за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
и моите се чуваат секојдневно. Ние сме сами и двајцата сме пола-пола со синчето.
Михаела, пред некој ден не бев дома, мм беше со синчето, и кога дојдов ми кажуваа дека отидел до продавница (долу во зградата ни е), и јас го прашувам: а Ј го остави дома? и така избезумена. И тој ладен ми одговара: да, па јас му кажав да седне на кревет, да гледа цртани, јас одам до продавница, и тој седеше и го чекаше така. Вистина дека му требаа две минути до продавницата, ама сепак не знаев што да речам, бев шокирана.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
30.11.2013, 10:37
Mihaela 2010
4230
Ne bre tie ne razmisluvaat ko nas...se im e pa dobro de,pa sto ima vrska i tn... neznam i mene postapkava ne mi se dopadna i na 10 min samo gi baram na mob da vidam so pravat
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
30.11.2013, 10:55
deluxe
2479
Ги чува Да!! но не од што тој изразил желба,туку од што мора Ама со мене помирни се,него на глава му седнуваат
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
30.11.2013, 14:41
elenak
2004
Ја чува кога мора, ама ако има слободна опција баба-дедо се користи одма. Или ја остава кај нив или и тој оди таму, па што друго да помислам освен дека им е досадно без мене дома. Инаку знае и да ја пресоблече и да и зготви, да ја заспие, се шетаат... А бањањето е негова обврска уште од раѓање, јас само помагам.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
30.11.2013, 14:46
elenak
2004
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR
и моите се чуваат секојдневно. Ние сме сами и двајцата сме пола-пола со синчето.
Михаела, пред некој ден не бев дома, мм беше со синчето, и кога дојдов ми кажуваа дека отидел до продавница (долу во зградата ни е), и јас го прашувам: а Ј го остави дома? и така избезумена. И тој ладен ми одговара: да, па јас му кажав да седне на кревет, да гледа цртани, јас одам до продавница, и тој седеше и го чекаше така. Вистина дека му требаа две минути до продавницата, ама сепак не знаев што да речам, бев шокирана.
Ауу Бетани и јас би била шокирана, среќа што мм па за тие работи е далеку попретпазлив и од мене. Нас ни е продавницата во двор ама никогаш не сум се симнала без неа, дури во вц кога одам оставам врата отворена додека таа седи во столче врзана и гледа цртани. Не знам, не и верувам уште, сакам да ми е пред очи стално, некогаш секунда може да биде пресудна.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
30.11.2013, 15:28
Bethany
4534
Ние си го познаваме детето, не прави бељи, многу е разбран. Јас повеќе се плашам дека скокајќи ќе се удри од масиче или слично, а во станот нема што да направи дури и да сака, а и станот е безбеден. Ама сепак и покрај таа доверба што ја имам во него, не би го оставила сам, не уште. Мада колку пати јас се туширам, и ми се оставена враттаа од купатилото отворена, ама јас не го гледам во дневна, и пак исто ми доаѓа. Затоа само се шокирав и не го карав мм А познавајќи го мм кој ме некогаш нервира со тоа што претерано е претпазлив некаде надвор или во друштвото со другите поголеми деца, говорејќи им да внимават на него, да пазат да не го удрат и сл. некогаш ми дојде непријатно, па затоа уште повеќе се шокирав.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
30.11.2013, 15:28
Martins mom
3342
Мм беше најнеодговорниот татко се’ дури не се роди малата принцеза. Сега тато некако ни е сменет. Најчесто доцна се враќа од работа, ама кога е дома, седнува да игра со Мартин, го преслекува и го заспива. И тоа е супер во споредба со она ништо! Пројавува и интерес да ја подржи малата. Работите одат кон подобро
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
30.11.2013, 22:08
zzaa
884
Ја чува, и добро се снаогат.Кога јас не сум дома цел стан го вртат на опаку за 2 минути , се и дозволено од тато таа му е слаба страна. Ако имам нешто работа по дома ке ја заигра, ке ја преоблече, ја успива,се што прави мама прави и тато.
Михаил повеќе го чуваше, сега Ј некако не толку, додуша и немало баш потреба некоја, обично кога треба да ја чува некој тоа е обично бабите кога сум на работа или кога заедно со мм излегуваме, а за М беше друго зашто одев втора смена на работа, а тој одеше прва, плус јас и за викенди често работев и така мораше да го чува, а Ј дали пет пати ја има преслечено и 2-3 пати заспано, а јадење па ниту и направил, ниту ја наранил
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
08.01.2014, 06:32
bucko mal
1431
M go cuvashe tatko mu po 2,3 saati na den.Ama bea doma i nekako ubavo pominuvaa.Arno ama sega koga pocna vo gradinka prvite dva dena,mm go spremashe noseshe vo gradinka i posle se cuvaa do 15:30 dodeka dojdam jas. Lele zeni moram da go citiram:Uste kafeto ne ispieno M stana,pa go spremav i pred da izlezeme mi se pokaka.Ama ti ne znaesh kolku beshe kakan(neznam jas neli) Koga si dojdovme doma mu se spie,a F saka da rucame jas nemozam salata da napravam abe zeno ludnica. I taka jas slatko se iznasmeav jas neznam kako izgleda toa hehehehe dobro mu vikam stom detevo saka vo gradinka jas ke go nosam ti idi raboti,mislam taka e najpametno
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
09.01.2014, 00:14
Defne90 RR
1991
Pogolemiot po ne go cuvase jas postojano si bev so nego,eventualno babite go cuvaa koga sum odela nekade so mm no mnogu retko toa.M duri i placese koga maz mi ke go zemese.Sega otkoga se porodiv so vtorovo mm go cuva M a jas go cuvam A deka e pomal i polesno mozam da se spravam.No ponekogas koga treba da otidam nekade kako prethodniot pat koga so M otidovme na rodenden go ostaviv maz mi so A i celo vreme se cuvale i si igrale i boigami super se soglasuvaat isto kako i so M.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
11.08.2014, 09:42
Mila mamicka
387
Го чува, и тоа можам слободно да кажам дури повнимателно од мене. Колку време и да е потребно, ќе го чува син ми, ќе му даде и да јаде, и сокче ќе му направи, и ќе го пресоблече и се друго што треба.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
13.09.2014, 18:12
Dilina
533
Сега за сега ја причувува на 30мин, но тоа додека да завршам нешто работа по дома, знае да и смени пелена да ја пресоблече да ми помогне со бањање кога е дома обавезно, кога шетаме заедно не се дели од количката и така хехе. Но знам дека без проблем ќе ја чува кога ќе тргнам на работа и по цел ден, зошто тој е дома од сабајле а јас навечер и така од сабајле ќе мора.. но бидејки работи со деца знам дека ќе немаат никаков проблем. Сега малата како почна да се смее мн се радува на татко и.. дури повеќе од што се радува на мене
13.09.2014, 21:22
vezilka RR
4931
Ги чува не би требало да се жалам, но не да знае да напраи некоја глупост. Прееска на малото после саат ипол у дал од ад млекото ори плачело и тоа во истото неизмиено шише. Бог да чува.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
13.09.2014, 21:37
Melanija RR
7052
Само на него можат да го оставам без грижа.Чување,играње,менување пелени,ранење,тој го бања јас го држам Треба потсетник знае без цуцка или чај да го изнесе,нешто да заборави ама ништо страшно.Единствено проблем е заспивањето премногу му е слабост па не му успева
< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 13.9.2014 21:50:51 >
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
14.09.2014, 11:00
ikki
224
Ќерката ја чува повеќе, дали дека е поголема па си ја носи кај и да иде незнам, ама синчево ептен ретко го чува. И кога ќе му речам да ги прчува двајцата како да сум му рекла оди истрчај маратон. Еве чудо сега ги зема и двајцата да ги прошета без јас да му кажам.
14.09.2014, 15:36
mommy_angels RR
1543
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Ги чува не би требало да се жалам, но не да знае да напраи некоја глупост. Прееска на малото после саат ипол у дал од ад млекото ори плачело и тоа во истото неизмиено шише. Бог да чува.
Istoto bi go kazala i jas,a ova za glupostite,nisto novo.Vcera na primer,otisle vo komsii i koga detevo go napadnalo ostatokot od rucekot na komsiite,mm se setil deka zaboravil da i dade rucek
14.09.2014, 15:58
Lacrymosa
255
Додека беше мала ќе му ја оставев пример 15 мин и ќе ме бараше на моб: ПЛАЧЕЕЕ. додека не се испокарав дека треба да ја смири и дека и мене ми плаче. Сега се чуваат и се учат на глупости. идам пред некој ден дома тие двајцата се учеле како прави магарето.. цела куќа ечи тие двајца рикаат како магариња... единствено што не сака е да менува пелена бидејќи му било страв да не ја повреди бла бла бла
14.09.2014, 18:10
Felly RR
7977
Ја чуваше уште бебе кога беше, а сега бидејќи е и поголема, и ептен е полесно за било кого да ја чува. Учат заедно, си играат, ручкаат, а кога се сами никако не се караат. М знае многу добро и да се умилкува кога е сама со некој, и тогаш тато и е прв другар, а кога сум јас дома, тој е прв непријател.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.