09.08.2011, 23:24
2148
- " Ќе те однесеме во рајот, но прво да го видиш пеколот "
Го однесле во пеколот, а таму во средината огромен котел со некоја кашеста материја која била храна. Околу котелот, преполно луѓе со јадни лица, прегладнети и несреќни бидејќи сите имале во рацете лажици долги по 3 метри. Имале храна, имале лажици но не можеле да ја принесат храната до устата, да јадат поради должината на истите. И така овие патетични луѓе и покрај изобилство на храна, гладувале и страдале.
Потоа ангелите го однесле човекот во рајот.
Очекувајќи сосема друга слика, човекот се изненадил кога и таму ја здогледал истата сцена. Повторно огромен котел со каша, повторно луѓе со лажици од 3 метри...само овој пат, луѓето биле насмеани, задоволни, среќни и најадени.
Во недоумица ги прашал ангелите:
- Зошто? Во што е разликата што овие луѓе се СРЕЌНИ ?
- Погледни поубаво - рекле ангелите ..
Се загледал човекот внимателно и тогаш ја забележал разликата. Секој од нив го хранел другиот спроти себе.
Со насмевка ангелите му рекле:
" ОВДЕ ЛУЃЕТО СЕ ХРАНАТ ЕДЕН СО ДРУГ... ОВИЕ ЛУЃЕ ГО НАУЧИЛЕ ПАТОТ НА ЉУБОВТА.
mnogu me bendisa i zatoa sakav da go spodelam si site vas,..pozzzz do site...