Се слагам со блу-блу, мојов ѕвер има 14 заби и НЕ ЗНАЕ да џвака, значи, не знае!!! Приметив и дека забите многу бавно му избиваат, нормално, нема со што да ги поттикне... не сака блендирана храна, он сака таман за лапни-голтни, и на пр. ако варам месо, морков, брокула, нив ги блендирам и во нив ставам леб за да не е мазно... а ориз на пр да му дадам, се дави. Исто забележав дека он е научен ако му се даде со лажица,под дифолт голта, ако му се даде сув залак, го врти низ уста, ама не го џвака... јаболко рендано, банана гмечена... леб од бебе му давав не зема да гризе и не зема!!! Има 2 год и 2 месеци и уште нит гризе, нит џвака!!! Не можам против тоа, секојдневно се трудам, ама детево ко којзнае што да си му напраил ако му смениш состав на оброкот!!!
Кога го прашав педијатарот за овој проблем ми рече „само ќе му дојде, не го силувај да не створиш контраефект во исхраната, нема да ти јаде како што треба, ќе има одбивност кон одредена храна“ ... мм го има тој проблем, ако има врска генетика, готова сум!!!
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!