Anonimen, некои работи е подобро да се согледаат уште пред брак, барем нема да има изненадувања отпосле... Не викам да раскинеш и да раскрстиш со него ради мајка му, ама еве, седни и разговарај, кои му се на него ставовите и мислењата за животот. Кога вие двајца ќе се земете, вие станувате семејство, и мајка му доаѓа во втор план. Мора да се повлече некаква граница, да се знае приоритет. Не дека он треба да ја запостави неа, многу јасно, ама мора да си бидете на чисто дека вашите заеднички интереси ќе дојдат пред нејзините...
Гина, се нервирам што те читам, не сум можела да замислам свекрва да колне син и снаа да не добијат дете... страшно. Фала Богу, вие си имате дете и ич да не ти е гајле. Подобро да те викаат дека си горда и сама гледај си го детето отколку после цел живот да слушаш муабети дека други ти го исчувале... баш како што вика лукајана, свиркај си
Јас не можам да се пожалам од родителите на сопругот, да бидам искрена и реална. Секој си има бубачки, многу јасно, имаат и свекрва ми и свекор ми моменти во кои не се наоѓаме на иста страна па се нервирам, ама и мм, а и јас, сме многу свесни за нашата врска и семејство, посебно сега откога имаме деца, и имаме прилично јасна линија што до каде оди. Од друга страна пак, свекрва ми е многу свесна и совесна жена и самата е доволно осетлива па се труди да не се меша, да внимава, да балансира, дури знае да осети кога сум нерасположена па да се повлече или кога ми треба помош па да се понуди без да се наметнува безобразно. Си има и наметливи моменти, посебно кога сака да е по нејзино, ама па ние тогаш наоѓаме начин да дигнеме рачна и да излезе по наше на мирољубов начин, а плус и сега човек е, не може да нема маани. Се е до рамнотежата и взаемното почитување без правење лице и секако без конфликти и караници. Плус момент е и тоа што отсекогаш сме разговарале со мм отворено и искрено, и за моите и за неговите, и нема фаворити, прилично сме објективни и свесни за мааните што ги имаат како луѓе, па секој знае да избалансира со своите родители за да не го доведе другиот во непријатна положба.
Обиди се да разговараш со идниот сопруг и да ги разјасните работите уште од сега, бидејќи ако таа е таква захтевна и посесивна уште сега, по брак може уште толку да забега, од страв да не го изгуби синчето, пошто она официјално доаѓа на второ место
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015