cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Син ми рецка не ми удира...

clock-img

24.12.2009, 11:14

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Иако моите деца не биле многу често или подолго оделени од мене сепак кога го оставам на некој немам проблем.Дури и чао и пољупче ќе си дадеме.Но кога треба да го земам ако не го фатам право него плаче за мене и наредниот саат неможам да го оделам од мене,значи бил добар но сепак сум му недостигала.

clock-img

25.12.2009, 09:37

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Дамјан гајле нема дава пољупче и вика та, та (чао чао) и кога ќе си дојдам како ништо да не било!!!

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

25.12.2009, 16:18

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

ееее кај нас овој период е проблем,залепен е за мене и кога излавам се кријам оти.........

clock-img

09.04.2012, 15:00

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

..баш рецка не ми удира. Завчера кога се вратив од пат очекував да се подмоча од среќа кога ќе ме види, а тој само ми се насмеа, ме гушна и пак си се врати на играчките, како да ме немало само 15 минути а не 2 дена. Исто кога го зимаме од кај сестра ми, оти сега таму мајка ми ги чува сите деца на куп, не можам да го одвојам од децава, со тегнење искачаме од врата. И не е лепенка за мене, барем сеуште, не. од кога се одбивме од цицање, малку повеќе се гушкаме и галиме ама не е лепенка за мене, па уште ако некој му рече дека ќе го носи надвор..user posted image

clock-img

09.04.2012, 15:15

clock-img

mamicki

pencil-img

1111

К има 8, 5 месеца, а претходниот викенд морав да бидам отсутна два дена, бев во Србија. Кога ме пречекаа на автобуска со мм, не сакаше ниту да ме погледне!, беше лут. И вечерта, до заспивање- исто, а утрото кога се разбудивме, како ништо да не се случило, ме гушкаше, ми се смееше, т.е се однесуваше вообичаено.

clock-img

23.05.2013, 19:35

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Денеска син ми си замина на гости со тетка ми( дојде кај нас на кафе ) и му вика ајде ќе идеш со мене , тој радосен ми иде ајде облечи ме.
Си замина ни а ни б.
Кога појдов да го земам заспал ( никогаш не заспивал досега без мене па и во туѓа куќа) кога станаме бркаше бегај мамо викаше и седеше со тетка ми.
После кога се расони почна гушни ме мамо, се полигави малку и одма му помина.

Може дека овие два дена бев болна па не му обрнував внимание се осети запоставен или незнам.
Иако е малку тешко( а верувам на сите мајки кога ова ќе се случи) сепак сум среќна што е самостоен и не е зависен и лепенка до мене.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

22.08.2013, 00:05

clock-img

deluxe

pencil-img

2479


ИЗВОРНА ПОРАКА: pepuska

Ние имаме 9 месеци тргнав на работа не плаче кога одам а кога доаѓам ја наоѓам весела проблемот е друг тотално почнува д аме игнорира . Не јаде од мене и веќе не заспива со мене , не сака ни во раце кај мене и почнува да ме излудува тоа некој со сличен проблем ?




_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

22.08.2013, 08:09

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

пепушка, најверојатно ти се лути што ја оставаш, зошто до сега била навикната да сте цело време заедно. Па сега на тој начин сака да ти покаже дека не сака да ја оставаш. Затоа биди трпелива, и убаво, зборувај и дека мораш да одиш на работа, сите мајки одат, а кога ќе се вратиш посвети и внимание и време само за вас.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

Последни статии

article-img