cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам...

clock-img

11.08.2013, 09:42

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

lb81 позната ми е твојата мака со јадењето.
Еве и син ми е веќе две години, овошјето не џвака, свеж зеленчук ма нема шанси во рака да го земе. Јадеше банана, гризеше, сега и тоа нејќе, бодеше со вилушка јагоди, после тоа и тоа нејќе и се така. А да му изблендирам што и да сакам од овошје се ќе изеде.
А ако би јадел во парчиња, ќе изеде две-три и толку.
Леб не јаде, ништо мачкано на лепче. Поточно јадеше, сега и тоа нејќе, ама си викам како му дојде да нејќе, белки ќе дојде и да сака user posted image
Месото му сецкам ситно, така манџички јаде, во моментов ги сака, а имаше периоди кога со сила јадеше.
И така, многу е периодичен.

А твоето синче ми изгледа едноставно не му се допаѓаат зеленчукови оброци штом ти така прави, а друго може да џвака.
Јас пример кога нејќе нешто да јаде, кога му тешко оди, му ставам малку кисело млеко, пример во мусаката, бидејќи порано се гадеше на текстурата на мелено месо, сега е подобро ама сепак...
Син ми не сака суви храни, не сака лепливо да е, веднаш му доаѓа нагон на повраќање. Захтевен е, ама тоа е, си прифатив, од бебе, уште во болница една сестра ми има кажано дека ќе е тежок за јадење user posted image И стварно е таков. Не го привлекуваат чоколади, смоки, грицки, никогаш нема да се фати за некое колаче, кекс, соленки ни во рака не фаќа, и сите тие работи што мислам секое друго дете ќе сака да јаде, ама тој не. Некогаш на сила чоколада му давам да земе, само да видам дека сака нешто, тој ја погледнува и врти со глава. user posted image

Храна генерално не го интересира многу да се мачи околу неа.
Ама јаде бидејќи ете имаме ред, кога му дојде време за јадење, не се бунтува, си седнува, јаде колку може и така.
А за повраќањето те разбирам, и син ми имаше такви епизоди, едноставно кога јадат нешто а не уживаат нормално е дека ќе имаат нагон на повраќање и дека ќе повраќаат. Ми повраќаше цели оброци. Тешки се, ама верувам и тоа ќе мине еднаш. Барем кога ќе имаат 18 години можеби user posted image
А и мм не е некој јадач, колку пати ме нервира кога нешто јаде, па мислиш со гадење загледа, вади, пребира. Јас бев ужасно тешка како мала, како син ми сега што е, ама сега сум ок, нека се метне на мене user posted image
Инаку, во ред е детето да има вкус за нешто, ете на него едноставно не му се допаѓа таа храна за да би ја џвакал, ако треба ситни му повеќе месо, прави чорби со зеленчук, блендирај во нив работи кои не сака, мислам сепак е побитно барем да внесува некои продукти кои мислиш да треба па не мора ниту да знае дека ги има.
Тешко е кога видиш друго дете како јаде со сласт, ми веруваш гледав некое видео на јутјуб како едно дете јадеше сласно, гледав и плачев. АМА тоа е најлошото, да ги споредуваме со други деца, некои деца уживаат да јадат, сакат се да јадат. Ниту возрасни не се сите исти, си имаме некој посебен вкус, некој захтев, па никој не ни замера, барем на дете можеш да му протуриш некои работи да јаде без да примети, на возрасен не можеш.
Се извинувам со предолгиот пост, ама на оваа тема роман можам да напишам user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 11.8.2013 9:43:14 >

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

11.08.2013, 13:45

clock-img

oliva

pencil-img

234

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

потполно исто бетани,од збор до збор,и јас би можела роман да напишам во врска со јадењето,мојот е 3,5 г овошје свежо и зеленчук се гади и кога ги гледа а камоли у рака или во уста да ги стави,мачкано на леб јаде,почна пред една година најмногу со абц,во овие 3,5 години само да знаете колку пати повратил,ѕидовите знаат се е флеки и тоа повракање на цели оброци,сега почна и чоколади да сака инаку немаше шанси да ги јаде,месото понекогаш уште му го блендирам.некогаш и само ситно сецкано во манџи,многу мака видов со јадењето негово,од таа причина ми е страв и за у градинка

clock-img

11.08.2013, 17:11

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Олива, далеку од тоа дека се радувам, ама се тешам дека не сум сама, кој немал овакви проблеми, не може да разбере потполно.
Кога бев бремена, како што се молев такво ми е детево, само никој не ми кажа да се молам и да сака да јаде user posted image

А за градинка, можеби баш напротив ќе се поттикне детето гледајќи другите деца. Мада јас познавајќи го синот ми, лично мислам дека кај нас тоа нема да има некое влијание, ама ете секое дете е различно.
Верувам дека секоја мајка посветена на своето дете дава се од себе и си испробува милион опции и варијанти за јадењето да му направи интересно и да го поттикне детето, ама ете против некои нешта не можеш па таман на глава да стојам.
Ќе помине и тоа, не знам кога, ама ќе помине user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

12.08.2013, 22:12

clock-img

lb81

pencil-img

105

oliva i Bethany RR fala vi na ohrabruvanjeto i utehata zatoa sto pocnav da veruvam deka moevo daete ima nekakov problem ozbilen so jadenjevo ama koga ne bil samo toj znaci ima nades.Ete vo posledno vreme malku e popraven i da se zgadi znae da se iskontrolira i da ne povrate i povraka poretko.Vcera za prv pat izede cel stek na sitno iseckan i so ceckalica sam si bodese i jadese i bese radosen deka sam jadi.Istoto se sluci i so praska sitno isecena i izlupena cela ja izede a ako go prasav dali saka praska nemase da saka ni da proba.Znaci nekogas treba i so politika a pocnav i da ne mu kazuvam sto jadi oti ako mu kazam ke mi rece deka nema da go jade toa.Edinstveno sto ne mi se dopaga vo seto ova sto ne go pusta mobilniot od race dodeka jade najdobra zanimacija mu e ama se plasam deka go zraci.pozdrav i fala uste ednas

clock-img

17.08.2013, 07:42

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Bebushov za tri bena ke pravi 11meseci,ima 7 zapcinja I denes za prv pat jadeshe pileshko na sitni parcinnja.Ovoshjeto od davna mu go pasiram.Isto taka skoro pocnavme da jademe lepce namackano,ama jas mu davam ne on sam da si drzi vo race.Sam jade samo keksi od orizovi snegulki,lesno mu se topat vo usta.Neznam dali e rano ili docna,ete spontano pocnav I go gledam saka da jade.Idejata ja dobiv od negovi vrsnici gi gledav kako sami si jadat pa aj vikam I nie da probame.

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

clock-img

17.08.2013, 08:10

clock-img

Malecka23

pencil-img

1175

Ic ne e rano stom dobro ti prifatil taka teraj si kolku porano tolku podobro.Nie sme bez 2dena godinka i imame 2 ubavo izniknati zabcinja i 2 na pat pa eve veke skoro 2meseci mozebi i poveke jademe neblendirano da ne recam deka toa ne e ni pasirano samo seckano na pacinja i toa ne tolku mali a mesoto go blendirav do pred mesec dena sega samo go cepkam i taka i go davam da jade.za jadenje vo race ic ne saka ke go fati jadenjeto da vidi sto e i odma trca kaj mene da mi go dade da i se izvalkaat racinjatauser posted image

clock-img

02.11.2013, 14:35

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

ИЗВОРНА ПОРАКА: maby_baby

Do koga davavte blendirano na decata? moeto, maloto ima 3 god ama ushte mu blendiram za da vnesuva zelenchuk i meso sekojdnevno. I navistina ima efekr. eden perion mu davav on nashite obroci i po napravena krvna slika imase 119 hemoglobin, i pocnav so blendirano i meso sekoj den(pileshko, teleshko, riba) za eden mesec hemogllobinot otide na 135. Toj si jade ama nema shansi varen zelencuk i meso(pogotovo) da jade. Ama toa e..dodeka ne potporasnat kje se machimw..samo tie neka se zivi i zdravi

maby_baby, 3 години веќе е голем. Мора да пробаш да го навикнуваш на парченца да си јаде. Месото ситни го на сосема мали парченца, и заедно со зеленчукот давај му го. Барем компирот кога е варен е мек, и веднаш се распарчува.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

02.11.2013, 17:14

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

ИЗВОРНА ПОРАКА: maby_baby

Do koga davavte blendirano na decata? moeto, maloto ima 3 god ama ushte mu blendiram za da vnesuva zelenchuk i meso sekojdnevno. I navistina ima efekr. eden perion mu davav on nashite obroci i po napravena krvna slika imase 119 hemoglobin, i pocnav so blendirano i meso sekoj den(pileshko, teleshko, riba) za eden mesec hemogllobinot otide na 135. Toj si jade ama nema shansi varen zelencuk i meso(pogotovo) da jade. Ama toa e..dodeka ne potporasnat kje se machimw..samo tie neka se zivi i zdravi

maby_baby, мојот син има две години и јас се уште му блендирам ама само овошје. Пример ќе ставам една банана, едно киви, рака капини и што и да имам од овошје дома, и тој така се изеде, значи нема врска кое и да е овошје. А да го јаде овака прашање е дали третина од тоа ќе изеде и тоа прашање е што ќе јаде, од нешто се гади да фати со рака, друго не му се допаѓа ни да го погледне, можеби банана ќе изеде, а бидејќи изблендирано се ми јаде, јас кога и да можам, кога и да сме дома му блендирам, ставам мед, денес ставив и варени костени кои инаку ниту сакаше да погледне и се си изеде. Така да, во секој случај би сакала да јаде сето овошје на парчиња, и да е повеќе отворен кон нова храна, ама кога не сака, не ми е проблем ниту овака.
Другото јаде, зеленчукот во јадења и месо ситно сецкано.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

02.11.2013, 17:21

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Мојот син има 14 месеци,речиси се си јади пасирано,јаболка ситно рендани свежи,единствено нешто што му блендирам е месото,тоа пробав да го сецкам ситно или да го расцепкам со прсти ама некако ми е страв сепак е мал за парчиња месоuser posted image Инаку претежно си јаде дробенп лебче со јогурт,супа исто така дробена со лебче и така полека се навикнуваме да јадеме како големиuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

03.11.2013, 22:22

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Nie veke nisto ne blendirame.Ovosjeto sto mu go stavam vo zitaricite go pasiram a koga jade ovshje preku den obicno za uzinka,mu go secam na tenki,dolgi parcinja I si grize.Mesoto isto go seckam na mali parcinja.
Pred da pocnam da mu davam pasirano zabelezav deka blendiranata hrana pocna pomalku da ja jade.
Momentalno hit ni se krastavickata I patlizanotuser posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

clock-img

16.02.2015, 14:44

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Моето има 18 месеци но јаде само блендирано.
Кога беше бебе да речеме 9 месеци мислев е сега ќе пасирам ќе јаде user posted image аха се засркнува како да се дави на густо и суво.Ми беше страв да дадам корка леб.Но се ова од одеднаш многу заби.На 12 месеци имаше 8 заби ,му кршев мали кекси како ронки, или на го гризне со прст кексот и така јаде,Но тоа е ситно.На 15 месеци со 16 заби ,едноставно гризе.Земав плазма со едно раце држи јас на крајот му зборам гризни малку одеднаш го гризна кексот во уста ,среќа рефлекс му го бутнав од уста/Секое јадење викам џвакај тој шлапа со устата/На густо/суво јадење пак како да му залетнува ми се дави. Мало парче во палента кое се засушило ја матка низ уста и плуска.Палента зрно плука.
Да не го силам но се плашам тека нема да сака да џвака.
Совет,искуства , што и ккао да му дадам?user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

16.02.2015, 17:27

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Меланија немој да го форсираш со време само ке почне убаво да си јаде секое дете е различно и јас со првото многу се нервирав само блендирано сакаше и на неколку наврати пробав пасирано или парчиња ама почна да одбива секаква храна освен млеко во шише и се откажав се до еден ден кога кај баба му јадел манџичка дробена со лепче и оттогаш сам бараше како кај баба,за џабе се нервирав толку време а малово сега не сака блендирано овошје грицка месо цепкам зеленчук исто или пасирам или ситно сецкам јаде супа дробена со лебче а има 8,5 месеци а ете исто ги чувам ама тоа е

clock-img

18.02.2015, 11:44

clock-img

elenak

pencil-img

2004

На полни 3 години ние некогаш уште јадеме блендирано, ако ви е утеха ова.user posted image Овошје нема шанси да и дадам така (освен банана и јагоди), се дави. Никогаш во живот нема јадено парче јаболка како што сите деца јадат. Пред некој ден и давав ситни парченца портокал, ќе го врти врти и ќе ја плукне ципата што и останува. И ја убедив да проба да голтне, да не плука, голтна 1-2 пати и на крај ќе ми се удавеше, ме испаничи и мене.user posted image Исто е и со манџите, грав,грашок,боранија, ако не е блендирано не јаде. Се помирив јас со тоа дека такво ми е детето и ќе си блендирам, не ми е тешко, многу поважно ми е да биде најадена. Ако знае да џвака намачкан леб,дробен леб,пица и другото ќе го научи. А можеби и не, не знам.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

18.02.2015, 14:17

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

elenak RR ме утеши ,ама кога ми коментираат не дека е така ама мразам кога се коментира сешто, леле па деца со два заба јадат корки,парче овошје,бисквит ..леле па мора голем е давај му.И ај со фино ок е давам ама се засркнува ,и се тоа ми прави притисок.Сега во градинка е блендирано,но од есен на 2 години мислам дека е општа храна.Некои мајки кои има 3-4м поголеми од моето и сега бараа општа храна вп градинка.

Инаку дробено со јогурт и кисело јаде,ама шлапа не џвака

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

18.02.2015, 14:50

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Меланија, и јас да ти кажам, не се замарај, можеби покасно ќе џвака од другите деца, ама ЌЕ џвака.
Наеднаш ќе почне, во свое време.

Колку се нервирав само да знаеш, па дури и на него му вршев притисок, мислам детево страв имаше и да проба да јаде плашејќи се од неуспех и од задавување. Знаеше да ми исповрати цел оброк, не дел, буквално цел, ако се задавеше. И потоа уште поголема нервоза.
Која грешка правев! Мислев нешто не е во ред со него, сите други деца џвакаат, само моето не, а сега буквално и месо џвака, онака суво да не е во некоја манџа или со нешто. Дури размислував и да го носам на преглед некаде.
А изгледа само многу им тинтраме и им се замараме, па знаат децата да извољеват. Џвакаше само понешто.
Не знам како и кога почна, ама до три години максимално едноставно наеднаш почна. Направив лазањи за нас, му исеков и на него, без надеж дека ќе јаде, мислев ајде да пробам, ако не бива ќе му иситнев и ќе додадев кисело млеко, бидејќи така јадеше, само да лизга, кога тој изеде се, се чудев!
После тоа се џвака user posted image

Не го сили детето, а најмалку се нервирај, можеби не се работите онака како ние родителите мислиме дека треба да бидат и кога треба да бидат, што побргу тоа научиме полесно ќе ни биде user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

18.02.2015, 15:36

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

user posted image фала ви Bethany, elenak RR, lukajana
Навистина нм смиривте user posted image и баш така ако е посуво се загрцнува па и мене ми е страв да му дадам пасирано ,баш ми е страв и посебно внимавам кога сум сама дома

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

24.02.2015, 14:15

clock-img

AneLav RR

pencil-img

1110

Меланија не е за плашење тоа што не џвака , но мој совет е што побрзо да го баталите блендерот. Деца што долго се хранат со блендер понатаму многу се пребирливи во исхраната. Јас голем уплав имам од задавување и засркнување, но сватив дека и тие имаат одбрамбен рефлекс, ќе го повратат и готово. Обиди се постепено. ПОчни со супа полесна е за голтање со течност изрендај моркови исецкај ептен ситно брокула, тарана стави внатре и полека.Почни да ги рендаш работите наместо да ги блендираш, пасирај ја со вилушка храната што му ја готвиш и по малку давај му. Јас така почнав, ми се расипа блендерот инаку (трет по ред) и мм рече не купувам нов правете што сакатеuser posted image , големи се нека џвакаат. А и бабите , посебно мајка ми беше многу похрабра. Верувај ми не е толку лесно тоа задавување од кое ние се плашиме. Такви работи настануваат од зрнеста храна, кикирики, леблебии, такви бомбончиња, а такви работи сигурно до 4-5 години нема да им дадеме.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

clock-img

21.10.2015, 15:51

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ете и Јосиф како и Никола не сака да џвака. Храната ја јаде ако е блендирана, ама баш блендирана. Ако осети некоја текстура плука, зе загрцнува, па дури и повратил. А знае да џвака и те како, оти џвака тоа што не треба, на пример грицките од бато, без проблем. Така исто и Никола правеше. Еве го 17 месеци има и уште блендираме на велико, не сме ни близу до пасирање, а камоли џвакање. Дури и не јаде ако му е малку погуста кашата. Ами у февруари ми е у план у градинка да го пуштам, што ќе праиме со јадењето!?

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

21.10.2015, 17:50

clock-img

tincule

pencil-img

183

Мојава кога како ќе ја прифатат. Јадеме си џвакаме ама ако не мрзи знаеме и да зезаме. За блендирање сеуште и блендирам грашок, пченка зашто пуштаат како лушпи, и блендирам грозје зашто вака не го јадеме лигаво ни било па фаци правиме user posted image , слива другото и го пасирам или така си го јаде си џвака па кога ќе почне и прсти да лиже ми е најинтересна. Смешки ама затоа кога ќе се умацаме мама само пере. Е мене само ми е мака не сака со лажица да се учи да јаде ќе и ја понудам и ми ја бутка а со рака зима и во тањир брца зима и јаде user posted image

clock-img

21.10.2015, 18:01

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Блендирано веќе не правам ,ретко пасирам дека Ј џвака без проблем ама некогаш сака пасирана банана па не јадеме додека не ни се исполни желбата.

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

21.10.2015, 18:12

clock-img

tincule

pencil-img

183

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR

Блендирано веќе не правам ,ретко пасирам дека Ј џвака без проблем ама некогаш сака пасирана банана па не јадеме додека не ни се исполни желбата.

Е ние па банана обавезно во рака и џвака ли џвака, пасирана не ми ја сака така да и ја дадам си ја јаде мука нема. И нема крај со бананите по 10 пати во денот да и дадам сите ќе ги изеде. Додуша и јас сум си крива кога бев трудна гинекологот ме скара еднаш да намалам со бананите јадев по пола кило и кило некогаш на ден user posted image user posted image Изгледа и останало user posted image

clock-img

21.10.2015, 21:40

clock-img

MamaKiki

pencil-img

193

ИЗВОРНА ПОРАКА: tincule

Мојава кога како ќе ја прифатат. Јадеме си џвакаме ама ако не мрзи знаеме и да зезаме. За блендирање сеуште и блендирам грашок, пченка зашто пуштаат како лушпи

tincule еве еден совет за грашокот како да нема лушпи пченка ние не јадиме му немам дадено па незнам дали ке функционира ова и со неа
грашок си замрзнав кога беше млад и сега го вадам од длабокото и одма една рака ставам во цедилка и го попарувам со жешка вода и се лупи како кикира user posted image многу лесно излегува само лушпата оти само таа е одмрзната во моментот и нема потреба од блендирање :D
пробај следен пат и пиши како помина со техникава user posted image

clock-img

22.10.2015, 14:07

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Кај мене двете деца не сакаат каши, сакаат да џвакаат user posted image . Јас сум со реципрочен проблем user posted image
Може и јас сум виновник за ова, бидејки од 6 месеци им давав корки од лебче и мали кромитчиња за чешање непца.
Од многу мали, откако им изникнаа првите запчиња, јадат само подиситнета храна, сакаат да џвакаат. Малово дури сака да ми дадам боцната храна на вилувче, сама да се храни.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

22.10.2015, 14:59

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Еве го 17 месеци има и уште блендираме на велико, не сме ни близу до пасирање, а камоли џвакање. Дури и не јаде ако му е малку погуста кашата. Ами у февруари ми е у план у градинка да го пуштам, што ќе праиме со јадењето!?

user posted image јас кукав на 19м и на 20м пресеков и ситно рендав,па сецкав за некаде 22м да биде ок ама и еве на 26м па знае да се загрцне.Овошје не грицка ама такво е детето незна да грицне туку пута в уста .Сеуште поднадзор јаде и бабанана и бисквит user posted image стрв дете
За нешто се брзи за нешто спори user posted image ама се во свое време џабе се нервирав иако уште ме нервира што не е самостоен а сам бара да јаде со лажица

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

23.10.2015, 14:38

clock-img

MamaKiki

pencil-img

193

јас на малово мое почнав од 10 месеци да му давам банана со рака малку згмечена тој да продолжи да жвака , после пробав со лебче и путерче, лебче и абц сирење и слично и знае да жвака сега еве и мевце од пред годината му го сецкам на многу ситни парчиња и јаде ама ако е малку настинат претпоставувам дека го боли грло е неке да жвака, освен плазма или крекери тоа се нашите грицки и во денеот мора или една бисквита или неколку крекери да си ги изгрицка user posted image а многу сака да јаде гриз со некое овошје рендано на ситното во него не смее да има грутки или поголеми парчиња... ако нешто не ми јаде ке го доиспасирам убаво и пак ке го пробам да нема парченца некогаш ова пали некогаш не...
овошје пр круша ја сечам на мн текнки парчиња ама не досекувам до крај како лепеза и му давам по 3-4 такви лентички наеднаш не многу долги и му е полесно жвакањето пробај меланија со потврди овошки пр јаболко на овај начин

< Поракaта ја уредил MamaKiki -- 23.10.2015 14:42:21 >

Последни статии

article-img