за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Da im se redat kako bisercinja i so lesno da si gi vadat ostanatite
< Поракaта ја уредил arh_diz -- 15.3.2011 8:12:23 >
_____________________________
Биди тоа што си
15.03.2011, 10:00
Snowhite RR
5042
Како сте девојки? Има некој за муабет, ние сега многу рано стануваме, вчера во 6, денеска малку покасно во 7.30, додека цицаше, до 10 спиеше, инаку тој лесно го прифати одбивањево, сношти втора вечер без цицање, а си заспа сам, не можев да поверувам, само јас многу тешко го поднесов ова, уште не можам да се совземам, само плачам Дали сите ова вака го поднесуваат Не знаев дека ќе ми биде толку тешко
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
15.03.2011, 10:12
Viktori
5329
Ќе ти помине. Јас пак супер ги поднесував одбивањата. Жива радосна бев.... Јас никогаш не ги доев децата пред други луѓе, мои негови неважно. Па откако се одбија можевме да се шетаме со саати. Претходно морав да планирам дома да сум за 2-3 саати.. Супер за него што е без проблем. Можеби си очекувала дека ќе плаче по цице (по тебе) па тешко ти паднало???
< Поракaта ја уредил виктори -- 15.3.2011 10:14:21 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
15.03.2011, 10:23
ole2004
686
Skorpijana za prvite zabcinja na
15.03.2011, 10:40
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори
Ќе ти помине. Јас пак супер ги поднесував одбивањата. Жива радосна бев.... Јас никогаш не ги доев децата пред други луѓе, мои негови неважно. Па откако се одбија можевме да се шетаме со саати. Претходно морав да планирам дома да сум за 2-3 саати.. Супер за него што е без проблем. Можеби си очекувала дека ќе плаче по цице (по тебе) па тешко ти паднало???
Па од една страна е оленсување што не плачи по цице, ама од друга страна да во право си малку ми е криво/тешко и за тоа
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
15.03.2011, 11:26
Maca25
7558
Кој не е уште освестен еве по едно јако црно кафе за освестување. Јас сабајле си станав во 7, во 8.30 детето во градинка и пак се бапнав во кревет. Денес денов е само за спиење. Башка сум ја договорила мајка ми да ми прати ручек....денес одмараме
Иначе вчера јас и Џесика супер си поминавме на кафе на ул. Македонија. Си се изнамуабетивме и се изначудивме колку луѓе има по кафичите?!?!
< Поракaта ја уредил Maca25 -- 15.3.2011 11:27:57 >
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
15.03.2011, 13:38
mila mama
1616
Maca, fala za kafevo, jas denes nikako da vlezam vo forma. Sve nesto sum ukocena, vo vrat, vo grb, za nikade. Izgleda sum se otkrila spiejki Inaku za lugeto po ul. Makedonija, jas se cudam i sakam da im postavam dve prasanja stom imaat pari sekoj den da si pijat kafinja i uzivaat : What do you do? and How do you do?
_____________________________
Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata... No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.
15.03.2011, 13:43
Maca25
7558
Чудно ми е и мене. Толку голема невработеност во Македонија ама битно кафичите се полни со млади безделничари. И тоа не зборувам за студенти и средношколци, туку за млади од кај 25-35 години кои секој ден дремат по кафичите.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
15.03.2011, 14:21
penelopa
3419
Здраво и од мене, деновиве после толку сонце еве го и дождот Мене нешто грлото ме боли и ми шмрчка носот така да ќе ве послужам чајче и мед
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
15.03.2011, 16:48
Martins mom
3342
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25
Чудно ми е и мене. Толку голема невработеност во Македонија ама битно кафичите се полни со млади безделничари. И тоа не зборувам за студенти и средношколци, туку за млади од кај 25-35 години кои секој ден дремат по кафичите.
И јас се чудам на истото Кај нас на прочуениот Широк Сокок везден е полно по кафичи, чекаш ред за маса да фатиш Во било која доба од денот или ноќта-кафичите се динга (или топка по битолски ). Ама печалбарски град ти е ова, секој има по некој роднина во странство што му пушта по 100-200 евра месечно што за нив таму не се голема пара, а за кај нас, за кабадајчарење (изигравање мангупи) се таман. Има исклучоци, нормално, како мм на пример, нема роднини у странство и ќе буфта по 12 саати на ден, за да си дозволи еднаш на две недели да излезе во кафич
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
15.03.2011, 17:40
Snowhite RR
5042
Ааа во Битола шема е со години да се излезе на Широк сокак на кафе, сега последниве години и прилепчани ја презедоа таа шема, само што тие немаат печалбари-роднини во странство, па и јас многупати се имам чудено од каде пари за секој ден по кафина да одат, и јас исто се прашувам, се жалат нема работа, а секој ден кафичите полни
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
15.03.2011, 21:39
agnes77
1959
поздрав од Сло, се надам да сите сте ок едно кафе, повелите
15.03.2011, 21:47
Pepelaska *
3820
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25
Чудно ми е и мене. Толку голема невработеност во Македонија ама битно кафичите се полни со млади безделничари. И тоа не зборувам за студенти и средношколци, туку за млади од кај 25-35 години кои секој ден дремат по кафичите.
И јас се чудам на истото Кај нас на прочуениот Широк Сокок везден е полно по кафичи, чекаш ред за маса да фатиш Во било која доба од денот или ноќта-кафичите се динга (или топка по битолски ). Ама печалбарски град ти е ова, секој има по некој роднина во странство што му пушта по 100-200 евра месечно што за нив таму не се голема пара, а за кај нас, за кабадајчарење (изигравање мангупи) се таман. Има исклучоци, нормално, како мм на пример, нема роднини у странство и ќе буфта по 12 саати на ден, за да си дозволи еднаш на две недели да излезе во кафич
И сите дотерани стокмени по најнова мода во Битола а работа нема за никој ама за шетање и терање моди има време и јас се чудам и кај нас е така сите се жалат немале пари а имаат пари за кафе секој ден и тоа најчудно е тие што се жалат најмногу се секогаш излезени , Агнес фала на кафето јас ќе пијам со тебе нешто се изнервирав добро ќе ми дојде
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
15.03.2011, 23:02
Џесика
2036
Еве и јас конечно да седнам... ме фатија пак синусите, ме боли глава, детево се раскива и раскашла, веќе аман!!! Инаку многу убаво си поминав со Маца на кафе, си помуабетивме док чекав УЈП во ГТЦ да се разреди, си прошетавме по ул.Македонија, не фана сонцето
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
15.03.2011, 23:27
Tanjat7880
1256
Agnes i jas sum za kafe! Dobro vecer na site i prashanje do site:Kako reagirate koga vashiot gospodin mm vo 14casot ke vi javi deka nedoagja na rucek zatoa shto ke ruca so toj i toj, tamu i tamu a se vo interes na rabotata-neli?! Jas denes pocuvstvuvav olesnuvanje po ova prashane MI OSTANA RUCEK I ZA UTRE!!!No eve me "grize sovest"
16.03.2011, 00:33
mila mama
1616
Ima li nekoj buden ili site si go fativte redot na spienje Jas so obvrski cel den trcav deneska, ama eve malku da zirnam dali razbravte od kade parite na dengupciite, po celi denovi samo kafinja da pijat i ulici da merat Mnogu mi se saka da razberam toa
_____________________________
Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata... No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.
16.03.2011, 09:01
Pepelaska *
3820
Станувајте женски уште еден сончев ден да се искористи максимално пошто пак ќе врне, јас сакав да чистам ама ќе го чекам дождот
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
16.03.2011, 09:19
annie
187
добро утро и од мене!и во Брисел има сонце ама јас некако со мрза се разбудив,ке биде цел дан на лежење така ми изгледа !
има ли некој да ме почасти еден чај од камилица со мед зш стварно ептен ме мрзи да станам да сварам
16.03.2011, 09:20
penelopa
3419
Јас ќе ти се придружам Пепелашка, денес се изнаспавме дури до 08.30 ....блазе си ви ако имате сонце убаво да си се изнашетате кај нас истура
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
16.03.2011, 09:45
skorpijana
683
dobro utro i od mene eve i kaj nas denes soncevo pa ke odeme da setame
_____________________________
zivej go sekoj dena kako posleden
16.03.2011, 09:46
maki1
321
Добро утро и од мене, и овде во Рим денес е врнежливо,никогаш толку сив не сум го видела,дури и не му личи да е ваков.Се надевам дека ке престане дождот деновиве и пак ќе се врати убавото сонце.За денес останува да пиеме кафенце заедно .Поздрав
_____________________________
Pantai Rai
-Heraclitus
16.03.2011, 09:50
penelopa
3419
Охо се намножиле рр од странство Маки1 како е да се живее во РИМ?
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
16.03.2011, 10:02
maki1
321
За мене е убаво,знаеш и сама кој како ќе се снајде во друга земја.Рим е посебен град и секој ден е различен ,се нешто ново откриваш.Ама како и да е ти фалат луѓето од Македонија.Поздрав.
_____________________________
Pantai Rai
-Heraclitus
16.03.2011, 10:18
penelopa
3419
ИЗВОРНА ПОРАКА: maki1
За мене е убаво,знаеш и сама кој како ќе се снајде во друга земја.Рим е посебен град и секој ден е различен ,се нешто ново откриваш.Ама како и да е ти фалат луѓето од Македонија.Поздрав.
Дефинитивно се сложувам, волшебен град. Хммм па не знам можеби со тек на време ќе се навикнеш
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
16.03.2011, 10:23
maki1
321
Сега кога ќе дојде ,нема да ми фали ништо ќе си имам занимација по цели денови,Рим ќе го шетаме и онака ќе биде девојче,шопингот не ни бега .Па се надевам дека ќе станам помалку носталгична.