ИЗВОРНА ПОРАКА: evgenija
niki, pa ne gi zbunuvas taka decata? mislam- vo grcija si taka? so kerkickata na makedonski i srpski, so devojceto na makedonski a toa francuzce, a so majka i na angliski- ova mene me zbunuva a ne pa devojcence od 2-3 godini :)
Моето искуство досега е позитивно. Децата не се збунети единствено во повеќејазична средина почнуваат подоцна да зборуваат, ќерка ми почна на 2 години, а малово еве 20 месеци има и почнува да зборува два јазика паралелно, што пак е релативно и зависи од детето, има деца кои еден јазик слушаат па пак ни на три години не прозборуваат.
Сепак децата се ко сунѓери, се впиваат и многу брзо учат. На керка ми и читам приказни на грчки и многу зборови има научено и што е најглавно неа и е интересно и сега самата прашува за накој збор како се вика и на грчки. Значи јас на сила не ја терам, само кога е расположена и така полека, полека. Искрено едвај чекам ова францусчево да почне и француски повеќе да зборува, така и јас и ќерка ми ќе научиме нешто.
Инаку се сложувам со ананикол, мора да го знае јазикот на државата во која живее, како и мајчиниот јазик и јазикот кој го зборува таткото. Не сакам јас кога ќе си појдам дома моите да не ја разбираат и да има проблем со комуникација, ниту пак сакам овде да не ја разбираат и таа никого да не разбира. Не сум ни размислувала за потсмевање, но многу е веројатно и да се случи ако неможе да се разбере.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together