за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
На крају крајева, мислам и дека не изгуби многу тоа што не победи Мики, па договор со А1 и не ми е некаков договор, него какви све продукции не го чекаат...
Така си е, за тоа највеќе ми е мака со А1 договор бе??А ако пропадне А1 после избориве,тогаш каде???
< Поракaта ја уредил Natuska85 -- 31.5.2011 18:46:02 >
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
01.06.2011, 19:04
Maca25
7558
Да ви се пофалам - од понеделник почнувам на работа!!! Пред месец и пол бев на интервју и искрено не се надевав на ништо, ама ете испадна супер. Денес бев на разговор за да се договориме од кога да почнам и за плата Можеби ќе имам малце помалку време за Рингераја, но ќе се трудам за викед се да надокнадам!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
01.06.2011, 19:25
Џесика
2036
Честито Мацо, успех да имаш, и задоволна да си бидеш со работата... Ај да частиш сеа по едно мартини
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
01.06.2011, 19:54
Natuska85
3613
Мацааа честитооо,баш ми е мило за тебе.Оваа да не е работата за која беше на интервју кога бевме на сладолед,шо викаше дека за месец два ќе ти се јават? Како и да е со среќа нека е , само успеси да редиш
И да ај части сега по една пијачка
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
01.06.2011, 20:49
Snowhite RR
5042
Маца честитки за работата, и да честиш од првата плата
Јас сум за никаде од вчера, мајка ми и таа почна да работи и сега нема кој да го чува Михаил кога треба да бидам прва смена и ќе мораме во градинка да го запишеме, ама вчера толку се искаравме кај свекор ми, кај и така се нервирам не знам како ќе оди во градинка, како ќе се навикне итн, па уште и од нив подршка никаква Е ај кажете дали има логика, баба му да работи во градинка, а ние да го запишеме во друга градинка Ќе пукнам значи
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
01.06.2011, 21:06
Џесика
2036
А зошто не во истата градинка? Нема место или што? Вака не ми е јасно, баш поубаво свој човек ќе ти го гледа детето...
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
01.06.2011, 21:27
stela
279
Maca cestito rabota, neka ti e airlija i so ubavo ke ni nedostigaat tvoite redovni poraki, ama znam deka ke ti falime i ke nadoknaduvas
01.06.2011, 21:36
AnnaMolly RR
6409
Честитки нова работа, Маца!
_____________________________
Live and let live
01.06.2011, 23:05
mamamoni
492
Честитки новата работа Маца и многу успеси, јас се спремам да си легнам денешниов ден ми беше многу напорен
_____________________________
Daughters are another version of yourself, but only better !
01.06.2011, 23:23
Olivia
1961
Maco so sreka novata rabota
_____________________________
"Trust takes years to build , only seconds to break , and forever to repair"
01.06.2011, 23:43
Maca25
7558
Фала ви! Еве частам по едно мартини!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
02.06.2011, 07:29
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика
А зошто не во истата градинка? Нема место или што? Вака не ми е јасно, баш поубаво свој човек ќе ти го гледа детето...
Епа зошто де, секој втор што ме сретнува ми вели што чекате оти не го запишувате во градинка кога свекрва ти е таму, а свекор ми се запнал да не го запишуваме кај свекрва ми во градинка, да не плачел по нејзе таму, да не требало да го држи в раце цело време, немало да можи да работи, глупости некои. А мене и така ми е тешко што ќе го запишувам во градинка, ама се тешам со тоа дека баба му е таму, имам мој човек, подруго е, ќе го пази, јас и велам не мора само по него да трча, нека го остава да поплачи како и другите, а таа ми вика ќе и било тешко да го остава да плачи дека било нејзино дете, на крај краева ако стварно не бидува тогаш ќе го преместиме во друга градинка, да пробаме
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
02.06.2011, 08:53
skorpijana
683
maco cestito rabota zaedno vo ponedelnik trgame na rabota samo sto mojata ne e nova mi izmina porodilnoto se vrakam na rabota a ke se cuvaat so tatko i
_____________________________
zivej go sekoj dena kako posleden
02.06.2011, 09:06
temjana
1159
браво Мацо и не дозволувај никој да те нервира бидејќи сега како нова сигурно ќе пробаат да ти ги измерат нервите, ама само храбро и не паѓај на никакви провокации
02.06.2011, 09:13
arh_diz
7198
Cestitki Maca za novata rabota
_____________________________
Биди тоа што си
02.06.2011, 09:19
Maca25
7558
Фала ви на сите. Ќе треба да си ги средам нервите до сабајле затоа што како што ми имаат кажувано колегите од факс што работат таму, дека има аждаи кои едвај чекаат нов да дојде па да се истураат на него. Инаку се друго е ок. Ќе треба многу, многу да учам, но тоа не ме плаши. Ќе бев исплашена ако останев уште еден месец дома.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
02.06.2011, 09:27
Maca25
7558
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика
А зошто не во истата градинка? Нема место или што? Вака не ми е јасно, баш поубаво свој човек ќе ти го гледа детето...
Епа зошто де, секој втор што ме сретнува ми вели што чекате оти не го запишувате во градинка кога свекрва ти е таму, а свекор ми се запнал да не го запишуваме кај свекрва ми во градинка, да не плачел по нејзе таму, да не требало да го држи в раце цело време, немало да можи да работи, глупости некои. А мене и така ми е тешко што ќе го запишувам во градинка, ама се тешам со тоа дека баба му е таму, имам мој човек, подруго е, ќе го пази, јас и велам не мора само по него да трча, нека го остава да поплачи како и другите, а таа ми вика ќе и било тешко да го остава да плачи дека било нејзино дете, на крај краева ако стварно не бидува тогаш ќе го преместиме во друга градинка, да пробаме
Кај Нина во градинка има едно девојче малецко, чија што баба работи во градинката. И бабава си работи, а малава цело време позади неа стои, оди, се држи за неа. Бабава по цел ден од занимална во занимална ја шета. Сега не знам дали е ова ок, затоа што женава едвај си ја изработува работата, ама малава ја гледаат сите како принцеза затоа што баба и работи таму. Сите негователки само ја шеткаат, ја гушкаат, ја галат. Али што ми беше муабетот, малава не плаче по баба и. Ќе си стои до неа, ама не плаче ако баба и држи друго дете во раце. Сега најверојатно ја гледа како и сите други негователки во градинката.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
02.06.2011, 11:43
AnnaMolly RR
6409
Snowhite, јас не би го однела Филип во градинка каде што работи некој роднина. Мислам дека така ни свекрва ти нема да може на раат да работи, цело време ќе го мисли, ќе нема да може да се посвети на работата. Ќе си има обврска. Друго е дома, друго е на работа. Можеби и ќе и биде незгодно од колешките. Се замислив јас на нејзино место како би реагирала на тоа. Би ми било обврска, иако се работи за некој близок. Тоа ти е како меч со две острици, што знам...
_____________________________
Live and let live
02.06.2011, 22:32
mamamoni
492
и јас почнав на работа од вчера,неколку недели порано и сето ми е напорно некако, ме прашаа дали сакам и се согласив, има кој да ја чува Софија но некако и двете баби не се придржуваат по упатствата мои по се изгледа, уште да можеше сама да ми кажи Софија што прават сигурно ќе пукав од нервоза сега, не дека не е така ама се тешам , и забче и најде баба денеска па да ве почестам
_____________________________
Daughters are another version of yourself, but only better !
02.06.2011, 23:00
nadica
4381
маца честито работа и те молам части нешто друго јас од тиквешијата не пијам мартини сноувајт навистина е меч со 2 острици твојот проблем само надевај се дека михаил без проблем и со лесно ќе ја прифати градинката инаку дали е кај баба му или не и не е толку важно а за мамамони фала на частењето и што порано се помириш тоа подобро бабите и секогаш ќе прават отстапки од нашите правила
инаку јас ја заспав надица па да ве видам на кратко и да се фатам за работа низ дома оти мојата комисија (свеки) се враќа од одмор во сабота вечер и се мора да и е под конец
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
02.06.2011, 23:18
mami2
417
Честитки за работата Маца. Сноувајт моја другарка работеше во приватна градинка и имаше право да го носи сопственото дете таму бесплатно. Таа вели полошо неможела да одбере, подобро да го запишела во државна градинка. Вака детето не сакало да ја дели со другите деца, не разбира дека мама е на работа, цело време до нејзин скут да се држи, не сакал комуникација со децата и персоналот, нејзе и било тешко кога плачел а морала да подели храна и сл., плус газдарицата ја гледала попреку.
02.06.2011, 23:22
Pepelaska *
3820
Маца честиткиии за новата работа супееерр
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
03.06.2011, 07:14
Snowhite RR
5042
Ви благодарам на сите за вашите мислења, можеби навистина ќе биде така, но ете јас сакам да пробаме таму, па ако има потреба потоа ќе го префрлам во друга. Е сега цел проблем е тоа што свекрва ми се има изгорено еднаш со внука ми од девер ми, кога ја запишаа во таа градинка девојчето едноставно се поболи и цела недела ништо дома не јадеше, креваше Т и затоа сега и' естрав на свекрва ми, ама па таа имаше 3 и пол години кога ја запишаа, а Михаил има 16 месеци. Па зарем нема да и биди потешко ако знае дека внукот и е во градинка запишан, а не е кај неа, не можи да го види кога сака? Не знам што да речам. Плус има и други причини за да го запишам таму, градинката ми е на пат за на работа и блиску ми е до мајка ми, ако има потреба тие некогаш да го земат
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
03.06.2011, 08:07
Felly RR
7977
Snowhitе, запиши го во истата градинка, но да не биде во групата каде што е свекрва ти, така да ќе може да го ѕирнува од време на време, но да не биде постојано со него. Ако постои ваква можност мислам ќе биде подобро. П.С. И ние вчера бевме во градинка да прашаме, ама сакаме од септември да ја носиме.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
03.06.2011, 09:33
AnnaMolly RR
6409
Snowhite, пробајте. Ако не оди - здравје. Така барем ќе речеш дека си пробала, нема да се мислиш што би било ако... Како и да е, важно Михаил да се навикне во градинка, а ќе се навикне. Што помал, полесно е, од искуство тикажувам. за двајцата!