Хелоу и од мене. Пијам кафе на работа, па еве и за вас направив.
А ми треба една дупла вотка зашто цела сум напната, Филип во градинка е катастрофа, цело време кенкал и викал „мама, мама“. Воспитувачките ми се жалат дека им бил напорен за чување, многу бил жив и со никој не сакал да си игра. Претходната недела ми се јавија во 13:30 и ми рекоа дека од 11 плачел, не можеле да го смират, да дојдам да го земам. Јас излегов од работа во паника, се качив во такси и очекувам да го најдам отечен од плачење. Ама кога дојдов тој пресреќен, си игра, се смее, ни трага од плачење. Се гледаше дека не плачел. И ја прашувам восиптувачката Па нели плачел 3 часа, како е сега вака расположен? И таа ми вика Не плачеше, туку е немирен и жив, цело време покажувал кон вратата, сакал надвор и не сакал да спие. Па, добро, бе луѓе, зошто се платени тие восиптувачки? Сега детето мене ако ми е живо и темпераментно да не го носам во градинка? Леле, многу ме изнервираа.
И вчера кога бев да го земам ми вика дека цело време лазел натаму-наваму, не се смирувал. „Многу е активен“ - така ми рече восиптувачката. И ја прашувам дали нешто треба да донесам, дали снемал влажни марамици и слично, а таа ми вика Па, ако продолжите да го носите, донесете! Е, ако е „многу активен“ да не го носам ли? Глупости!
Се изнапишував Ама си олеснав на душата
_____________________________
Live and let live