cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Необични комбинации на храна

clock-img

11.03.2013, 16:23

clock-img

Fiao

pencil-img

771

Ауууу најубава комбинација палачинки, домашен мармалад од сливи и сирење м м м user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: Calypso

Немам некоја особена комбинација, ама знам да јадам палачинки со домашен мармалад од сливи и сирење. Исто и леб јадам така, со чај. Ми остана од мала, татко ми секогаш така јадеше, уште јаде, и мене ми стана навика. А син ми нема некои особени комбинации, што му дадам тоа ќе јадеuser posted image


clock-img

11.03.2013, 16:27

clock-img

niki

pencil-img

4299


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Сега единствено нешто што ми текнува е салатата со шеќер, специјалитет на свеки.
Свежа зелка ситно сечкана, магдонос и рендан морков, нормално оцет, сол и зејтин плус полна мала лажица шеќер, ама полна до врв!
Неверојатен шмек има салатата и да не знаете дека има шеќер НИКОГАШ не би претпоставиле дека е до тоа.



slicna salata pravam i jas
zelka i morkov vo preliv od ocet, maslinovo maslo, kiselo mleko majonez i seker
so mm ja obozavame

jadam i grozje so sirenje i leb, lubenica sirenje i leb, obozavam

isto taka mnogu mi se dopaga rokfor sirenje i cokolada


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

11.03.2013, 17:00

clock-img

Hunny

pencil-img

626

Не експериментирам многу. Единствено смоки со јогурт, ама па и тоа не ми е толку необично.

clock-img

11.03.2013, 19:22

clock-img

Maca25

pencil-img

7558


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Сега единствено нешто што ми текнува е салатата со шеќер, специјалитет на свеки.
Свежа зелка ситно сечкана, магдонос и рендан морков, нормално оцет, сол и зејтин плус полна мала лажица шеќер, ама полна до врв!
Неверојатен шмек има салатата и да не знаете дека има шеќер НИКОГАШ не би претпоставиле дека е до тоа.



Јас со шеќер секогаш правам дресинг за зелена салата - малце маслиново масло, балсамико, сол, бибер, шеќер и сенф. Пробајте!! Дури и Н го јаде ова со салата.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

18.03.2013, 16:45

clock-img

hopeless

pencil-img

529

Јас јадам леб намачкан со маргарин, мармалад од сливи, домашен и сирење и баш ми е убаво.user posted image
Читам погоре сте јаделе мармалад и сирење со палачинки, тоа не сум пробала ама ќе пробам

clock-img

18.03.2013, 21:08

clock-img

meU87

pencil-img

454

Неодамна јадев салата од јаболка, праз, мајонез, морков и уште нешто имаше но не памтам што... не звучи примамливо но искрена да бидам беше вкусно, а посебно убаво оди со скара и е освежително user posted image

Последни статии

article-img