за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
06.10.2009, 10:31
mami
8680
Ние вчера бевме на плоштад, Лука, мм, Еника и јас, преполно беше, мислам дека направија огромна грешка што го откажаа концертот. Се слушаа песните на Тоше, се зборуваше за него, се плачеше, се смееше. Имаше голем број на дечиња- најголемата радост на Тоше... не останавме до крај за ѕвезденото небо и ми е криво ама немав шанса, му се спиеше на Лука и моравме дома...
Se uste e golema bolkata po tebe. Ne mozam da gledam ni edna tvoja pesna bez solzi
07.10.2009, 13:36
Enika
1480
ИЗВОРНА ПОРАКА: ostoun
Se uste e golema bolkata po tebe. Ne mozam da gledam ni edna tvoja pesna bez solzi
isto... nemozam da igram na pesnite kako porano...a megu najomilenite mi e"Po tebe"
07.10.2009, 14:21
mami
8680
по цел ден на работа ја слушам компилацијата со сите негови досега објјавени песни, со исклучок на новиот албум нели...тој немам сила да го слушам, ми се плаче одма
14.10.2009, 18:12
Палешка РР
7505
На иницијатива на фановите
Една ѕвезда на небото го носи името на Тоше
Од Меѓународниот Тоше Проески Фан Клуб Форум, добивме известување за сите нивни активности во спомен на нивниот миленик, а по повод две години од трагичната несреќа која се случи на 16-ти октомври 2007-та година. Еве го нивниот допис, во интегрална верзија:
5.10.2009.
Денот кога Тоше го имаше за жал својот последен концерт, а ние фановите заедно со Вашата помош успеавме да го исполниме неговиот аманет да го види своето звездено небо. На име на Тоше Проески е регистрирана звезда, сертификатот со координатите е предаден на неговото семејството на 9.10.2009 во Крушево. Така да од овој октомври една од звездите и службено го носи неговото име Тоше Проески.
< Поракaта ја уредил Палешка -- 14.10.2009 18:13:50 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
14.10.2009, 18:18
Natasha5
830
Тоше Тоше Тоше никогаш нема да те заборава ,а да ви кажам дека песната Игри без граници уште не можам да ја слушам и мислам дека никогаш нема да можам да ја слушам одма морници ме лазат.
14.10.2009, 19:35
none
491
jas bev na koncertot na 5 oktomvri i mnogu mi e drago sto bev ete posleden i sekogas ke go pametam tose te sakameeeeee
се навраќаат сеќавањата на овој кобен ден, колку не сакав да верувам во она што го гледав на вести, она што ми го кажуваа, не сакав да прифатам дека те нема, дека моето сонце кое тогаш почнуваше да расте во мешето- нема да те запознае..но те запозна, ги слуша твоите песни, некогаш само со нив се смирува, лебдиш над сите нас, не чуваш, твоите песни се насекаде околу нас...и знаеме- секогаш ќе бидеш тука
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
16.10.2009, 09:20
bibi
124
да. со тага во душава се разбудив утрово сеќавајки се на тој ден. Моето сонце Сара имаше само 3 мес., ама ја чувствуваше тагата на мама. Сега, иако не те запознала, твоите песни и се најомилените и само твојот глас го препознава и му се радува кога ќе го чуе на телевизија. Беше АНГЕЛ и навистина имаше нешто натприродно во тебе. Затоа Господ и те зема.и, мислам како одмибнува времето се потешко и потешко станува, иако велат дека времето лекува се. Мислам, дека оваа тага за секогаш ќе ми остане во душава. И колку си поприсутен во медиумите, а СЕКАДЕ ТЕ ИМА, се потешко е човек да поверува дека те нема. А, и така е ти и бесмртен за сите нас и ќе продолжиш да живееш засекогаш, само твојот лик нема да го гледаме.Арно ама, јас верувам дека ти ќе не гледаш и чуваш сите нас зошто ти си АНГЕЛ ОД НЕБОТО.
_____________________________
Бракот понесен од силите на љубовта станува полесен товар
16.10.2009, 09:26
steci
56
Samoto vreme kazuva se.Sekogas ke te ima vo moeto srce,neprebol i vecno sekavnje na idealniot covek na ovoj prostor,koj za zal prerano zgasna.POCIVAJ VO MIR VECNO KE TE PAMETIME I KE GI SLUSAME TVOITE PESNI
16.10.2009, 09:26
bibi
124
СО ГОЛЕМА ТАГА СЕ РАЗБУДИВ УТРово сеќавајќи се на тој ден. Моето сонце Сара имаше само 3 мес., ама ја чувствуваше тагата на мама. И. иако не те запозна никогаш твоите песни и се најомилените, само твојот глас го препознава викајќи Тоше. Велат дека времето лечи се, ама мислам како одминува времето ми станува се потешко и потешко и оваа тага ќе остане засекогаш во душава. Но, ти си АНГел и ќе не чуваш и гледаш засекогаш од небото.
_____________________________
Бракот понесен од силите на љубовта станува полесен товар
Бракот понесен од силите на љубовта станува полесен товар
16.10.2009, 09:31
ostoun
436
Pocivaj vi mir Angelu nas
16.10.2009, 09:34
lilit
294
Denes i neboto zaedno so nas place po TEBE!!!!!Pocivaj vo mir TI COVEKU megu lugeto!!!!!
16.10.2009, 09:39
mis.
3845
Тоа кобно утро кога загина тошка бев кај комшивката и таа ми кажа.Прво нешто што си помислив е леле колку се само луѓето злобни.Вадат муабети и не бираат личности.Си кажав кога посегнале да вадат муабети и кон тоше,најсовршеното човечко суштество,тогаш што да се очекува друго.Сеуште не ми се верува,го барам да се врати и да не развесели со уште некој негов хит. Жално е навистина,колку е само животот суров. Тошка те сакам,вечно ќе бидеш длабоко во моите мисли.