за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
планирам да купам од оние со вода што работат велат дека биле поубавиuser posted image
немој само ровус да земаш, ја имам дома, и баш и не е како на рекламите, пак мириса на прашина откако ке усисаш, како и со обичните машини, а и не влече ич...
07.11.2009, 00:33
mis.
3845
Пишав погоре дека ние имаме лив словенска и одлична е.Само што после секое чистење или уклучување треба целосно да се мие и исчисти.За секојдневна употреба мораш да имаш и некоја мини правосмукалка а вака со тие на вода секој ден да ја миеш е голема обврска.Тоа им е единствена мана.
07.11.2009, 00:41
nadica
4381
се согласувам со мис за тоа дека со воден филтер тешко се чистат а за секај ден ти треба помала но и едната и другата теба да ги пробаш и да не брзаш како мене купив на воден филтер но има мала моќност и тешко се чисти па и ја крадам на свекрва ми додека да си купам нова
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
07.11.2009, 18:32
mis.
3845
не оваа мојата за чистење е закон за ништо не ја менувам само што тешка е за одржување.
07.11.2009, 19:27
ripce
2148
ние имаме беко скоро ја земавме околу 4500 ден мислам дека беше, има посебна корпичка кадешто се собира ѓубето, ја вадам, го фрлам и повторно ја враќам во правосмукалката. Инаку многу добро собира влакна пошто мојава коса кај и да одам остава многу влакна. Ја користам најчесто 2 пати неделно, обавезно за викенд и еднаш преку неделата
05.12.2009, 15:18
ripce
2148
Правосмукалка
За отстранување на нечистотиите во домот (кои се внесуваат во домот 80% преку чевлите) најдобро помагало е правосмукалката. Правосмукалките се разликуваат по квалитетот на филтрација, изведбата, всисната моќност и ефективност, видовите на продолжетоци и нивната употребливост. Правосмукалките главно се делат на 3 групи :
1. На пазарот најзастапени се т.н. суви правосмукалки. Тие се лесни и едноставни за употреба. Кесите за собирање на прашината можат да бидат за еднократна или за повеќекратна употреба.
2. Во втората група се водените правосмукалки. Тие се предвидени за мокро и суво чистење, а може да се користат за смукање на течности од подот. Наменети се за поголеми простории, на пр. за подруми или работилници. Правосмукалката од типот три во една истотака е мокро-сува правосмукалка, но со дополнителна опција за влажно чистење на теписи или на тапациран мебел бидејќи имаат функција за шампонирање и смукање на истата течност. Недостаток на овие правосмукалки е поголемата тежина како и потребата за нејзино чистење по употребата.
3. Водените правосмукалки со воден филтер се правосмукалки со водена филтрација. Во рацете на демонстраторите тие изгледаат едноставно, но во пракса бараат прилагодување. Нивна предност е водениот филтер, па така наместо да се купуваат вреќички, пред смукањето едноставно само ставаме вода која ја има улогата на филтрација. Додатоци и длабинска четка - правосмукалките најчесто се опремени со различни додатоци за теписи, подови, тапациран мебел, агли. Скоро кај сите модели може да докупите длабинска четка. Овие четки имаат посебен дел кој се врти, па на тој начин може да се смука прашината уште подлабоко во материјалот. Постојат два типа четки :
- Длабинска четка со воздушно задвижување – ваљакот се врти поради потпритисокот во всисната глава. Со оваа четка може да се чистат теписи и површини на кои се седи. Со неа се постигнуваат за 10% подобри всисни особини од класичниот додаток и кај неа не е потребно постоење на додатоци како што е електрична утичница на правосмукалката и дополнителни кабли.
-Електрична длабинска четка-електромотор дополнително го придвижува ваљакот во всисната цевка. Тој му дава постојана брзина. На четката и е овозможена константна работа без разлика на дебелината на тепихот. Ефективноста на оваа четка е 20-25% поголема од четката задвижувана од воздух, а длабочината на смукање е 8-10 cm . Цената е двојно поголема од воздушно задвижуваната четка, а потребна е и правосмукалка со ел.утичница.
Дополнителна удобност – како мерило за квалитетот треба да се спомне и материјалот на куќиштето на правосмукалката. Тврдата пластика може да предизвика оштетување на мебелот. Подобрите модели нема да работата ако сме заборавиле да ја ставиме вреќичката. При изборот треба да се внимава и на производителот – дали ќе опстои на пазарот додека ја користиме правосмукалката за да корисниците може да се снабдуваат со филтри, вреќички и останата опрема.
< Поракaта ја уредил ripce -- 5.12.2009 15:19:04 >
05.03.2010, 11:00
mami
8680
Следната недела одиме во лов по правосмукалка, кренав раце од Ровусот...ај дајте некој предлог, ама да е не е 100 тона тешка или огромна
05.03.2010, 11:05
caci20
1049
Nie si kupivme od tineks za 1500 den i se pogodi super. Lesna za vleckanje levo-desno 1800W. FUEGO
_____________________________
Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...
05.03.2010, 11:06
mis.
3845
За жал мами таа што ќе ти ја препорачам е тешка и голема но влече мнооогууу Лив словенска со воден филтер.Многу сум задоволна со едно поминување се вади нема потреба од повеќе поминувања.околу 100 евра е а има и со можност за перење на теписи таа е 10 000 ден.А ровус никако.
05.03.2010, 11:08
mami
8680
Аааа со воден филтер веќе не, фала многу...Доволно ми беше со Ровусон..Цаци во Супер тинекс ја зема? Ги гледавме таму пред некој ден со мм, има интересни понуди...
05.03.2010, 11:21
caci20
1049
Da vo Super Tineks. I da ja menuvas na 3 godini se isplati. Moze ne e marka ama za mal stan e ekstra
_____________________________
Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...
05.03.2010, 11:24
mami
8680
Па така де..не ми треба нешто огромно..и онака не планирам да ставам теписони, па нема ни да има некоја потреба од неа. Освен Лука да си ја вози како камионче
27.04.2010, 01:29
kacarska
6
kade moze da se kupi taa pravosmukalka? fala
03.05.2010, 08:25
mina_m
480
nie ja imame ovaa masina,tepisite,plockite i laminatot glanc gi pravi
05.01.2011, 15:03
mosa
546
jas imam samsung 1800w i sum zadovolna od nejze od onie maleckite ko bumbarce sto se lesna e za prenesuvanle od sova vo soba.zadovolna sum od nea dve godini ja koristam ja dobiv na poklon od koleskite na majka mi.bi sakala da is kupam od onie so voda ama ovaa mi e nova i baska dobro me sluzi
_____________________________
BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!
05.01.2011, 15:05
mosa
546
i plus sega me zbunivte so vasite komentari deka vi se problematicni ovie so voda sto se i neprakicni.
_____________________________
BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!
02.02.2011, 09:56
Natuska85
3613
Женски чопер Харли Дејвидсон .А шо викате за една ваква правосмукалка
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
02.02.2011, 10:00
Палешка РР
7505
Ова ме потсети на Том Круз Богами, да имам ваква само ќе метам
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
02.02.2011, 10:06
nadica
4381
jaс само што ја земав мојата да сметам од оваа ќе имам инспирација
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
02.02.2011, 10:33
mamamoni
492
јас ја имам rainbow машината за чистење и ептен сум задоволна ароматизерите ми се потрошија и сега по малку во водата ставам омекнувач и теписите се како сега перени и цел спрат мириса и плус го прочистувам воздухот со неа секој ден затоа што имаме мало бебе. малку е скапа но многу е ефикасна
_____________________________
Daughters are another version of yourself, but only better !
02.02.2011, 10:50
skorpijana
683
kaj mene vcera cistea so kirbi mnogu ubavo ciste ali mnogu pari e tepisite kako novi gi napravi a pak kolku prasina izleze od niv so da vi kazuvam em pred da zemat da cistat usisavav ekstra e nemam zborovi ali i parite ne se malku
26.02.2011, 01:15
suzeto
1297
kirbi e stvarno ubava no za sekoj del od domot treba so razlicen dodatok,mene me nervira prvo tepisi da smukam pa posle parket,nemozam taka so preskoknuvajne ,i e dosta teska,a sestrami ne moze so druga da smuka osven so kirbi,mene mi bese tesko stvarno,jas imam sega obicna i ubava mi e samsung 1300w ama stvarno e jaka aku ima tolku malce W,i sama se cudam kaj dedomi zedovme 1800W ispadna mojava so 1300W podobro smuka
26.02.2011, 02:24
aleksandra90
124
Jas isto ja imam rainbow pravosmukalkata i epten mnogu sum zadovolna od nea.. Stvarno e skapa ali i vredi za tie pari. Plus ima 15 godini garancija. Kako sto mamamoni ima navedeno pogore, stvarno e epten efikasna, tepisite gi pravi kako novi a baska za mirisite sto ja osvezuvaat celata kukja..
27.02.2011, 12:33
Snowhite RR
5042
Јас имам со воден филтер, убаво чисти, но за одржување е тешка, повеќе време губам да ја исчистам правосмукалката, отколку да исчистам дома, сакам да си купам уште една помала, за собирање на трошки на пример или така нешто кога ќе се растури, а таа да ја вклучувам кога правам генералка
< Поракaта ја уредил Snowhite -- 27.2.2011 12:39:41 >
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
25.09.2011, 19:38
ane.d
20
на колектива има убава понуда за една правосмукалка со 50% попуст, правосмукалката е H2O VAC Карактеристики на правосмукалка H2O Vac од скај шоп
*2200 Watt
*1 ХЕПА филтер
*1 телескопска цевка
*1 папуча за тапациран мебел
*1 папуча за секаква намена
*1 гумена папуча за водени површини
*4 дополнителни папучи
*1 додаток торба, дали некој има искуство со ваква правосмукалка или има слушнато нешто за неа,пишете оти бремето е ограничено за купување или видете ја на kolektiva.net