cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Справување со нејадењето

  
clock-img

09.05.2011, 23:20

clock-img

Palce

pencil-img

123

Мајкичкиии здраво..
Ве молам за помош.. Едно време ви пишував дека ќерка ми не јаде,ама сега е алармантна ситуацијата...Јас незнам што и стана...КОга ќе ја види лажичката бега како од огин и почнува одма да плаче,да изведува бесни глисти...Порано некако ќе ја залажев со милион играчки и цртани а сега буквално ништо не ја интересира и не сака да јаде..Еве веќе повеќе од две недели е само на млеко со житарици,во млекото и ставам житарици и само тоа пие и по малку вода..Сок не сака да види,а се друго кога ќе и доближам до уста бега..Значи воопшто не сака да проба за да види дали и се свиѓа или не...одма се трга...Ве молам помогнете ми со некој совет...незнам веќе што да направам,нема ваљда од млеко само да живее...Инаку има година ипол и голема е само за млеко..А исто така што ни е голем проблем е што сеуште ме џвака user posted image
Ве молам за некој совет,очајна сум user posted image
Фала ви и поздрав

clock-img

09.05.2011, 23:35

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Мила Палче, нејадењето е проблем. Јас кога ќе видам дека ќерка ми одбива да го јаде нејзиното омилено јадење одма проверувам грло, да не е црвено. Ако се е ок и е здрава, а пак не сака да јаде, тогаш го оставам јадењето пред неа и ја оставам сама да ја фати лажичката и да касне малце. Сите деца се љубопитни и секое ќе сака да види што е тоа, како се јаде со лажичката....пробај вака. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

09.05.2011, 23:36

clock-img

strelec 1982

pencil-img

70

Obicno koga im ispagaat zapcinja ne jadat odbivaat hrna ili ako hemoglobinot i e slab moze i od toa da se gubi apetit.moj sovet e da ja proverite krvnata slika ako ja nemate poodamna provereno.Inaku postepeno mora sa se uci da zvaka najprvo banana iseckana na krukcinjasama so raceto da si zema ili pak reznjinja jabolkce pa kroasana so kremce obicno ja jadat decata meka e za zvakanje i taka e toplo vrmeto ke ja sednes vo kolicka ili tocace ke ja setkas i da jade ili na tarasa vo dvorot ke si stoite ke si gleda nadvor i ke ja lazes mora da se nauci malku po malku ke se navikne samo smireno.Site pominale niz toj period so decata.

clock-img

09.05.2011, 23:47

clock-img

Palce

pencil-img

123

Маца25 ти благодарам за советот,ама тоа веќе го имам испробано...Значи и го оставам тањирчето пред неа,си викам ај да проба сама,ама нема шанси...Значи само си игра со лажичката,на крај само ќе почне да брца со рацете во храната и буквално цела лом ќе се направи и пак ништо...Она буквално не е заинтересирана за храна,ќе пукнам од нервоза..плус многу е слаба,не е мрдната со килажата,како од Етиопија да е...
Стрелец фала ти и на тебе за советите,крвна слика и правев во месец март и хемоглобинот и беше добар...А што се однесува до џвакањето имам пробано и тоа што ми викаш...Значи и давам сецкана банана,јаболче...абе не сака ништо,не сака ни да ги помириса а не да ги јаде...Ќе и го ставам кругчето банана во раче и само ќе го изгњави и ќе го фрли..Стварно веќе незнам што да направам...И надвор сум и давала да јаде,абе никако,одма ја врти главата...А млеко кога ќе ја прашам дали сака да пие,одма ми вика да...Ама се живее ли само од млеко????Неможам да сватам зошто децава не сакаат да јадат...Еден ден толку многу се изнервирав што ја оставив цел ден на вода,мислејќи дека ќе огладне и дека ќе почне да јаде...Безуспешна мисија за жал user posted image

clock-img

10.05.2011, 11:56

clock-img

strelec 1982

pencil-img

70

Bas mi e zal.Uste da ti preporacam da i kupis od viteminskite surupi za apetip moze ke ima koris od toa.Eve jas na sinot mu go davam veke eden mesec Multivitanol na DR.Tajs apetitot mu se podobri poveke jade po edno lazice na den od toj sirup i po edno vitamin C za deca mu davam.Stvarno probaj so toj sirup.

clock-img

10.05.2011, 12:11

clock-img

zapce

pencil-img

361

Palce, i moeto since eden period taka odbivase da jade od lazicka pa probuvav da mu davam samo lepce, maknato so mandzicka, ili puter, krem sir dodeka ne mu se vospistavi redot na jadenje, znaci kaj mene odbivase samo od lazicka i sakase da jade lepce pa ponekogas i sam si cepkase samo suvo lepce. Mozes da probas da mu spremis zalacinja i samo da si gi zema. 

_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

clock-img

10.05.2011, 16:43

clock-img

oliva

pencil-img

234

ednostavno nekoi deca apsolutno ne se zainteresirani za hrana ama bas za nikakva,jas go imam problemot so nejadenje i znam kako izgleda,i nie se hranime samo so crtani i igracki,inaku i jas go imam ostaveno bez nistoo i detevo pak ne jade i po dolgo vreme bez hrana,mojot pa i mleko nesaka,najlesno mozam da go naranam samo so jogurt,veruvam deka golem problem e hranenjeto kaj vas palce a za sovet neznam zasto i samata neznam sto da primenam

clock-img

11.05.2011, 13:43

clock-img

Palce

pencil-img

123

Мајкички ви благодарам за одговорите...Ама се имам пробано...стрелец и давам и витамински сирупи и б-комлекс и витамин ц...абе неќе и неќе...Запче ,а за лебче кога ќе и дадам, го зима и сама си чепка ама тоа не е јадење,ќе чепне неколку пати,ќе бутне во уста и после го остава...Уф ќе пукнам од нервоза,незнам што да се прави....Почна ли твоето сега да јаде??
Олива го знам и твојот проблем,незнам што да кажам,ужас ни се децава....Ни овошје ни зеленчук,само млеко...Незнам веќе како да постапам..Дали да ја оставам некој период само на млеко па ако треба и цел месец или пак секој ден да ја молам,ама така па да не створи поголема одбивност...незнам,немам памет веќе што да направам...И што и да и доближам до уста,само бега...ако лапне нешто и не и се бендисува одма го повраќа...user posted image user posted image user posted image

clock-img

11.05.2011, 15:43

clock-img

annie

pencil-img

187

уф колку е само тоа тешко нели?!да трчаш цел ден по него со лажичето и тањирчето.....да измислуваш разно разни игри само малку да касне....јас овој проблем го имав со моето второ дете абе по цел ден само млеко со ориз или бисквити,така се хранеше до неговата 4 година.сега има скоро 7 години и пак е исто кога не сака,не сака ...ако не добие тоа што му текнало во моментот(најчесто мармалад) рачунај дека е во состојба со неговото цимолење и молење да те натера да сакаш да излезеш од кожа!!!

clock-img

11.05.2011, 15:47

clock-img

anedespo

pencil-img

940

Mnogu e bitno i dali pijat ovosni sokovi koi moze da gi zasituvaat pa da ne mozat da jadat. I neka imaat 5 obroci(3 glavni i 2 uzinki) , da ne potkasnuvaat na pola saat. E sega sekogas ne moraat da gi jadat moite mandzi, megjutoa gledam da e zdrava zamena (mleko so biskviti, cokolino, puter na leb, tost) a ne gricki.

clock-img

11.05.2011, 16:16

clock-img

mama26

pencil-img

3977

ИЗВОРНА ПОРАКА: anedespo

E sega sekogas ne moraat da gi jadat moite mandzi, megjutoa gledam da e zdrava zamena (mleko so biskviti, cokolino, puter na leb, tost) a ne gricki.

se slozuvam user posted image


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

clock-img

13.05.2011, 07:33

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Внука ми е ваква, како што опишува Палче. Има три години и пие три шишиња млеко во ден и ништо друго не јаде. Може само чоколадо да касне некоја коцка. Моли коли, ништо живо не помага. Маки мачат мајка ми и сестра ми user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

15.05.2011, 08:40

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Палче па давај и само млеко нека пие, не ја моли со ништо друго, па можи ќе и здосади млекото еден ден и сама ќе посака нешто друго да јаде. Не знам колку е добар совет, ама мораш се да пробаш

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

15.05.2011, 15:13

clock-img

Palce

pencil-img

123

Здравооо на сите...
Ете ме мене пак..Ви благодарам на сите за одговорите...Веќе се пробав ама моево дете не сака да јаде...Најверојатно води некој инат,така ми изгледа работава...КОга случајно ќе ја допрам со лажичето со храна до устата ќе и остане измачкано и ќе земе ќе си го излиже..Значи гладна е,ама не јаде од инат,незнам што да кажам....Snowhite сега само млеко и давам зошто останав без живци веќе и неможам да ја молам...Вчера пак ја седнав во столчето и направив попара со кисело млекце и одвај и бутнав со тешки маки 4-5 лажичиња и толку,и после пак и дадов млеко...Ми е страв крвта да не и ослабе веќе..Сакав да ве прашам несшо..Ми кажаа дека некои родители што почнале млеч да им даваат на децата овие почнале да јадат,демек отварал многу апетит...Дали знаете од кога смеам да и давам млеч??Она е сега година ипол,мада мед уште и немам дадено,а и давам само едно житарици од Нестле што се во мед,и ги ставам во млекото...
Поздравчиња најголеми

clock-img

15.05.2011, 16:40

clock-img

Lokica1

pencil-img

131

Draga palce, go imame istiot problem, pogore mozes da go sretnes mojot post ...mozam da kazam deka bese samo na mleko mesec vreme nesakase nisto da jade, sum se raduvala i na 5-6 zalcinja koga ke kasne. Ampuli maticen mlec imas vo aptekite i se 75 den, jas i davav ampula maticen mlec so aronija, imase malo podobruvanje, pocnav vo mlekoto da i stavam Bcomplex granuli i misalm eka najveke mi pomognaa, i sega ne jade kojznae kolku, no barem imame 2 obroka dnevno, plus mleko. Mlekoto stvara anemija, i toa isto e edna od pricinite sto nesakaat da jadat, sega na kerkami i rasnat zapcinja, i imase zagnoeni krajnici, povtorno jade so zivi maki no ima podobruvanje. Samo ke te sovetuvam da ne gubis trpenie i da ne ja ranes na sila bidejki se stvra uste pogolema odbivnost.

clock-img

16.05.2011, 08:26

clock-img

anedespo

pencil-img

940

Maticen mlec ne se dava na deca pod 10 godini. Informacija direktno od profesor po pcelarstvo na Fakultet.

clock-img

16.05.2011, 09:08

clock-img

Lokica1

pencil-img

131

da no na ovie ampuli pisuva junior, i se specialno preraboteni za deca, vo aptekite gi preporacuvaat pa neznam.

clock-img

16.05.2011, 16:22

clock-img

Palce

pencil-img

123

Локица и давам и б-комплекс еве веќе подолго време ама не сака да слушне да јаде...Фала ти за информацијата за млечот,ќе се распрашам и кја матичната докторка...Се мислам да не и давам млеко деновиве,само еднаш во денот кога заспива попладне и еднаш пред спиење,а измеѓу ако јаде,јаде,ако не да свати дека нема да добие млеко...Незнам веќе што да се прави,жива нервоза..Планирам во петок да ја носам да и вадам крв да и ја видам крвната слика,и мене ме плаши тоа дека е само на млеко па да не и ослабе крвта...Незнам веќе како да ја залажам...user posted image

clock-img

16.05.2011, 19:29

clock-img

anedespo

pencil-img

940

ИЗВОРНА ПОРАКА: Lokica1

da no na ovie ampuli pisuva junior, i se specialno preraboteni za deca, vo aptekite gi preporacuvaat pa neznam.



Da , ama ima razlika od dete 1 godina i dete od 10 godini.

clock-img

17.05.2011, 11:32

clock-img

Octavia

pencil-img

617

Матичниот млеч не е за деца помали од 3 години, над 3 години е дозволено. Од ампулите за возрасни на децата им се дава по половина ампула. Јас му давав на малиот од 5 години по 1/3 ампула, од 7-8 години по 1/2 и имаше многу добар ефект кај него (И за имунитетот и за јадењето).
Другарки ми се фалат дека давањето колострум многу им го зголемило апетитот на дечињата. Ние пробавме и тоа, ама не забележав некоја драстична промена.

clock-img

17.05.2011, 11:38

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Јас почнав да и давам на ќерка ми Бекомплекс гранули, 2 пати на ден, и забележувам дека има поголем апетит. Сака повеќе да јаде него да пие сокчиња. Овошје, зеленчук, манџи, супи...немаме мака со ништо.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

17.05.2011, 23:48

clock-img

baby mama

pencil-img

679

Moevo e zivo nenajadeno user posted image .A bre non stop mu se jade,pu pu dosega nemam problem so jadenjeto.A ne vidi deka rucame, a samo sto jadela eve ja do nas,A bre dusa moja nenajadena. Kako tatko i e,gurman user posted image  

_____________________________

Always kiss your children goodnight - even if they''re already asleep.

clock-img

18.05.2011, 09:12

clock-img

anedespo

pencil-img

940

Moeto pogolemoto od 6 godini e ziv problem za jadenje. Od mal bese da go molis da jade. Megjutoa pred 3 nedeli mu gi operiravme krajnicite i vidi cudo: Ivan pocna da jade ubavo. Mu se otvori diznata i ne mozam da go navasam so jadenje sega user posted image user posted image user posted image  

clock-img

30.05.2011, 16:05

clock-img

dostickage

pencil-img

2181

Zdr Palce.I jas imam edno takvo sto od koga e rodeno(a  rodeno e pred vreme vo 8-mi mesec) ne jade i dusata mi ja izvadi so toa nejadenje.Mene mi pomogna slednovo:Vitaminski kapki BabyVit na Health Aid-propisana doza spored vozrasta nasabajle vo mlekoto ili duri i pred da i go dades mlekoto uste podobro.Se e vo red ,so toa sto efektite kaj nas pocnaa otkako go ispivme ednoto sisence sto znaci posle okolu mesec dena.Sega jade nesto podobro.Ne e kako drugite deca sto otvaraat usta za jadenje i sto baraat  jadenje ama se trpi vaka.Inace kaj nas isto uspeva koga go sednuvame vo hranilka da jade so nas vo kujna na masa.TOTALNO GO IGNORIRAME,ne go lazeme ,ne mu zborime tuku naprotiv si pravime muabet jas i maz mi a nemu demek uz pat mu davame po nekoja lazica.Na kraj kje vidime deka se ni izel.Vo pocetokot se buntuvase,tropase i pravese se za da u obrneme vnimanie ama nie uporno go ignoriravme i ni uspea na kraj pupupu da ne se podrecam :))))Mislam strasno e koga kje se setam deka od inaet ne jadese i sto e najtragicno tolku se protivese na toa sto i da uspeevme da mu pikneme edna lazicka od jadenjeto on od inat na drzese vo usta ili ja povrakjase niz nos.Klasicen haos.Milion goktori i milion lugje prasavme za toa.Msilam deka samo strplivost i smirenost kje te dovedat do rezultat.Mislam deka sirupot n a Dr Taiss e ok samo mislam deka treba da pomine vreme i da ispie dve tri sisenca pa posle da pojavi apetit.

Se nadevam deka ti pomognav,pa pisi bas me interesira sto ste napravile.

clock-img

31.05.2011, 22:52

clock-img

Palce

pencil-img

123

Zdravooo dostickage...

Ti blagodaram za sovetot..Od toj sirup ednas i dadov dodeka bese bebe i mi se nafrla,imase urtikarija...Da ti kazam sega mi e strav pak da i davam od toa sirpce..Abe sto ne sum i dala do sega i nema nikakov efekt...Dodeka ne razbirase uspevav nekako da ja naranam,a sega me butka,razbira i nema sansi..Uste e samo na mleko,ke poludam,nisto ne saka drugo...I nie ja stavame do nas koga jademe ama pak ne jade,jas probuvam da i butnam vo usta ama nema sansi,plus i uste ne dzvaka pa nemozam nisto da i butnam vo usta,moram so lazicka,ama lazickata ne saka da ja vidi...Ke go probam tvojot sovet da ja ignorirame..Inaku kako sto pisuvas i ti,sega ne jade od inat....Bukvalno vodi inat...Mi se smaci vekje da ti kazam,i veke pocnav da otrpnuvam,koska i koza e...Inace i moeto e predvreme rodeno,ama bajagi pred vreme na 6 meseci i 13 dena....Neznam sto ke se pravi,sekoj den razmisluvam sto i kako da napravam,ama sto i da probam se e bezuspesno...Inaku od pred izvesen period proba smoki i a gi vidi bara da i dadam...Jas porano mnogu se protivev na smokite,ama sega koga gledam deka nisto neke da jade i davam i smoki...Uzas...ama podobro nesto otkolku nisto...Inaku sto vikas treba strplivost,toa go znam,ama veke i strplivosta ja izgubiv...koga ke mi se spojat zickite e veke strasno...Ama nema posilno e od mene,trpam,trpam ama na kraj ke puknam...Ete toa e toa...A kolku e golemo sega tvoeto detence??Se nadevam deka eden den ke projade,ama koga e prasanjeto....Ufffff

Последни статии

article-img