И јас синоќа пукнав од нервози. Бевме излезени со мм на гости, се враќаме доцна, свеки не пречекува на врата. И ми кажува како МЕНЕ ми доаѓале гости (они ненајавени,а јас не дома), некои комшивки овде. Доаѓале на повојница кај малиот. И она ги качила горе, ги послужила со што нашла во фрижидер, сокче, грисини, благо итн итн. И седеле што седеле ГОРЕ кај мене и си отишле.
Е кога почнав јас да фучам, дим да вадам низ ушите, се стрпев да не се развикам оти беше касно а малиот спиеше.
Ова не и е првпат. Се чудам само за кој к*р се одделувавме со нив, тие долу ние горе, зошто им реновиравме и на нив кога таа горе пак ги качува гостите кога ниту јас ниту мм не сме дома. Подобро да им направевме една спална долу, а не да даваме пари и за ламинат, плочки, кујна... Проста е, не сфаќа кога и кажувам околу од околу, а кога директно ќе и кажам, ми се дере се прави посилна од мене.
На мм му е сеедно што таа носи гости кај мене кога нема никој дома.
Да бевме со посебен влез друго ќе беше, ама со внарешни скали сме
Затоа си ги собрав клучевите од вратите на дневна, трепезарија, спална, секое излегување од дома-клуч на сите врати.
П.С а знаела кај мене да ги седне и да ги послужи, а не знаела да ги измие чашите, извалканите чинии, филџаните со кои ги погодувала гостите.
УФФФФФФФФФФФФ