Во меѓувреме, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон добија титули на војвода и војвоткиња од Кембриџ, соопшти денеска Бакингемската палата.
Титулата на Вилијам е една од трите која му ја додели баба му, кралица Елизабета Втора по повод неговата венчавка со Кејт Мидлтон денеска попладне во Вестминистерската опатија.
Вилијам исто така ќе биде и ерл од Стратерн и барон Карикфергус, додека Мидлтон ќе биде грофица од Статер и бароница од Карикфергус.
Портпаролот на Вилијам рече дека принцот е „почестен“ со титулата.
Традиционално во Велика Британија, кралските младоженци на денот на венчавката добиваат барем една титула која по автоматизам им следува на младите.
Освен тоа што ќе биде војвоткиња, Кејт Мидлтон технички ќе биде и принцезата на Вилијам од Велс, но не и официјално принцеза Кетрин, затоа што е родена во граѓанско семејство.
Извор idividi
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away