмо и осмо одделение. Порано така стигнуваа писма во училиштето и беа адресирани до непознато другарче, а беа  означени со бројот во дневникот. На пр. јас бев бр.19 и таа беше бр.19. Сеуште ги чувам писмата и си ги читам некогаш. Никогаш не се запознавме лично, туку си праќавме слики. Девојчето беше од Кавадарци, а сега е сопруга и мајка на две дечиња и живее во Шведска. За мене беше неверојатно што ја најдов на Фејс после 15 години. Се надевам и дека ќе се видиме, кога ќе дојде во МКД. Веќе не сме деца.


_____________________________

Always kiss your children goodnight - even if they''re already asleep.

clock-img

27.10.2010, 22:27

clock-img

mama26

pencil-img

3977

ИЗВОРНА ПОРАКА: majka 79

http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/4607
ne mozev slikata da ja iskopiram zatoa vi go pustam linkot za da ja vidite postavenosta na prstite

  majka 79 navistina nemozam da gi odvojam prstite kadesto stoi verenickiot prsten...se koncentrirav gi odvoiv ama milimetar samo...nema vrska so drugite prsti koi poveke se otvorijauser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image interesno


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

clock-img

27.10.2010, 22:28

clock-img

mama26

pencil-img

3977

ИЗВОРНА ПОРАКА: majka 79

http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/4607
ne mozev slikata da ja iskopiram zatoa vi go pustam linkot za da ja vidite postavenosta na prstite



_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

clock-img

27.10.2010, 22:49

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

ИЗВОРНА ПОРАКА: baby mama

Пред некој месец и мене ми се случи нешто неверојатноuser posted image . На Фејсбук си ја најдов другарката што се допишувавме во шесто, седмо и осмо одделение. Порано така стигнуваа писма во училиштето и беа адресирани до непознато другарче, а беа  означени со бројот во дневникот. На пр. јас бев бр.19 и таа беше бр.19. Сеуште ги чувам писмата и си ги читам некогаш. Никогаш не се запознавме лично, туку си праќавме слики. Девојчето беше од Кавадарци, а сега е сопруга и мајка на две дечиња и живее во Шведска. За мене беше неверојатно што ја најдов на Фејс после 15 години. Се надевам и дека ќе се видиме, кога ќе дојде во МКД. Веќе не сме деца.



многу убаво, се надевам дека се лично запознате еден ден

Последни статии

article-img