Ќе пробам да се потрудам да бидам концизен и непристрасен. Јас сум горенаведениот сопруг кој ете така безболно е сквернавен без ни малку самокритичност од госпоѓата. Нема да навлегувам во дебатни дуели кој и зашто е крив, само ќе пробам да дадам реплики на нејзините обвинивања. Не очекувам некој да ја заземе мојата страна во случајов затоа што половиот баланс тука е нарушен и блика пристрастност.
Во кратки црти, мојата мајка ме израсна скоро сама затоа што имам апатичен татко и алкохоличар кој никогаш не се завзема за фамилијата. Него дури и јас можам да го обвинам за едипов комплекс и плејада од комплекси кои доведоа до неговата неадекватност и системски распад до тоа што е денес. Да не беше константната желба на мојата мајка да се труди да го одбегнеме неговиот пат немаше да бидам кај што сум сега. Работам сам од 17 години, и на оваа возраст можам, барем материјално да се чувствувам сигурен дека сум подготвен да одгледувам и да се грижам за фамилијата.
Сопругата ја запознав по долга селекција и пропаднати врски, ме заинтригира нејзината сила, своеглавост, храброст и пред се убавината пред која сеуште се поклонувам, само што мојата ригидност не ми дозволува изливи на емоции...незнам убеден сум дека тоа е слабост, можеби и грешам но ја сакам неа и нашата ќерка од се срце.
Проблемите, според мене се јавија заради турбулентниот старт на нашата врска, моето его мораше да расчисти со духовите од минатото, а марфи е таков да дозволи Супернова да е сведок на сето тоа. Никогаш не беше намера неа да ја повредам. Тој период траеше кратко, месец, два.. во кои се сомневам дека и таа (Супернова) не остана покусо да компензира за мојата т.н. нелојалност.
Работите се средија, или барем делумно но турбулентноста остана. Нашите фамилии се различни и со различни сфаќања. Супернова е порасната како единка, навикната да биде принцеза во секој дворец, јас сум растен со сестра и тој мој ако така можам да го наречам принцлук заврши одкога се роди сестра ми, па некако научивме да се сакаме и се да делиме.
Во времето во кое живееме треба да се прават компромиси, посебно финансиски, неможам јас да се жалам многу од таа страна но фамилијата на Супернова не е на истото ниво, сепак сакаше да форсира голема свадба. Јас сум повлечен човек и не сум благонаклонет кон такви фешти, па организиравме мала церемонија... Тоа неа длабоко ја навреди, се промени после тоа.
На раѓањето на нашата ќерка, и излегувањето од болница се случи недоразбирање, не обвинувам нит бранам никој, ако она сака да верува во тоа слободно, јас би сакал да останам неутрален и во тој конфликтен момент на мајки шајки баби и дедовци сам си ја однесов невестата и детето дома, за никој да не остане покусо, но ете, Супернова остана навредена како нејзините дошле од велес и неможеле да го реализираат премедетираниот план. Не можеше ни мајка ми искрено, и неа ја избркав.
После тој чин, мислам беше мирен период. Моите родители не дошле во мојот стан на гости повече од 3 пати, нејзините исто 2 или 3 пати. А и обајцата идеме во посети.
Животот течеше монотоно, жена ми како да ја изгуби желбата да биде присутна и постојано почна да одбира кавги за се и сешто. Признавам 2 биле физички, во првата се скачкавме затоа што она нанервирано бришеше венецијанер ролетни, ги иксриви сите, кога пробав да и покажам како се прави тоа без да уништи се започна со вербална расправија, ЖЕНО ЕДНА ТРГНИ СЕ НЕ МИ СЕ МЕШАЈ.... ако не се смешав, ќе требаше да купам нови завеси..
Немам примедби за нејзината мајчинска дарба или грижа кон бебето, никогаш нит јас нит некој од мојата фамилија ја навредил или и спомнал нешто околу тоа, напротив добиваше пофалби од сите страни.
Проблемот почна да се јавува со нејзината исклученост од минатиот живот, излегување, цигари, журкање, пиенки....тоа веќе го снема. Па стана тажна, повлечена, почна да бара мани по дома, нема регал, нема гардеробер за кондури бла бла. Ја испратив кај нејзините и дадов куп пари за кога се врати да биде акомодирана.
Ни тоа не реши ништо. Одкога ќе ги завршеше обврските околу детето, не отвараше книга (а има 26 години и 6 испити недовршени), не ја интересираше филм, музика...муабет со мене... Ништо, како да се претвори во незадоволен цимер. ПРобав, почнав да излегуваме повеќе, детето доаѓаше со нас во кафичи и сл.
Деннта на големата караница од која веќе месец дена сме разделени и си го немам погледнато чедото, вечерта претходно започна неиспровоцирано со навреди од типот "ЗЕМИ СИ ЈА МАЈКА ТИ, ИДИ СО СЕСТРА ТИ ВО ИНЦЕСТ, УМРИ ДА ДАЕ ГОСПОД!. Се колнам дека со никаков збор тоа не го испровоцирав таа вечер и оставив така да помине.
Кога ќе размислам, можеби беше вина што ја чувствуваше кај себеси, доза несигурност, бидејќи само 20тина дена претходно замина во Велес кај родителите да спреми 3 испити додека мајка и и помага со детето. Ништо од тоа, не положи ништо, се врати (за земав) и не ја прекорив.
Очигледно виде дека сите рационални адути да предизвика драма ги исцрпе па прејде во фикција, мајки, шајки, сестри.
-
Јас не сум светец, јас не сум најпаметен и најдобар, ама мислам дека сложна фамилија се залага за прогрес и подобро утре, а мојата жена е човек која задскриена зад крилата на родителите мисли дека може како pupper master да ги влече сите конци, да ја навредува мајка ми која со НИШТО не и одмогнала.. Можеби се плаши или мисли дека јас и налагам да дојде на зрелоста на мајка ми толку рано.... Незнам јас како другите ме перцепираат но немам лоши намери и ја сакам мојата сопруга и мојата ќерка. А пак она, сопругата, напати ми има признаено дека пре би сакала да ми биде вид на конкубина, да ужива во својата слобода под закрила на родителите кои никогаш не би ја суделе.
Така да, штознам, дајте клада, пошто човек да живее одделен од своите најмили без никакви, дури смешни причини, нема ни потреба да живее. Кога ќе дојдеш на некоја возраст веќе ја губиш желбата да покнуваш се одново.
- Б.Д.