cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?

  
clock-img

14.05.2010, 15:59

clock-img

amelbebe

pencil-img

1105

a Amel e mal ama golemiotmi e veren dogodina svadbauser posted image user posted image user posted image

clock-img

23.05.2010, 23:57

clock-img

Slagjana

pencil-img

463

Не баш добро. Живееме сами и се гледаме еднаш во 2 недели. Помош никаква, а не ни сакам. Поарно да не ми се мешаат, па и сама ќе се снајдам. Свекорот си ќути и не знам што мисли, а свекрвата гледа само да ме навреди. Најново денес беше дека сум изгледала како да сум бремена. Сеуште не сум ослабена по 3 месеци од породувањето, ама стомак немам ич. Се направив будала и реков дека знам. И на заминување уште мораше да додаде дека дури сега гледа колкав гuser posted image з сум имала. user posted image Требаше да и речам дека нејзиниот е поголем- најде кој да кажува 100кг имаuser posted image . Пред неа се правев дека ми е сеедно, ама еве сега морав на некого да се пожалам. И тие 2 пати месечно  гледање ми се многу. Ама ај да си го види внучето. 

clock-img

24.05.2010, 00:06

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

еј, сличен коментар имав од свекрва ми ама поранооо одамна. user posted image
Никогаш ни трудна не сум имала над 63 кила, мислам тоа ми беше тежина пред пораѓај, а обично варирам од 53-57.
И таа ми вели: Аааа си се здебелила во газот!!! Треба да припазиш малку.
А јас и велам: аааа не можам. Син ти газлести сака user posted image user posted image
Божем на зафрканција нели, ама не и текна од тогаш да искоментира нешто за газот мој  user posted image user posted image


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

24.05.2010, 00:09

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Леле Виктори каква добра тактика, ќе ја запомнам user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

24.05.2010, 12:58

clock-img

Slagjana

pencil-img

463

Е не ми текнало ни мене ова досега. Ама сигурно ќе го употребам ако пак така ми коментира user posted image user posted image

clock-img

24.05.2010, 13:07

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

user posted image user posted image user posted image Одлично кажано user posted image user posted image user posted image Човек се' ќе помисли, но нема секој таква смелост. Некогаш мора така, за да запре човек со постојано дофрлање и коментирање. user posted image
user posted image user posted image за тебе.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

24.05.2010, 15:26

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Истото прашање но за предбрачниот живот, односно за времето кога бевте во врска со нивниот син... Како се согласувавте? Бевте ли блиски со нив? Седевте во нивно друштво кога бевте во домот на саканиот? Слободно разговаравте за вас, вашиот дечко (нивниот син), други теми или се држевте на дистанца? Можеби оттука произлегуваат несогласувањата меѓу вас и нив во бракот ако сте во заедница ...

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

24.05.2010, 15:57

clock-img

penelopa

pencil-img

3419

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Истото прашање но за предбрачниот живот, односно за времето кога бевте во врска со нивниот син... Како се согласувавте? Бевте ли блиски со нив? Седевте во нивно друштво кога бевте во домот на саканиот? Слободно разговаравте за вас, вашиот дечко (нивниот син), други теми или се држевте на дистанца? Можеби оттука произлегуваат несогласувањата меѓу вас и нив во бракот ако сте во заедница ...



Па нас малку ни беше комплицирано јас воопшто не ги познавав неговити а од кога дојдов тука сами живевееме, они посебно а и не толку блискуuser posted image
Заедно сме оделе на ручек или некоја семејна прослава и така сме се запознале. Заради пријателскиот однос мајка-син-татко забранети теми никогаш немало а и сега буквално за се зборува....многу ми се мило што е така.


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

clock-img

24.05.2010, 16:32

clock-img

melody

pencil-img

743

Ne mi e jasna edna rabota i neznam sto e toa navistina....Zosto mora snaata i svekrvata vo MK sekogas da se mrazat ,da postoi rivalstvo megu niv,da si stavaat sopki,zakacki edna na druga da pravat....Zasto tuka na forumov svekrvata e taa koj sekogas i pravi problemi na snaata,a snaata e taa koja sekogas trpi????Dali nekogas sme se zaprasale nie kako snai kako im e na svekrvite?????Treba da go prifatime  sudirot na generacii i da ne barame tie da razmisluvaat i da se odnesuvaat kako nas.I navistina kakvi god da se neobrazovani,nepismeni,neznalici,glupavi,zlobni,skleroticni,cudni,navistina treba da gi pocituvame ako ne za drugo deka i tie se roditeli kako nas i go odgledale nasiot zivoten sopatnik na najdobar mozen nacin.Ne zaboravajte deka lugeto kako stareat im se menuvaat navikite i mislenjata i deka nie kako pomlada generacija koja sto istoto ne ceka vo idnina treba da probame seto toa da go svatime i da se pokorime zatoa sto se se vraka se se plaka vo zivotot.
Jas ednas napisav vo eden moj post deka ocite treba siroko da se otvorat pred mazenje/zenenje i da se vidi i proceni intelektualnoto nivo na koe stoi nasiot izbranik i negovoto potesno semejstvo.I sega moze nekoj od vas ke pomisli pa sto e toa tolku bitno ,no e  zatoa sto sepak odnosite svekrva snaa bi bile malku podrugi.I uste nesto.Kako bi bilo da ima nekoj maski forum kade nasite mazi gi ogovaraat nasite roditeli i se zalat od niv.Kako bi se cuvstvuvale site nie snai koi premnogu trpime od nivnite roditeli????
Ne sakam nikogo da navredam so ova sto go pisuvam tuka i znam mnogu dobro od licno iskustvo kakvi se ne luge postojat i mazi e zeni zaedno,no ispaga na forumov sekoja svekrva e losa i zatoa bi rekla Snai vratete go nazad filmot i videte so koj gest ste napravile nesto da postoi toj vas los zaednicki odnos.Neli za kavga sekogas se potrebni dvajcauser posted image

clock-img

24.05.2010, 16:49

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

мелоди, да те поправам, не е само во МК така. Инаку немаше филм да има monster in law. Така е секаде, само што кај нас заради економската ситуација многу семејства се принудени да живеат заедно и тоа дополнително ја влошува ситуацијата.
Со остатокот на постот се согласувам горе-долу.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

24.05.2010, 16:58

clock-img

niki

pencil-img

4299

Овде сме сите снаи далеку од моментот да бидеме свекрви затоа такаuser posted image

Инаку добро е што имаме вакви теми, читајки ги постовите имам сватено дека не ја имам најлошата свекрва на светот, но тоа нема да ме спречи да кукам од неа на форум кога ќе дојде сега за некој денuser posted image подобро тука да си пишам да си олеснам отколку на неа да и мрчам па и да ја навредам и џабе да се караме за глупости

Нетрпеливоста помеѓу снаите и свекрвите не е само во МК, само кај некои поразвиени народи со можноста младите брачни парови да се осамостојат се имаат минимализирано судирите. Во Мк и на Балканот сеуште во многу голем број семејства се живее во заедница, во тесен простор, без приватност, со финансии кои пукаат од што се стеснети, во такви услови скоро е невозможно да се воспостави хармонија. А на свекрвата или на снаата е најлесно да се истресеш и свекрвата или снаата е најлесно да се налутат или навредат. Со мајка кога ќе се скараш за иста работа која си се скарала со свекрвата, тоа се простува најлесно, љубовта те тера напред, но со свекрва и најмали ситници се навредливи по двете страни (свекрви, снаи)


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

24.05.2010, 17:21

clock-img

Saturn

pencil-img

208

Се согласувам одлично, баш како со родители. Ете имав среќа да ми се паднат прекрасни свекор и свекрва. Со нив дури и многу повеќе зборувам, за многу повеќе теми, работи што ме мачат, проблеми... отколку со моите. Еден смешен момент беше кога свекор ми кога соопштивме дека ќе се зимаме со мм и после честитањето ми рече: од сега третирај ме како татко, со мене можеш да зборуваш се, како со татко user posted image Смешното беше што јас па и не знам дека баш за нешто сум разговарала со татко ми, обично ме прашувал за школо ништо повеќе. Не живееме со ни, можеби е тоа предност, но навистина се родители во вистинска смисла на зборот, пожртвувани за своите деца. Баш ги сакам.

clock-img

30.06.2010, 13:40

clock-img

mamita

pencil-img

9

Se trudev da vospostavam prijatelski odnos,ama bese nevozmozno,pa po dolgo nerviranje i izmacuvanje prestanav da razmisluvam na taa tema a sega bidejki ne ziveeme zaedno ic ne se zamoruvam,ednostavno dobarden,prijatno i od edno uvo vleglo,od drugo izleglouser posted image

clock-img

30.06.2010, 14:53

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Така е мамита! user posted image

Јас ептен се согласувам со свеки. Ми рече дојдов на 15 минути да ве ѕирнам и одам на пазар, јас веднаш се согласив, не противречев user posted image user posted image user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

05.08.2010, 15:55

clock-img

petra27

pencil-img

385

Super se soglasuvame,sekoj den se gledame bidejki site zaedno rabotime :)
Normalno e ponekogas da dojde do nekoe nesoglasuvanje no se se resava ,sepak razlicni generacii sme.Inace realno mnogu ni pomagaat so se,poddrska ni se za se i smetam deka taka i ke ostane...

clock-img

06.08.2010, 00:18

clock-img

lukas

pencil-img

2148

i jas zivejam so moite svekor i svekrva so svekrvami si pieme kafe a svekor mi i so nego ziveev tezok covek e ama uspevav so majtap da svrtam da se nasmee ama sega zalosno e invalid.....inace se mnogu dobri nemam gajle i ne mi se mesaat vo nisto ni vo cistenje ni vo gotvenje ni vo vospituvanje na deteto...posto znaat deka ne prifakam popuvanje,hahahhah...pozz

clock-img

14.08.2010, 00:35

clock-img

suzeto

pencil-img

1297

ne bas vo ista kuca ziveeme i non-stop se gore dolu po skali dosada ziva,nemozis ni da se odmoris ni gol ako sakas da set_asuser posted image i sekogas se tie vo pravo user posted image ama sega ne ni komentiram na nisto samo ako bidam prasana inace si molcam,zatoa sto ako kazam nesto odma ce kazat nesto protiv i podobro da si molcam da ne se nerviram

< Поракaта ја уредил suzeto -- 14.8.2010 0:38:58 >

clock-img

02.09.2010, 17:46

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Од денес па натаму, тешко дека ќе се согласуваме...и оваа 'невеста' прозборе по 15 години, аирлија!user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

19.09.2010, 12:26

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Навистина не е во ред постојано свекрвата да биде меѓу младите - синот и снаата (причина за кавги, немир во домот, напнатост, нервози ...) Голем и клучен фактор се свекрвите во животот во заедница, нема сомнение ... Но, дали е во ред синот, условно кажано, да ја отфрли сопствената мајка, давајќи и'' такво право на сопругата да ја омаловажува, не покажувајќи ни најмалку почит user posted image user posted image user posted image Некои работи, едноставно ме запрепастуваат ...

< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 19.9.2010 12:27:27 >


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

20.09.2010, 10:06

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Но, дали е во ред синот, условно кажано, да ја отфрли сопствената мајка, давајќи и'' такво право на сопругата да ја омаловажува, не покажувајќи ни најмалку почит user posted image user posted image user posted image Некои работи, едноставно ме запрепастуваат ...



Битолчанка, таа сопруга сигурно некако го заработила тоа право.Некогаш снаите не ги омаловажуваат свекрвите, туку самите свекрви си се омаловажуваат со своето однесување. Мене ме запрепастуваат и мајки кои не си ги почитуваат синовите...Кога има почит од двете страни - тогаш е добитна комбинацијаuser posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

20.09.2010, 10:50

clock-img

Octavia

pencil-img

617

Е ова е деликатна тема за сите user posted image . Јас после 10 години брак и живеење во ист влез некако успеав да создадам барем некој привиден мир, ама и тоа е нешто. Инаку, сум немала некои проблеми со свекрва ми, за сите овие години 2-3 пати ако сме си пререкле (смирено, без кавга), ама со свекор ми... Тој е типичен намќор,тежок човек, а јас научена да не ќутам ако знам дека сум во право, па вие претпоставете user posted image . Цели војни водевме, сме се карале, ама баш карање, со тоа што јас сепак внимавав што ќе речам (најмногу атер за маж ми), а тој воопшто не да не внимаваше, туку гледаше што повеќе да ме повреди. А кавгите биле некогаш и за глупости (искрено), ама ме иритирало затоа што негивиот став е „И да знаеш дека не сум во право, не смееш да ми кажеш. И да грешам, ќе викаш “така е, во право си.“ Мислам...user posted image WTF (извинете на изразот user posted image ). И после години и години почна да се смирува топката откако маж ми (конечно) почна да му враќа, еднаш дури и му рече да си оди ако дошол кавги да прави. А свекор ми си е таков, посесивен за децата (замислете, кога золва ми имаше проблеми со директорката на раб. тој викаше дека ќе одел таму „да и покаже убаво на директорката“ (??), а золва ми жена на 40 год.). Ама веќе сфаќам дека со таков човек нема разбирачка (еве пред некој ден го слушам урла кај нив во станот, и ја пцуе мртвата мајка на свекрва миuser posted image , ако тоа не е лошотија, не знам...), а мислам дека и тој сфати дека немам намера да ќутам ако ме здоболи, па се трпиме некако. Далеку од идеално, ама барем е мир.

clock-img

20.09.2010, 14:06

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

Тоа најмногу зависи од нашите м: ТОЈ е тој кој треба своите родители добро да им стави до знаење кој му е од сега приоритет во животот (новото семејство, сопругата, нели) и дека треба безусловно да се почитуваат, т.е. да ни помогне да ги прифатиме неговите родители што подобро, што полесно, со повеќе разбирање.
Ако ова не постои, ако мажот не не` почитува нас, ако тој не ги почитува своите родители, тогаш има проблем. Обично голем. Тогаш се` паѓа на наш товар. Тогаш има кавги, плачки, повлечи-потегни.

clock-img

20.09.2010, 14:30

clock-img

kirova

pencil-img

14

Treba pocituvanje kako ke se postavis i do kade moze da odi site znaeme nekogas da bideme kako niv,zatoa daleku od oci daleku od srceuser posted image eden rucek vo mesecot kulturno bez nikakva pomos i se e vo red.user posted image

clock-img

20.09.2010, 14:50

clock-img

prettygirl

pencil-img

398


ИЗВОРНА ПОРАКА: kirova

Treba pocituvanje kako ke se postavis i do kade moze da odi site znaeme nekogas da bideme kako niv,zatoa daleku od oci daleku od srceuser posted image eden rucek vo mesecot kulturno bez nikakva pomos i se e vo red.user posted image




blaze vas poubavo od toa zdravje...tie svoj zivot vie svoj zivot, kolku podaleku tolku pomili, kamo i jas da mozam mm da go ubedam za toauser posted image

clock-img

20.09.2010, 14:58

clock-img

Pregnant

pencil-img

88

Свекор ми е починат, имам само свекрва, но кога станува збор за помош исто ко да ја немам. Живееме одделно и еве имам и второто дете, а колку пати дошла да помогне смешно е да се каже. Ако треба да идат гости, за да ја видат ќе дојде (и тоа во исто време со гостите) демек ми помага. Е признавам дека кога имаше потреба да го чува поголемото, го чуваше, ама ќе нагласи дека имала во план нешто да работи, па го откажала заради нас. Јас сум по природа смирен тип и најчесто се трудам да не ја слушам, не ме навредила директно, ама некогаш ме отепува со некои досадни муабети. Чиста среќа е што живееме одделно инаку тешко ќе беше. На мм отпочеток кога почина татко му главна девиза му беше: Изгубив еден родител, не сакам уште еден да изгубам! и се и беше дозволено на свекрва ми, таа беше на прво место, но со тек на време си дојдоа и деца и се сменија приоритетите. Сега и мм е помалку трпелив во однос на неа и во очи и кажува за се. Јас уште се немам закачено лично со неа, но затоа ММ ми е како портпарол, ако му се пожалам за билошто, тој веднаш ќе ја закаче и мене ми е непријатно - излегува дека намерно го буцкам, затоа решив многу да не се замарам и да си го живеам животот.  

Последни статии

article-img