за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Imaj vo predvid deka pogolema grupa znaci pobrzo vo skolo. A promenata neka ne te plasi, na sin mi edno cudo ucitelki mu se smenija, i poveke jas se stresuvav poradi toa otkolku toj. Ama toa sto nie ne go gledame e deka tamu vnatre decata gi znaat skoro site ucitelki pa ne bi trebalo da im bide problem. I mnogu se povazni drugarite otkolku ucitelkite.
_____________________________
Allways look on the bright side of life!
08.04.2010, 09:30
mother 29
4405
ке им носат нови деца од јасли(дека таму има многу),ке ги префралат во преодна кај Марко,а од кај мојот 3 деца најголеми по список ке одат во прва мала! и Марко е во тие три! и сега јас не сакам ,може пак, да го поминуваме периодот на адаптација таму со новите,може ке ми одбива одење в градинка..не знам ккао ке реагира.нова средина а пак и Ивица е на списокот!?
08.04.2010, 09:37
mother 29
4405
не знам..ептен го сватив трагично! таман се навикна и се супер беше....не ги знае новите учителки,а овие што му се сега, се најдобри(барем како такви сите родители ги знаат) ....тие не излегуваат од стаја,таму им носат јадење,ги ранат сеуште.вака во новата група, би значела идење во трпезарија- рака за рака,јадење делумно сам..колку ке биде најаден тие се сите поголеми таму ,може ке го тепаат леле не знам, многу ми е тешко! а па кога ке ми текне за Ивица тој кога влегува насабајле во стаја ,веднаш кај него оди и продолжуваат заедно да играат!?
< Поракaта ја уредил mother 29 -- 8.4.2010 9:38:11 >
08.04.2010, 10:16
majka 79
836
ah toj prv den vo gradinka. vcera na martin mu bese prv den da ostani so spienje vo gradinka. so ucitelkite bev dogovorena da mi se javat ako placi, no ne mi se javija. jas mislev deka e se vo red bidejki minatata nedela go ostavav samo po nekolku sati i super pominuvavme. no koga vcera go zedov ocinjata mu bea oteceni od placenje. lele srceto mi se raspara. dusicka mila, se nazalil i placel pred da zaspie. cela nok nesum spiela od sto mi bese maka. i mu vikam na ucitelkite zosto ne mi se javivte da go zemam, za da go prodolzime periodot na adaptacija, postepeno da se naviknuva. tie mi vikaat nema potreba, " ajde, ajde nisto ne e toa, ke se navikni.....malku poplaka" a toa dali malku poplakal za da mu otecat ocinjata, nikoj ne znae. otkako e roden ( a ima 2 god.) nikogas ne sum go ostavila da placi tolku. srcevo mi e rasparano. ke puknam
08.04.2010, 12:40
zami
574
Ah bre majki se da se sfakalo maksimalno tragicno, pa posle ke vikate lele od ova decava kosa mi obele. Epa da vi kazam ne e od decata od vas sami te e . Nie sami si gi pravime filmovite od tipot, lele deteto. Alooo ne mu e nisto na deteto, kako i site deca taka i toa pa i da ne jadelo nekoj den ke vidi ke nevidi ke proijade i crvi. A od placenje nikoj ne umrel. Kako mislite da porasnat. Pa i da go tepa nekoj ke ima pricina da nauci da se brani. A vo skolo koga ke odat, tamu mislite deka nekoj ke gi gleda.
Pak ke kazam i mene srce me boli koga placat i tugite deca vo gradinka ama koga nema koj sto da pravat sirotite, a i da ima koj sepak da znaete PODOBRO VO GRADINKA SO DECA OTKOLKU DOMA SO BABI. Kolku i da se dobri babite sepak socijalizacijata vo gradinka e pozitivna za decata.
Eve sin mi vo gradinka nauci se da jade, znaci nema sto nejade, tamu si spie seuste preku den a doma koga e odi nateraj go da legne, ucat postojano novi raboti, higiena, pesnicki, mojot bidejki e golema grupa spremaa i predstava.
I da ne vi kazuvam pa koja gordost za nas majkite e cestitkata izrabotena vo gradinka i pesnicka za majkata.
Zatoa olabave te gi malku decata, ke se snajdat i samite.
_____________________________
Allways look on the bright side of life!
08.04.2010, 14:47
big_mama817
1331
се сложувам со постот на зами во целост навистина и ние родителите малку повеќе претеруваме па послем др ни е крив сепак тие се наши деца и треба да сфатат дека некој работи во животото не се розови и дека секогаш не може да биде по нивно условно кажано сепак вака се осамостојуваат побрзо ќе кажам дека и мене не ми беше лесно кога го пуштив во гарадинка со неполни 12 месеци но знев дека така ќе му биде подобро односно побрзо ќе се социјализира ќе биде со деца од друга вера и нација што се покажа многу добро и сам ќе мора да се научи на некој работи дека мама секогаш не може да биде со него во смисол кога ќе се степа или сл тоа е мое мислење
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
08.04.2010, 20:19
mother 29
4405
ви благодарам на сите....... друг ми беше проблемот!неспорна е социјализацијата во градинките,не го одрекувам тоа! не е хумано така мали деца да ги малтретират и по два пати во една година да им менуваат учителки и другарчиња...а и не гледам ништо добро во тоа ,ако моето дете се одерува плачејки при адаптација по два пати во годината,како ке му текне на некој таму!?ако можам , ке го поштедам и него и мене од малтретирање..ова за мене беше една од многуте глупости во моето секојдневие.. инаку си го решив проблемот..Марко си останува кај истите учителки,со истите другарчиња како и досега,да се социјализира!
< Поракaта ја уредил mother 29 -- 8.4.2010 20:20:35 >
09.04.2010, 08:29
April
1257
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29
не е хумано така мали деца да ги малтретират и по два пати во една година да им менуваат учителки и другарчиња...а и не гледам ништо добро во тоа ,ако моето дете се одерува плачејки при адаптација по два пати во годината,како ке му текне на некој таму!?ако можам , ке го поштедам и него и мене од малтретирање..ова за мене беше една од многуте глупости во моето секојдневие..
потполно те разбирам...и јас би реагирала...сепак е мал за да биде изложен на чести промени и адаптации...
19.04.2010, 11:42
Maca25
7558
Првиот ден во градинка помина супер. Иако беше само еден саат за почеток, воопшто не рекла мама или пак ме побарала. Јас цело време бев надвор и ја мислев, што прави, да не плаче, да не паднала, да не удрила некого... триста работи ми се вртеа во глава. После 45 мин. дојде едната воспитувачка и ми рече дека е супер, си земала една кукла и си ја шетала ама не сакала сама да оди, ја држела воспитувачката за рака. Ќе видиме утре како ќе биде. Утре одиме порано, да фатиме доручек, да видат како јаде и дали јаде. Ја прашувам Нина што имало во градинка и ми вика: бебе, дада, тета. Бебе и е куклата, дада се децата, а тета е воспитувачката. Ја прашав дали ќе одиме утре во градинка и вика : ДА!!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
03.05.2010, 08:09
mami
8680
Сако што го оставив Лука во градинка..си зема камионче да вози и не ме ни погледна...Ми рекоа да дојда м за два часа да го земам...Е сега малку го мислам дека кога излегував доаѓаше едно детенце помало од него и плачеше, па ми е страв да не почне и тој да плаче Уф ама ми е мака...знам дека е за негово добро ама мака ми е
03.05.2010, 08:29
mina_m
480
ne se sekiraj mami ke vidis deka brzo se prilagodil so drugite decinja,mislam deka prvata nedela potesko im e na roditelite(kako ,sto ke bide)odkolku na decata....
03.05.2010, 08:49
big_mama817
1331
мами дсе надевам дека супер ќе си помине немој многу да го мислиш сугестијата е опасна работа поз
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
03.05.2010, 08:50
Viktori
5329
мами, ако не плачел од врата, немаш гајле. се сложувам со мина_м, потешко им е на родителите отколку на децата. Ако се заиграл веднаш, добро е. И кога ќе го земеш разговарај во врска со градинката позитивно со него, не со испрашување што, како и зошто.
< Поракaта ја уредил виктори -- 3.5.2010 8:52:36 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
03.05.2010, 09:09
Maca25
7558
Браво за големиот дечко Лука!!! Мами немаш гајле! Ќе си најде он другарчиња и ќе сака да оди во градинка. На нина вчера и викам: Леле мами утре одиме во градинка кај бебињата!! и нина мафта со прстето и ми вика НЕ!!! леле ме фати паника, што ако не сака да оди. Денес кога ја однесов малце се пикаше во моите нозе, ама кога и рекоа дека децата ја чекаат одма во занимална. Паметни се нашите дечиња.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
03.05.2010, 23:21
agnes77
1959
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
Сако што го оставив Лука во градинка..си зема камионче да вози и не ме ни погледна...Ми рекоа да дојда м за два часа да го земам...Е сега малку го мислам дека кога излегував доаѓаше едно детенце помало од него и плачеше, па ми е страв да не почне и тој да плаче Уф ама ми е мака...знам дека е за негово добро ама мака ми е
znam da ti je teško, ali svaki den bit če bolje
07.05.2010, 16:29
antonio srce
1
zdarvo jas sum nov clen.forumov e super.imam tri god. sin i se spremame za pocetok vo gradinka.do sega ne bilodvojuvan od nas i malku sme nesigurni .znam deka e podobro da e vo gradinka samo ne sum sigurna za higienata i drugite uslovi vo grad.
07.05.2010, 16:40
Julie1
2354
Добредојде антонио срце, не размислувај драга така, утре ќе мора и на училиште да одат и таму хигиената не е на завидно ниво.. но не можеме секогаш во стаклено ѕвоно да ги чуваме. Колку побрзо стекнат имунитет толку подбро, само позитивно размислувај одбери соодветна градинка, консулитрај се со други родители за нивно искуство од градинките.. Поздрав и пријатна дружба на Рингераја.
_____________________________
And this is my beautiful life ...
13.06.2010, 11:17
Saturn
208
Ајде искусни мамички дајте совет или коментар. Веќе не знам дали е нормално и не знам до кога да очекувам ова да трае. Ќерка ми оди во градинка 10 дена и е ужас, стресно со плачење корнење. На одење повраќа пред да влезе во групата од толку напињање, на враќање кога ја земам толку стресно плаче, мислиш некој ја коле. Она е и онака едно исклучително „стресно дете“ по околина, под ова подразбирам дете што ги стресува другите со плачење и однесување. Не зборам за мене како мајка, туку приметувам дека сите и се притресуваат, баби, тетки, комшивки ... Имам и син и гледам колку е он поразличен од неа, колку ме смирува. Со него одењето на вакцина е нешто нормално а со ќерка ми , па тоа ми беше траума која трае едно 48 саати. Во градинка кога ќе влезе сега си оди во еден ќош, не сака да си игра со децата, а на друго место знае да си игра со по едно две деца без проблем. Негувателките се баш фини, она има кажано дека си ја сака учителка Ане. Ама пак ова со стресново плачење и е како условен рефлекс. Знам дека за тоа нема реална причина. Ем со кукла оди теаму, однесовме и наши цртани кои и ги пуштаат, со сопствено шише со сокче. Таму не јаде, во ред рано е можда. Најголем чекор е тоа што таму мочкала и какала. Ама сега после секое спиење дома станува во страв дека ќе ја носиме во градинка. ако ме види како земам нешто од нејзиниот гардеробер почнува да ќенка и да вика несакам во градинка. Ја прашувам секогаш дали некој ја карал, дали ја удрил и сл. И единствено што се пожалила е дека децата ја „закачаат“, после препрашување ми кажа дека под тоа подразбира дека некое дете ќе и почне муабет или ќе ја земе да си играат. Јас првите 2 дена бев внатре во просторијата, ми дозволија очигледно е „тежок случај“. Гледам дека воспитувачките се многу фини, а деца ко деца, трчаат, играат, викаат, некое ќе заплаче, некое ќе се смее... она е втора група јасли. Гледам дека вашите деца доста лесно и бргу се адаптирале. Нормално ли е ова со моево, колку може да трае. Не знам веќе како да и помогнам да не и е стресно нешто жто може да и биде убаво само ако дозволи. Имате ли совет?
19.06.2010, 23:42
Maca25
7558
Сатурн, колку години има твојата ќеркичка? ДАли би можел син ти, ако е постар, да и каже дека и тој одел или оди во градинка, дека нема зошто да плаче и сл. ? Мислам дека е нормална појава, некои побргу се социјализираат и ја прифаќаат новата ситуација од други деца. Многу родители би се откажале од градинка после третото носење, но јас мислам дека ќе издржите и дека ќе и помине. Треба да најдете барем едно детенце со кое би можела надвор да си игра и да се дружи па после нивната дружба да продолжи и во градинка и така да се опушти. Мој совет ти е да побараш број од некоја од мајките и да ги однесете неколку пати да си поиграат заедно, па може тоа детенце да и помогне.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
20.06.2010, 16:22
Saturn
208
Благодарам Maca 25, и јас помислував на истото. Барем некое од децава да ми беше познато, не сум ги видела во околина. Еве ја поминавме тертата недела, сеуште станува со плачење и :„не сакам да одам во градинка“ ама има мал напредок. Не плаче цело време, почнува полека да се опушта, прво со учителките и почнува да си игра со играчки, со деца помалку. Се надевам оваа недела уште подобро да биде. Инаку син ми е 6 месечен Криво ми е што одбива да појадува, всушност лошо почнала, ја ранела една негувателна и и повратила, многу е лесна на повраќање и сега изгледа од страв не сака ни да појадува. Тешко ни иде, ама има некакво подобрување. На крај кога ја земам (пред ручекот) си е баш ок, им праќа бакнежи. Но повторно секое будење е: не сакам да одам во градинка!
20.06.2010, 23:15
Maca25
7558
Сатурн мора да бидеш многу силна. Знам дека е тешко кога го гледаш своето дете да речам дека пати, но што да правиш. Ако нема кој да го чува, ќе мора во градинка. А колку години има ќеркичката? Ако е поголемка, пробувај со зборување, зборување и многу зборување, дека не е ништо страшно, дека ќе научи нови песнички и игри, прашувај што правеле дента во градинка и повторувајте го истото дома. Кажи и дека и братчето ќе оди во истата градинка, па дека она ќе го пази, дека ќе се грижи за него. Во која градика оди? Може тука на РР ќе се најде некое детенце од таа градинка.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
21.06.2010, 11:11
big_mama817
1331
ние здравје од септември во поголема група сега сме во јасли мала и во друг објект и со други учителки групата им е иста и во исто врме сум и среќна а и тажна некако као да ми порасна детето преку ноќ
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
21.06.2010, 12:34
Saturn
208
Колку си бре златна Maca25 . Ќерка ми за неполни 2 месеца ќе полни 3 годинки и секој ден и зборам за градинка колку е убаво, колку се мили дечишата, колку ја сакаат учителките. Сега после одмор ќе побарам контакт од некоја мајка што живее тука во близина па надвор да ги прошетаме, да почнат да се дружат. Баш денес и зборев дека кога брат и ќе оди во градинка она ќе треба да му помогне, да му кажува дека е таму убаво ... Правиме некакви мравји чекори, сега не плаче таму (можда малку) само кога ќе ме види вриснува во плач и кога ја носиме (како некаков условен рефлекс) не премногу нападно но во текот на денот секогаш ја препражувам за во градинка, за децата. Уште не јаде. Уф, ова ќе потрае, сенадевам додека да тргнам на работа ќе се навикне. И она е од септември во мала група градинка, сега е во втора јасли.
22.06.2010, 13:43
fila
225
Zdravo saturn eve daa ti go kazam moeto iskustvo Sin mi go zapisav vo gradinka na 1-vi dekemvri 2009 i bese pekolno placese vristese odbivase da jade znaci 9 saati bese gladen pa pocnav od sabajle pred da odime da go ranam doma samo da ne e cel den gladen i toa traese nekade do januari koga mu oslabe imunitetot i zavrsivme vo bolnica so bronhopnevmonija deset dena i koga izlegovme od tamu sedevme doma uste 2 nedeli i potoa pak vo gradinka i pak ista pesna samo sto ovoj pat ucitelkite mnogu se trudea da go ubedat da jade i posle dva meseci uspejaa i od togas navaka moeto dete ne gi saka sabota inedela zasto e doma saka vo gradinka so drugarite ama se morase da pomine i da se izdrzi zatoa sto nemase koj da go cuva
22.06.2010, 14:22
Saturn
208
Леле Fila и тебе ич не ти било лесно. Се надевам дека и мене ќе ми се деси ќерка ми да вика САКАМ ВО ГРАДИНКА наместо НЕЈЌАМ ВО ГРАДИНКА Ама денеска сум среќна. Еве четврта недела почнуваме и денес јадела сабајлето пудиг од чоколадо и не го повратила (негувателката ми кажа) и си играла со некое девојче (се надевам не измислува), многу малце плачела и толку бев среќна