за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
mojot grad kriva palanka ke vi pustam sliki drug pat da vidite kolku e ubav
< Поракaта ја уредил Bile -- 17.9.2009 22:37:49 >
19.09.2009, 12:50
karla
224
WOW!!! Ne veruvav deka veles ima tolku mnogu obozavatel(k)i, no mnooogu mi e drago poradi toa. Pokanata za pastrmajlii seuste vazi, samo malku da zaladi i pocnuva sezonata. Pozdrav i Ve ocekuvam
19.09.2009, 20:16
agnes77
1959
сви градови во македонија су убави
14.12.2009, 13:18
mother 29
4405
14.12.2009, 13:39
Еца
6692
Кочани - многу убав град. Јас во Кочани сум кума, многу пати сум била таму и можам да кажам дека е најчистиот град во Македонија.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
14.12.2009, 13:39
tereza
784
мојот град е Битола и премногу си го сакам градот.Нормално Широк Сокак како дел од денската и вечерната шема ги има симпатиите на сите битолчани од најмало до најголемо.Старата градба што на таа улица посебно плени со убавината.Пелистер-и летните и зимските денови таму се незаборавни. Тумбе Кафе одлично место за пешачење,прошетки и релаксација. Хераклеа античкиот локалитет во кој секое лето има културни збиднувања, кои во Битола, посебно ги има и во лето и во зима,одличен театар,кино претстави, Манаки филмскиот фестивал,Интерфест...И морам да ги споменам и конзулатите на многу земји кои ги имаме тука.
Еее баш сакав да ставам слики од нашиот град... Еве уште некои слики од мојот град, на Адријана, на Драгана и на сите Штипјани
Музеј и Црква Св Никола
Плоштад Слобода
Црква Св Богородица - Ново Село
Уметничка галерија - Безистен
шеталиште покрај река Отиња
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
18.04.2010, 16:42
Aleksandra
309
Jas sum rodena vo Skopje, mojte roditeli se od Veles i jas VELES si go sakam kako roden grad, koga ke go vidam toj prekrasen grad vednas mi se punat bateriite 100% i kako mornici da me lazat od toa kolku mi e ubavo vo toj grad.... Se si mislev deka ke se omazam vo Veles no ja nemav taa sreka, za zal... Taka da i jas se vklucuvam vo obozavatelite na VEEELLLLEEESSSSS
18.04.2010, 21:47
BILE.F
670
Јас сум родена во Неготино, а скоро 11год живеам во Скопје. Во Скопје најмногу сакав да пешачам по тротоар на Партизанска, кога има снег.Тоа ми е првото најубаво нешто доживеано во Скопје, тогаш живеев во Тафталиџе 2. Сега сум во К.Вода, ги обожавам викендите пешачејќи до Крстот, возењето велосипед во парк,Калето, а богами и дискотеките, и кафињата на Кеј и Македонија! А Неготино ми е во срцето: Мирно, урбанистичко и модерно гратче! Познато по лозарството т.е виното и ракијата и веселиот и друштвен народ! Има убави терени за тенис, фудбал... Саат кулата е прекрасна, манастирот Св.,,Ѓорѓи,,, црквата Св.,,Атанасиј,, како и кејот кој води од Центарот до спортската сала.Го заборавив Неготинскиот панаѓур кој трае три дена, Боемската вечер.... Поново: Најубавиот базент во Македонија со добри журки! И уште многу,многу убави места......
< Поракaта ја уредил BILE.F -- 18.4.2010 21:49:21 >
_____________________________
Пред да скокнеш, кажи оп!
18.04.2010, 23:05
betpet
302
Eve nekoja slika od ubaviot Veles, vo vecerna idila so prekrasniot sneg za 8 mart, kako i nesto drugo
_____________________________
Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)
18.04.2010, 23:55
Rossana
1239
utre ke prikacam poveke sliki od Strumica i od okolinata :)
18.04.2010, 23:59
Cacko
1127
Moj grad e Skopje,isto i na moite roditeli ,a sliki nema da vi postavuvam posto site veke ste go videle
_____________________________
Think Pink
17.01.2012, 14:17
Pepelaska *
3820
Мојот град е Кичево ,кога би ми дошле на гости прво би ве однела во овој манастир
и би ви раскажала дека манастирот бил многупати рушен и пален , била преместена иконата на Св.Богородица но секогаш таа се враќала на ова место.Ние овде се венчавме, прекрасно е има некоја магија местово
оттука ќе ве однесам до Куќата на уметноста на кафе и ручек , каде што секое лето има ликовни колонии и има уметници од цел свет
ќе ве однесам и до калето за кое има легенда дека тука живееела сестрата на Марко Крале,
ова е дело на уметниците
< Поракaта ја уредил Pepelaska### -- 17.1.2012 14:19:23 >
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
17.01.2012, 15:05
Melanija RR
7052
Pepelaska### баш ме изненадија твоите слики .Пред 7-8 години последен пат бав во Кичево но невидов баш многу.Блиц и низ пролаз,а имам одено и на автомобилските трки кај касарната. Добро е да се знаат овие места.Фала
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
17.01.2012, 15:24
Pepelaska *
3820
Меланија, низ градот нема мнгу кај да одиш овие места се околу градот ама не се далеку за 10 мин си таму со кола, инаку повели ќе те прошетам а на трки одев и јас
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
17.01.2012, 15:52
Melanija RR
7052
Фала Пепелашке ќе има во предвид
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
17.01.2012, 17:40
kuklicka26
220
17.01.2012, 17:42
kuklicka26
220
17.01.2012, 17:45
kuklicka26
220
17.01.2012, 17:50
kuklicka26
220
Еве неколку слики од Гевгелија,ова е на влезот од Гевгелија,таа погоре сликата со снег е плостадот на Гевгелија во снег,што е многу ретко .
17.01.2012, 18:01
kuklicka26
220
Подолу на сликата се палмите пред општината,па градската библиотека Гоце Делчев .Па еве го манастирот Свети Спас Па следува археолошкиот локалитет Вардарски Рид И по една слика од казината во Гевгелија,поради кои ја нарекуваат Македонскиот Лас Вегас