за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Многу убаво се чуваат. Го чувал и на целодневна многу пати до сега. И никогаш не чека јас да не можам па тогаш да му смени пелена или да го заспие туку едноставно тоа спаѓа во дневната рутина. Никола нема проблем да јаде со тати, да спие со тати, да се облекува со тати. Мислам дека сега за сега е подеднакво приврзан и со мама и со тати.
22.02.2012, 00:01
Maca25
7558
Последниве 3 месеци мм ја чува Н. И супер им е. Кога јас не сум тука Н. многу го слуша. Денес си станале од спиење во 10, си јаделе и правец на плоштад на сонце. Од таму на кафе во стара чаршија и си утепале 3 саати. Супер си функционираат двајцата заедно ( ама без мене).
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
22.02.2012, 00:35
mamicki
1111
Da. Cesto go cuva, moram da go pofalam. Duri, koga imase 4 meseca morav da odam na sluzbeno patuvanje tri dena, toj go cuvase maloto sosema sam.
21.03.2012, 19:33
sitalia
192
mazot mi vika prvoto go cuvase do 6 meseci a posle se jas i vtorovo li taka ke go cuvame. Dodeka gi dojam decava samo jas stanuvam navecer, no koga ke pocnat da pijat adaptirano mleko toj stanuva navecer. Se pravi sto i jas sega i jadenje i gi presoblaka (mnogu loso gi oblaka dodusa ako ne mu ostavis obleka) no vo sekoj slucaj moze se da pravi so niv pa duri da gi cuva samostalno koga sum na pat. No ostanuva kupuvanje, peglanje, rucek pravenje i se ostanato na mene. No mislam deka sekoj den se poveke i poveke uci i se nadopolnuvame. Da ne ispadne samo falenje znae i mnogu da me iznervira.
21.03.2012, 19:45
mami 3.
60
mm cesto gi cuva site 3 deca,i koga e potrebno i koga ne e,ednostavno saka da bide sekoe slobodno vreme so niv,i koga treba da idam nekade on so zadovolstvo gi cuva
29.08.2012, 18:10
Barbicki2
434
a gi cuva,gi cuva,kako ne gi cuva,eve jas duri sum na rr,tie rasturile cd-na sto,se izvodenile,raspartarile,razgovara so niv kako so vozrasni,mnogu ubavo gi cuva,abe ke se utepam ic ne go biduvalo za so deca c c c c
09.09.2012, 11:51
Snowhite RR
5042
Еве како се чуваат со тато. Вчера јас заминав на работа, а тие да се заспиваат, е сега наместо тато да го заспие М, М го заспал тато, па си станал, си седнал на нокшир си се искакал и викнал Тато готово, и тато кога се штрекнал, станал и што ќе види, нокширот полн, го избришал, го облекол и така. Работава кој кого чува и кој кого заспива
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
11.09.2012, 13:58
vezilka RR
4931
ме изнасмеа значи..битно некој некого заспива работава. Кога сум на пат совршено се чуваат, не се ни чувствува дека не сум дома, ама пак кога сум дома, мажле се нешто е многу уморен и ми изврдава, хе хе..ама годинава што следи до нареден септември како гледам поише ќе бидам на пат него дома, па ќе се изначуваат
01.11.2012, 13:36
babyIskra
14
I mm se cuvaat i se preoblekuvaat i se hranat, nema problem e edino dur bese pomala za banjanjeto se imavme dogovoreno deka nemoze da ja banja sam seuste, demek mala e i strav mu e da ne mu padne iako pomagase. Ama pred nekoj den se vrakjam od rabota i gi gledam vo WC ja tusira (si vikam a znaci mozelo vaka :) ). Ako saka vtoro bogami i toa kako ke mora da pomaga. Inaku sum primetila deka povekje mu se raduva na nego dali deka ne pominuvaat tolku vreme zaedno ili nesto drugo e vo prasanje neznam, a na pr. sirup pie samo so nego i poveke nego go slusa . Apsolutno sum za toa deka roditelite treba da go cuvaat deteto a ne babi i dedovci, ako bile sposobni ke ragjale i na 50-60
01.11.2012, 21:03
SkCura77
430
ММ е одличен татко! Го чува, го игра, го пресоблака, му пее, го храни, ама све тоа претходно технички мама да го подготви (што му направи за јадење? кај има пелени и марамици? кај се играчките? ) и сл. Го обожава и ништо не му е тешко, зашто си го чекавме бебушко 7 години и све му е мерак. А кога ме породија со царски, ММ уште од првиот ден ми помагаше за све и делуваше како да исчувал 200 бебиња пред неговото, а знам дека немал никакво искуство со бебиња. Некојпат мажите имаат поголем -сенс- како треба некои работи да се завршат. Ама само некојпат...
01.11.2012, 21:09
Bethany
4534
И мм е супер татко. Се прави што и јас, освен што не му готви јадење и пореткоо го храни. Оти ако му тој дава главен оброк, малиот ќе остане гладен, тој на прво вртење со глава вика: ете , нејќе повеќе А десерти му дава Се сакаат тие двајца многу
01.11.2012, 21:15
AnnaMolly RR
6409
Да, го чува. Еве сега додека бев во продавница, додека измијам чинии и додека загреам млеко се чуваа. По едно 40 минути влегувам во соба и глетката беше следнава - тато оптегнат на тросед гледа телевизија, дете игра со даски (од кои требаше полици да направиме), кутии од двд-ја буквално од ѕид до ѕид, завесите откорнати, јорганот од спална на земја, 3 цели бисквити на земја и едно три-четири издробени на ламинат, во фиоката под бирото празна ќеса од бисквити
Шала на страна, го чува. Особено сега откако е поголем, знае да каже што сака, што не сака. Во последно време ептен е поврзан со татко му, дури и завчера станува од спиење ми вика „Мамо, го сонував тато“
_____________________________
Live and let live
01.11.2012, 21:23
@Mila@
471
Go cuva koga ke mu kazam da go cuva i koga ke mu nacrtam sto da pravi, a ako go ostavam sam bez instrukcii definitivno ke zaboravi neshto ili ke napravi nekoj kiks.A demek koga ne sum bila tuka bolje bilo zs ne go gledam sto pravi i kako se izlezva da detevo kenka okolu nego.Zatoa mama e tuka da mu pomogne na tato so instrukcii i site happy :)
01.11.2012, 21:24
kikicka
4218
Ова со ете нејќе и кај нас иста приказна. Одма се откажува. Инаку за чување ја чува.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany
И мм е супер татко. Се прави што и јас, освен што не му готви јадење и пореткоо го храни. Оти ако му тој дава главен оброк, малиот ќе остане гладен, тој на прво вртење со глава вика: ете , нејќе повеќе А десерти му дава Се сакаат тие двајца многу
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
02.11.2012, 14:50
Andriance
2140
Јас морам да признаам дека грев е да се пожалам од мм...се што правам јас, прави и тој..буквално..само што јас кај јадењето сум поупорна..да не речам некогаш досадна...ахахахха
ама па сите мајки сме такви и не можеме да ги окривиме татковците дека не се трудат
успешно се заспиваат, јадат шетаат играат...биле заедно и цел ден...му прави и јадење што ми е најбитно..
така да ја имам палци горе за мм
_____________________________
Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!
02.11.2012, 15:12
Fiao
771
Богами навистина е грев да се пожалиш, јас сум сведок . Убава тема, шала на страна и јас не би смеела да се жалам, Ангелина прави се со тато, што прави и со мама. тато прави и ручек, и знае да ја занимава и да ја нарани и да ја избања и се останато, а најдобро од се - менува пелени! Па не за џабе освоивме прво место на трката за татковци во пресоблекување пелени на бебе саем
ИЗВОРНА ПОРАКА: Andriance RR
Јас морам да признаам дека грев е да се пожалам од мм...се што правам јас, прави и тој..буквално..само што јас кај јадењето сум поупорна..да не речам некогаш досадна...ахахахха
ама па сите мајки сме такви и не можеме да ги окривиме татковците дека не се трудат
успешно се заспиваат, јадат шетаат играат...биле заедно и цел ден...му прави и јадење што ми е најбитно..
така да ја имам палци горе за мм
< Поракaта ја уредил Fiao RR -- 2.11.2012 15:20:34 >
02.11.2012, 19:08
meU87
454
И нас тато не чува, не пресоблекува, ни дава чајче , не заспива и се што е потребно. Единствено цице нема , а и потешко се буди навечер, никогаш не не слуша, освен ако не го разбудиме за да донесе млекце или да ја подржи за да ждригне, за мама да не губи време и да тркне до вц, оти нели спиењето е злато моментално
03.11.2012, 10:08
mmbucko
363
Hahahahaha se iznasmeav do solzi. Sega mu ja citam rublikava na mm, kao cuvaat li mazi deca ili ne i on onaka mrtov laden me gleda i vika "pa ke cuvaat koa praele, e ne!!!!" Inaku mm e taticko za merak. Ama bas se delime okolu obvrskite so decata. Uste i cicka da imase ama bas ke bese :))))))
26.11.2013, 10:39
Mihaela 2010
4230
za vikendov mozam da go pofalam mm bidejki 90 posto bese so M i si igraa celo vreme,i za prvpat neznam po kolku vreme jas uzivav i odmarav uz kniga...posto skoro sekoj den posle rabota ide na casovi,se zapisa na postdiplomski i kasno doaga pa da si nadoknadi...taka da meram mi se pravese
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
26.11.2013, 21:18
bucko mal
1431
Go cuva,se sto pravam jas,pravi I tato.Samo sto ne mu gotvi jadenje I go hrani saat vreme.Jadenjeto mu ispopadnalo na site strani Koga izlagam mu kazuvam sto da mu dade rucek,uzinka.Ednas zaboraviv da mu izvadam gotova kasicka za rucek I on mu dal kasicka so zitarici I ovosje a ne zelencukova. Koga doajgam go prasuvam kakva kasicka jadese M?on mi vika neznam,vidi ja teglickata sto ja isfrliv Of boze,znae da napravi po nekoj vakov gaf.
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
27.11.2013, 08:53
mommy_angels RR
1543
Чува и тоа како. Кога мама е попладне на работа се чуваат. Првото бањање кога си дојдовме дома беше со тато. Се прави освен готвење,ама понекогаш ако треба и ќе принаправи нешто да ручкаат заедно Добар е тој,какви ги има мојов е супер
< Поракaта ја уредил mommy_angels RR -- 27.11.2013 8:55:11 >
27.11.2013, 13:54
Felly RR
7977
mommy_angels RR, па наши си се, ќе ги фалиме, ами како ДОбар е и мојов, се чуваат. ВО последно време, дури знам и да дремнам пола саат дури тие се занимаваат со коцки.
ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal RR
Ednas zaboraviv da mu izvadam gotova kasicka za rucek I on mu dal kasicka so zitarici I ovosje a ne zelencukova. Koga doajgam go prasuvam kakva kasicka jadese M?on mi vika neznam,vidi ja teglickata sto ja isfrliv
Важно не го оставил гладен, тоа е битно.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
27.11.2013, 14:38
vezilka RR
4931
До пред некое време беше вака..совршено се чуваат додека јас сум на пат, дури не се ни чувствуваше дека мене ме немало. Детето најадено, наспано и средено, и задоволно. Кога бев дома, некако по дифолт, се знаеше дека јас го ранам, јас го пресоблакам, јас го заспивам и слично. Само за бањање од бебе заедно го правиме тоа. Е некако јас си реков, не бива така, и почнав да му препуштам некои обврски на тато, и сега за викенд кога тато е дома, тој го облекува сабајле, секоја вечер, тој му спрема вечера, го спрема за спиење и го заспива. До тука сме стигнати, хе, хе. Намерно не го споменувам делот кога си играат, оти тоа не дека не спаѓа во чување, ама некако порадо за тоа се определуваше мажле отколку за другиве работи. Ајде да речеме дека сега некако сме блиску до рамномерно чување.
27.11.2013, 17:42
sandriana RR
2924
Бидејки ние сме голема фамилија по дома, тате вешто ги препушта обврските околу Т кога јас не сум дома. Ептен за играње или шетање по кафиќи се ујдисани, а и за бањање, ама бањањето им е заедничка активност од скоро време, од летово. Ама вистинските обврски - преслекување, хранење - остануваат само кога мора, кога навистина нема кој.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
30.11.2013, 08:49
Mihaela 2010
4230
Ete go denot koga tato e doma so kerkickata i treba da pominat 8 casa bez mene....do sega dva pati mi se javi sakal da odi do prodavnica a taa ne sakala gledala dora i mu rekla odi bez mene jas sama ke si sedam ,i toj mi se javuva za toa....vikam dal si ti normalen sama da ja ostavas??? ne deka prodavnicava e daleku ama pak 3 ipol godisno dete e...e aj sega na raat ke sedam na rabota...pih
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.