за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
беки еве ТУКА можеш да прашаш правник а мами ќе се потруди во најможен краток рок да добиеш одговор.
27.10.2009, 18:22
Еца
6692
Беки на твоето прашање се надевам утре ќе добиеш одговор, инаку кликни тука имаме прашања за правник.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
28.10.2009, 11:21
beki RR
511
Драги рингерајки ви благодарам за помошта.Не знам дали постои соодветен збор да се опише што е всушност рр,дефинитивно нема споредба.Доктор ти треба -доктор имаш, правник ти треба и правник имаш , нема што нема, и секоја чест.
< Поракaта ја уредил beki -- 28.10.2009 11:22:21 >
28.10.2009, 11:39
mother 29
4405
јас најдов две фамилии кои сигурно доагаат.едните беа веке во тек со настанот ,а другите допрва дознаа!чекаат сега на промотивен материјал
поззззззз
28.10.2009, 14:36
beki RR
511
Многу ти благодарам mother29 те молам дај им мој маил или број од телефон или дај ми мене нивни маил за да видиме дали се заинтересирани само за информативна сесија или и за обука.Јас малку успорив со работите бидејки чекам да видам дали ми треба некаква дозавола за настанот и ако треба колку е лесно односно тешко таа да се добие.Инаку за сесиите ќе мора сите да се пријавуваат кај мене, бидејќи бројот е ограничен.Поздрав.
28.10.2009, 14:39
mother 29
4405
имаат тие твои податоци!
28.10.2009, 14:39
mami
8680
Беки, одговорот на прашањето за правникот ти го пишав, се надевам го прочита, ако има уште нешто слободно прашај, но посебна дозвола не ти треба
30.10.2009, 17:00
beki RR
511
За сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за биомеханичката рехабилитација нека отворат на http://birdonthestreet.blogspot.com ќе најдат искуство на една мајка и многу податоци за АБР,меѓудругото и за една научна студија спроведена во англија.Во мoментот во Канадскиот центар врши истражување некој постдипломец како дел од неговиот магистерски труд. Многу реални се очекувањата дека еден ден ќе излезе научна студија за АБр и церебрална парализа.Сепак АБр е доста нов медот и неговиот "татко" сеуште работи на што е можно поголемо усовршување. Данскиот центар има нова веб страна, каде што можите да најдите многу корисни податоци . www.abr-denmark.com За оние кои не знаат најдобро Англиски нека го искористат google chrome за превод.Преводот не е најдобар но е секако подобар од никаков.
15.11.2009, 20:37
mami
8680
Беки до каде си со организацијата на терапијата?
16.11.2009, 11:27
beki RR
511
До кај сум ...е па вака,македонскиот флаер треба да е комплетно готов денес, текстот го средив остана само уште дизајнерот да си ја заврши работата,вети дека денес ќе ја прати конечната верзија.Најдовме хотел и конференциска сала,кај да е ќе треба да се почни со промоција. Сигурно, најсигурно и дефинитивно на 19 декември во Охрид ке има АБР средба. Порано читав по интернет и им кажував на мајките шо се се работи низ светот со овие деца.Коментарите беа, "Не гледај шо има во светот гледај шо има кај нас".Па еве, даде Господ, дел од тој свет ќе дојде кај нас.Ништо не е недостижно, важна е само желбата.
< Поракaта ја уредил beki -- 16.11.2009 11:28:16 >
16.11.2009, 11:29
Еца
6692
Беки дали може тој флаер да биде скениран па да го поставиме тука на Рингераја?
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
16.11.2009, 11:30
mother 29
4405
ете зашто охрид,ми вели таа пријателката во охрид ке биде ,а јас незнам што да кажам
16.11.2009, 11:38
beki RR
511
Еца, флаерот ке ми го пратат во електронска верзија и секако дека ќе го поставиме на рр.
Зошто Охрид? Зошто да не. Кога би помислиле на некој град во Македонија каде сите сакаат да одат, кој би бил тој.Мислам дека е Охрид.Македонија не е така голема за максимум 3 саати секој можи да стигни до Охрид.Има родители кои и до кина одат за своите деца.Плус сместувањето во Охрид е најевтино.Во секој друг родителите кои ќе се решат да останат,ќе треба да платат хотел, а во Охрид има сместување за 300 денари од вечер.
16.11.2009, 11:43
mother 29
4405
не ,јас немам ништо против, а ни тие,секако ке одат!зборот ми беше дека таа знаеше многу порано дека ке биде во охрид!
позззззз
16.11.2009, 11:48
beki RR
511
Македонија е извонредна земја за ширење муабет,јас сум изненадена колку луѓе разбраа,секако дека рр има огромен удел во тоа ,гледам темата е постена над 700 пати,а тоа не е малку.
17.11.2009, 19:27
beki RR
511
Флаерот е готов ако некој сака можи по маил да му пратам.
17.11.2009, 20:08
Еца
6692
Беки имаш пп со мојот мајл
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
17.11.2009, 20:59
beki RR
511
Пратено
18.11.2009, 14:22
beki RR
511
Вчера ми стигна овај клип. http://www.youtube.com/watch?v=a8Hp4NMFbbc За родителите кои имаат деца со церебрална , секако ќе знаат колку голем напредок имало ова дете. Еве и други слики од Андре, како изгледал претходно .http://groups.yahoo.com/group/ABR_Support/photos/album/1416109841/pic/list Воодушевена сум од тоа колку се намалил спазамот.
< Поракaта ја уредил beki -- 18.11.2009 14:23:52 >
18.11.2009, 14:24
mother 29
4405
има проблем со сликите од претходно,не се отвараат!
18.11.2009, 14:48
beki RR
511
Најверојатно затоа што треба да си член на групата. А како можи јас тука да поставам неколку слики? да ги копирам и после.....
18.11.2009, 14:49
mother 29
4405
ако сликата има интернет подршка,ке ја копираш и пастираш директ во нова порака!?ајде пробај!