На барање на нашата Беки денес преведов еден текст кој се надевам дека ќе биде од помош за родителите со деца со церебрална парализа. Ова е првиот дел, другиот ќе го постира Беки.
Gross Motor Function Classification System , проширен и ревидиран
The Gross Motor Function Classification System (GMFCS) за церебрална парализа е базиран врз основа на само-иницирачките движење, со акцент на седењето, поместувањето и движењето. Кога дефиниравме систем на класификација во пет нивоа, нашиот примарен критериум беше дека разликите помеѓу нивоата мора да имаат значење во секојдневниот живот. Разграничувањата се базираат на функционалните ограничувања, потребата за рачни уреди за движење (како што се прооодувалки, патерици, или бастун) или на уреди со тркала, како и во многу помал обем, квалитетот на движење. Разликите помеѓу нивоата I и II не се толку изразени како дистинкции меѓу другите нивоа, особено за доенчиња помали од 2 години. Напредниот GMFCS (2007) вклучува возрасна група за млади од 12-18 години и нагласува концепти својствени за Меѓународната Класификација на Функционирање, Инвалидитет и Здравје (МКФ) на Светската здравствена организација . Во фокусот на GMFCS e детерминирање на нивото кое најдобро ги опишува момнеталните способности и ограничувања во моторните функции на детето или адолесцентот. Акцентот е ставен на вообичаеното однесување во домот, училиштето и поставувањето во заедницата (т.е., она што го прават), а не на она што се знае дека се способни да го направат (нивните можности). Затоа е важно да се класифицираат сегашните достигнувања во бруто моторните функција и да не се вклучуваат оценки за квалитетот на движење или прогноза за подобрување на состојбата. Насловот на секое ниво е методот на движење кој е најкарактеристичен за перформансите после 6 годишна возраст. Описите на функционалните способности и ограничувања за секоја возрасна група се широки и немаат за цел да ги опишат сите аспекти на функцијата на одделни деца / млади. На пример, дете со hemiplegia кое не е во можност да лази на
неговите раце и колена, но одговара на описот на Ниво I (т.е., може да го повлечат за да стои и да чекори), ќе биде класифицирано во Ниво I. Класификацијата е подредувачка, без импликации дека растојанијата меѓу нивоа се сметаат за еднакви или дека
децата и младинците со церебрална парализа се подеднакво дистрибуирана низ петте нивоа. Предвиден е и краток преглед на разликите помеѓу секој пар на нивиа за да помогне во одредувањето на нивото кое најмногу одговара на тековната бруто моторни функција на детето. Бидејки манифестациите на бруто моторни функции се зависни од возраста, особено во текот на раното детство за секое ниво, се предвидени посебна описи во неколку возрасни групи. За деца помлади од 2 години треба да се смета нивните корегирана возраст, ако тие се предвреме родени. Описите за возрасните групи од 6-12 година и 12 до 18 година го одразуваат и влијанието на факторите на животната средина (на пример, растојанија до училиштето и заедницата) и личните фактори (на пример, побарувачка за енергија и социјални параметри) врз методите за движење. Направен е обид да се нагласат способностите повеќе отколку ограничувањата. Така, како општ принцип, бруто моторната функција
децата и младите кои се способни да ги вршат функциите опишани во одредено ниво најверојатно ќе биде
класифицирана на или над тоа ниво на функција. Спротивно на тоа, бруто моторната функција на децата и младите кои не можат да ги исполнат барањата опишани во одредено ниво треба да се класифицира под тоа ниво на функција.
Дефиниции на поимите кои се користат:
Проодувалка со телесна подршка – Направа за движење која ги придржува карлицата и трупот. Детето се поставува во оваа направа од страна на друго лице.
Рачен уред за движење – бастун, патерици, предни и задни проодувалки кои не го придржуваат трупот за време на движењето.
Физичка помош - друго лице рачно им помага на децата / младите да се движат.
Подвижност со напојување- детето/адолесцентот контролира џојстик или електричен прекинувач кој му обозможува независно движење со количка, скутер или друг вид направа со напојување.
Самоуправувачка рачна количка- детето активно ги користи рацете и нозете или рацете за буткање на тркалата на количката.
Транспортирање - Друго лице рачно турка уред (на пример, инвалидска количка, шетач, или детска количка) за да го придвижи детето од едно место до друго.
Чекорење - Освен ако не е поинаку назначено, не користи никаква телесна помош од друго лице или било какви рачни уреди за движење.
Движење на тркала - Се однесува на секој вид на уред со тркала кои овозможува движење (на пример, шетач, рачна
инвалидска количка, или инвалидска количка со напојување).
Општи наслови на секое ниво
Ниво I - Чекорење без ограничувања
Ниво II - Чекорење со ограничување
НИВО III - Чекорење користејќи рачен уред за движење
НИВО IV - Авто-мобилност со ограничувања; може да го користи подвижност со напојување
НИВО V – Транспортирање во рачна инвалидска количка
Разлики меѓу поедини нивоа
Дистинкции меѓу нивоа I и II - Во споредба со децата и младите во Ниво I, децата и младите во Ниво II имаат ограничувања во одењето на долги растојанија и одржување на рамнотежата; може да имаат потреба за рачен уред за движење кога прв пат учат да одат, може да користат уред на тркала кога патуваат на долги растојанија надвор; имаат потреба од користење на
оградата за одење нагоре и надолу по скали, и не се толку способни за трчање и скокање.
Дистинкции меѓу нивоа II и III - Деца и младите во Ниво II се способни за одење без рачни уреди по возраст од 4 години (иако тие можат да изберат да користат некое). Децата и младите на ниво III имаат потреба од
рачни уреди за движење во затворен простор и употреба на самоуправувачка рачна количка на отворено.
Дистинкции меѓу нивоа III и IV - Децата и младите на ниво III седат сами или бараат мала надворешна поддршка за да седат, посамостојни се во стоење и одат со рачни уреди за движење.
Децата и младите во Ниво IV функција седат (обично поддржано), но само-мобилноста е ограничена. Децата и младите во Ниво IV се со поголема веројатност да бидат транспортирани во инвалидска количка или да употребуваат уред на напојување.
Дистинкции меѓу нивоа IV и V - Децата и младите на ниво V имаат тешки ограничувања во контролата на главата и трупот и бараат голема технолошка и физичка помош. Авто-мобилност се постигнува само ако детето научи да управува инвалидска количка на напојување.
< Поракaта ја уредил Тања -- 6.6.2010 22:13:50 >
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А