cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Првиот ден во градинка /училиште

  
clock-img

04.07.2010, 11:15

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Нина моја една недела е во градинка, две дома. Секоја втора недела е болна. Ќе полудам веќе. Ама не се откажувам од градинката. Од утре почнуваме пак. Ја гледам дека сака да оди, а и посмирена е кога ќе дојде дома, се има изнатрчано таму и изнаиграно, си знае ред за јадење, спиење, а не сега дома е збесната, не знам веќе што да и правам. Мм сака да земеме жена дома да ја чува, за да не се разблоува толку, ама јас сум против. Еве една недела беше со свекрва ми дома, и детево ми збесна. Никогаш не била толку агресивна и љутка. Плаче за се и сешто. Свекрва ми се и давала, со се да си игра, а јас кога ќе дојдам не и дозволувам да си игра со храната и одма се лути и тепа. Што ќе направам ако ја оставам дома до 5 години?!?! Ништо. Кога ќе тргне во школо, пак иста песна со разболувања. Затоа мислам дека градинката е најдобра опција.
Мамички бидете издржливи, Ќе се навикнат вашите малечки, само им треба време и многу зборување. user posted image


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

04.07.2010, 11:17

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

И да се пофалам, ќерка ми имала другарка во градинка - Клара, цело време заедно си играле, најдобри пријателки биле (воспитувачките така ми кажаа ), многу се сакале, ама па и многу се тепаат. Двете сакаат исти играчки. Срцки.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

01.09.2010, 11:42

clock-img

lila_mk

pencil-img

88

user posted image bravo za malite ringerancinja koi ubavo go podnele prviot den vo gradinka. mojava placese , vriskase, pocrvena , potece od placenje ja ostaviv 30 - 40 min ama celo  vreme placese.9 deca se vo grupa ni edno ne dese dojdeno, negovatelkata truna - 7 mesec sto znaci ke si odi kaji dae ....neznam kako ke bide  ama mislv polesno ke se adaptira.

clock-img

01.09.2010, 18:56

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Со среќа на сите првачиња и ученичиња user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

06.09.2010, 10:17

clock-img

blagica*

pencil-img

10

zdravo i moeto dete pocna da odi vo gradinka ama place povraka so da kazam prviod den go ostaviv 2 saata i celo vreme placel i povrakal 2-3  placese po malce ama stanuvase koga ke go viknam ama sabjlevo ne saka da stane morav da kazam deka nema da odeme za da stane srce place celo vreme i kojznae kako ke pomine mojot plackouser posted image

clock-img

06.09.2010, 10:22

clock-img

nadica

pencil-img

4381

еве да ви се пофалам и надица од денес тргна во градинка само што ја оставив па ќе видиме како ќе биде
ја однесовме прво во поблиската ама имало мн деца па сакаа да не стават на листа на чекање или да ја носиме во таа подалечната, па се одлучивме за подалечната што всушност и беше нејзина желба бидејќи и кумашинчето оди во истата user posted image  ја пуштив и замина не се ни сврте да ме побара дали сум тука user posted image  за 1 час треба да одам да ја земам па ќе ви раскажам како поминала

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

07.09.2010, 10:40

clock-img

nadica

pencil-img

4381

user posted image user posted image user posted image  вчера супер поминавме кога отидов да ја земам плачеше бидејќи сакала да спие таму со сите деца
и утрово со мерак отиде ама пред 15 мин бев да ја земам бидејќи плачела бидејќи не е се само за неа и не се врти светот околу неа user posted image  сега кога се смири ја прашав дали сака пак да оди и вика да утре кога ќе станам user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

07.09.2010, 10:45

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

user posted image за Надица, умна на мама 

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

07.09.2010, 10:47

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

user posted image user posted image user posted image за Надица. Их, што сакам кога децата сакаат да одат во градинка..

clock-img

13.09.2010, 10:03

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

Ги однесовме денес прв ден во градинка. Кога си отидовме беа добри, не се побунија. Имаше едно девојче што плачеше, па малку поради неа се вознемирија, ама после беа ОК. мм ги земај во 9:30 и учителката му рекла дека плачеле, едната повратила од плачење. Он вика, таму хорор - сите деца плачат ... ај ќе видиме утре како ќе биде. Као децава му рекле на мм дека ќе одат и утре, ама кој знае како ќе биде сабајле...Се си мислам дека почнале да плачат кога ги виделе другите деца дека плачат - такви се - сфатиле дека нешто не е како што треба штом има деца што плачат.

clock-img

13.09.2010, 12:04

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

Исто и кај нас беше, денес ни беше прв ден во градинка, цела група плачеа, некои по креветчиња, некои по земја, некои во раце... нормално, ни Борјан не изостана, повратил од плачење, разбирливо... чекав пред градинката, беше внатре околу 40-тина минути... само што слушнав дека плачат деца, знаев дека и тој ќе се вознемири, па него да му писне едно дете пред фаца одма се расплакува, а не па 5-6 одеднаш...ми рекоа дека плачел, ама не току потресно ко други. Кога го изнесе воспитувачката, само што ме виде одма престана да плаче... мислам дека нема да биде толку тешко, видов и полошо, дај боже бргу да се навикне...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

13.09.2010, 23:06

clock-img

sinolicka

pencil-img

180

denes ni e tret den vo gradinka. prviot den placel i ednata vospitacka go iznela nadvor da si igra na kjuljaskite pa se smiril. vtoriot den mnogu placel i od sto bil voznemiren zaboravil da kaze deka mu se mocka a i ne im dozvolil da go preoblecat so sila go preoblekle a denes 3 den malku podobro placel se smiruval i taka po red. denes se dogovorivme so vospitackata da go nosime vo 9 do togas ke si odat novite deca sto se i ke nema tolku placenje pa ke vidime.ama od 1 saat poveke nema sansi sega za sega,pa ke vidime dali ke se navikneme

clock-img

14.09.2010, 09:59

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

Никаков проблем не направија, ги оставивме и си влегоа фино без да се бунат. Едната беше радосна, другата малку така натажена, ама јас вчера сто пати им повторив дека нема да плачат, а ако се тажни наместо да плачат да се побараат една со друга и да се гушнат. Така да се надевам дека денес нема да плачат...

clock-img

14.09.2010, 10:01

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

Абе изгледа дека е подобро да ги носиш од 9:30 - 10:00 Тогаш тие што плачеле се смириле или веќе си отишле, ама не знам зошто наставничкиве не направат некоја таква шема, па да нема милион деца што плачат во исто време. Во оваа група кај што се моиве сите деца се нови, а од сабајле има само една учителка, другата доаѓа во 9.

clock-img

14.09.2010, 23:50

clock-img

nadica

pencil-img

4381

кај нас денес почнавме со проблеми
предходната недела ја носев наутро и пред спиење ја земав без поголеми проблеми поминуваше ама денес не сакаше да остане па се истопила и самата и учителкаата ја истопила(подоцна сама ми раскажа) плачење, лутење...
за утре се договоривме подоцна да ја однесам појадена бидејќи таму не сака да јаде ништо па ќе видиме како ќе помине

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

20.09.2010, 11:04

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

Еве ме и мене, морам да се пофалам супер напредуваме... го оставив во 8.10 и се вратив во 9, ми кажаа дека појадувал, и да се вратам во 12 да го земам, супер бил, на влегување плаче, ама после се заигрувал... сега не ме држи место до 12 се мислам одма да одам, да не му е многу 4 саати, а втора недела почнуваме како што оди...user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

20.09.2010, 12:49

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

Jasmina27 мислам дека не е многу. Моите во петокот им беше пети ден и беа до ручек, ги зема мајка ми во 11:45. Оваа недела така ќе правиме, па здравје од идната ќе видиме да почнат да спијат таму и да ги земаат во 15:00.

Супер се сега за сега, освен што и двете имаат затнат носuser posted image , ама па кој нема, и јас сум затната и пола луѓе што ги знам...Е сега не дека сабајле станувата и трчаат за да идат у градинка, ама не прават проблем и таму се супер, си играат, си јадат и што ми е особено драго ни еднаш не се измочале во гаќи

clock-img

20.09.2010, 13:22

clock-img

jovanka

pencil-img

1745

Denes mu bese petti den taka da golem napredok iako sme na pocetok na nedelata malku placenje standard od sabajle no posle koga dojdov zaigran so decata.Mnogu e vazno i samiot kontakt dete+ucitelki+roditel =uspehuser posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

clock-img

21.09.2010, 17:08

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

таман се навикнаа и мислев да спијат од утре во градинка, они некоја настинка имаат. Бевме денес на лекар, вика едната може да иде во градинка, ама не знам дали ќе сака сама...другата ми рече да поседи дома дека малку полоша и е настинкава, ама не е ништо страшно нема никаков наод...тоа е, од што ќе ни бееле косата? user posted image

clock-img

22.09.2010, 14:12

clock-img

jovanka

pencil-img

1745

Denes posle edna nedela sme bez placenje tolku milno si ja gusna ucitelkata user posted image .

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

clock-img

23.09.2010, 00:13

clock-img

sinolicka

pencil-img

180

9 dena odime vo gradinka i duri poslednive 3 dena sme malku podobri izdrzavme 3 saati i pomalku placel.zamislete kako mi e odam da go zemam i nikoj ne place samo matej moj taka zalno place i vika mamo molim te dojdi.ama sepak napredok ima pocnal da kazuva koga mu se moca i pocna da ja spomnuva gradinkata i decata inaku ne sakase da go slusne zborot gradinka. 

clock-img

23.09.2010, 01:05

clock-img

nadica

pencil-img

4381

и надица денес беше подобра
утрово по навика бидејќи ја будам измислува 1001 причина за да не ја спремам де и се мочка де и се кака де не го сака тоа боди де сака долги ракави... ама кога стигнавме до градинката ме изненади отиде кај тетката ми мафна за чао и вика „мама дојде после земе“
инаку оваа недела седи цел ден без проблем само несака да јаде ништо таму се надевам дека наскоро ќе го надминиме и тој проблем

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

23.09.2010, 11:08

clock-img

misticia

pencil-img

213

Првиот ден во градинка беше добро, ја однесов кажуваше по пат што ќе правела таму, се радуваше - на врата кога си одев почна да плаче

е сега другиот ден е друга приказна :) метев по улици со неа додека ја однесов, плачеше, измислуваше причини, и сеуште секое сабјле со песни го почнуваме. Станува и вика мама не денес во градинка а? Денес недела е?
Ќе ги разбудиме сите и бебето па одиме. И таму вика на глас добро утро и се гушка со воспитачката и ме заборава - и ми иде да ја сплескам......
Денес мислам дека сватив што е проблемот викаше градинката далеку е - а јас ја носам нерасонета и пешки - изгледа не сака да оди. Ама полека полека се навикнуваме тоа ни е :)

clock-img

09.10.2010, 00:10

clock-img

sinolicka

pencil-img

180

posle cel mesec odenje vo gradinka i placenje mozam da se pofalam deka veke so radost odime vo gradinka pocna da im kazuva koga mu se mocka (inaku stiskase i 3 pati se izmockal vo gaki)jade i si igra so decata, aza spienje ke pocekame uste malku pa ke probame da vidime dali ke spie.mnogu vreme ni trebase za adaptacija ama bitno e deka ne se otkazavme toest jas ne se otkazav ama mnogu mi bese tesko zasto mnogu  mnogu placese i bese tazen i nervozen

clock-img

14.03.2011, 12:40

clock-img

Lokica1

pencil-img

131

Periodot na adaptacija ni pomina i denes trebase da ostane cel den, no svekrvami otide da vidi dali e zaspana ako ne e da ja zeme, sega im se javuvam doma se, no toa sto me iznervira  slednoto...veke izvesen period imame problemi so jadenjeto..nesaka nisto da jade samo mleko pie i ponekogas po 2-3 lazicki od prigotvenoto... denes vo gradinka ja ranele na sila i taa se ispovratila, celata bila lom..dodusa ja presoblekle no sto imaat da i butaat na sila sega uste tolku pogolemi traumi ke ima i kako posle da ja nateram da jade. Ma mi doaga da im otidam da gi nokautiram user posted image

Последни статии

article-img