Finally и јас да позборувам со вас на оваа тема.
Имам пишувано и порано дека немаме никаков контакт со родителите на мм зашто јас сум несакана снаа (разведена со дете), но работите многу се сменија.
Поради големата желба на мм да се врати и да живее во својата куќа, се решив да го поддржам во желбата и го направивме првиот чекор (на мое големо противење), но ете демек се смиривме.
Жената е “злоба која оди“, не ме провоцира, но не ми ни зборува мене, ми го гњави и малтретира детето, го штипи каде стигне (а после вели дека ќерка ми е голема плачка и дека затоа не може да ја чува), го носи да оди босо по земјата во двор, му дава чоколади и други глупости. Секогаш кога сме сите во соба таа оди и ги гушка сите од нејзината фамилија, син, ќерка, братучетки, внуки, внуци, за отворено да ми покаже дека не ме сака (а многу и ми треба да ме сака).
Се преселивме во нивната куќа на први спрат, со договор да живееме на тој спрат без тие во ништо да се мешаат, додека го реновираме вториот спрат, кој треба да биде на мм, додека тие живеат на приземје и во текот на целото лето се за село.
И се ќе беше добро ако свеки знаеше да се договара и да се држи до договореното. На почетокот рече дека ќе си седи во село, се додека ние реновираме, за да не седела во прашина и со мајстори, се мешаше во проектот за надворешни степеници и внатрешно уредување, каде да ни била спалната, каде wc-то, секоја недела по неколку денови е во куќата за најверојатно на комшиите да им каже дека ете тие ни градат а не ние самите, а за реновирањето земавме кредит од банка - тие не дадоа ни денар.
Секогаш кога е во куќата има милион гости, золви, братучетки, сестри, комшики, како автобуска станица да е. Среќа откако се разлутив да не ми ги качува на спрат веќе си ги прима и ги гости на нејзиниот спрат.
Нема ден, ни минутка да не се качи кога сме дома, дали е сабајле, дали е полноќ, дали сум гола, дали се бањам, дали имаме секс, неа не ја интересира, демек да ја видела внуката, за да види што правиме, што сум зготвила, дали е чисто, а најмногу ме нервира што таа се качува и кога не сме дома, забележувам дека брка по плакарите и преместува работи, наместо да земе да зготви и да исчисти ако не е чисто.
Најмногу од се ме нервира тоа што мора секој ден да има некој кај нив, едноставно нема мир, да си дојдеш од работа на раат, да се истушираш, да одмориш, нон стоп има некој, нон стоп некој влегува излегува, дај ми ова, дај она итн, деца викаат, тие прават муабет во двор уште во 7 ипол сабајле веќе имаат гости.
Еден ден му реков на мм, ако продожат да ми се качуваат на спрат кога си идам на работа, жими се ќе се соблечам по гаќи и прслук, ако на нив не им е незгодно, нема ни на мене да ми биде.
Откако сме таму ниту еднаш нема направено ручек или да ми почува дете не дај боже......
Со мм сме на ратна нога откако влеговме таму, еве веќе 2 месеци, реновирањето е при крај, а мм ми вели да издржам додека да се качиме на нашиот спрат, дали ќе издржам не знам, се трудам и пукам по шавови.
Свекорот е ок, си ќути, разговара со мене, човекот е добар.
ММ се надева дека ќе било поинаку кога ќе имаме наш сопствен спрат, но јас се сомневам, и секој ден плачам и се потсеќам колку бевме среќни под кирија, сами.....................................
< Поракaта ја уредил baby_bump -- 27.8.2011 12:41:05 >