Според тебе да чекам уште еден месец,
Вчера ги однесов пола работи, никаква реакција од неа, нит повик нит ништо.
Нит пак можно е да биде исконтактирана...
Што сум јас, морковот пред магарето или магарето незнам.
Да беше ова дечко-девојка врска би чекал можеби, ама секој ден чекање во празно јас ги губам најубавите моменти од растот на моето дете.
Детето е кај неа, со вооружан татко на кој на повик му стојат специјални единици. Ако одам лично таму пред врата може да се случи безвезен инцидент, телефонски е неконтактибилна.
Чаре што?
Враќањето на работите од моја страна го гледам како начин да се свести и да се соочи со реалноста, дека неможе тек така да избега и да се скрие и да ме лиши од радоста на моето дете.
100 пати ми има кажано дека сум најдобриот татко на светот, она... Како да е биполарна, а во моментите на депресија еве што се случи ама ова е тотална ескалација.
.
На 30ти јуни имавме термин за пасош за малата, избега она на 22ри. Детето го лишува од одмор сега, се крие. Кога си отиде не рече ништо, само спакува еден куфер и си отиде, од тогаш немаше никаков контакт, освен тоа што првиот ден ме блокира на скајп. Немало муабет за развод, немало муабет за разрешување проблеми, освен дента со обвинување дека она ете неможе сама, и треба мајка и, и требале роднините во велес, неможела да се снајде во скопје. А од 7те месеци кога е во Скопје, 3 месеци ги помина на гости во велес и онака. Се иселив и од спалната заради тоа што сакав да и биде комотно дека и сметало моето хрчење па морав да спијам во недовршена соба на земја.
А ете јас сум ѓубрето, душманот, узурпаторот, угнетувачот, гадот, бла бла бла.
< Поракaта ја уредил Fenix -- 19.7.2011 1:32:33 >