writing-img

RE: Првиот ден во градинка /училиште

  
clock-img

03.10.2011, 15:18

clock-img

Luci

pencil-img

2250

ИЗВОРНА ПОРАКА: riba79


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

user posted image за Марио, со среќа нека ви е тргнувањето во градинка, и се надевам за брзо ќе се наивкне, да немате проблеми.




Luci,so sreka neka vi e trgnuvanjeto vo gradinka ,sto polesno da se priviknete tamuuser posted image



riba79, фала многу, да ти се врати за Филип кога ќе треба да одиuser posted image


_____________________________

Рани куче да те лае!!!

clock-img

13.03.2012, 15:03

clock-img

Elce

pencil-img

239

Денес ни беше првиот ден во градинка,ја однесовме кај 08:30 си ја зедовме кај 09:30,воспитачката одма ми ја зеде од раце брзо дури не се ни свестивме ни јас ни керка ми што направи.Ми кажаа дека плачела,се смирувала 5 минути и после пак плачела,црвени и беа очињата.Влегов само да ја видам просторијата,и искрено не ме бендиса баш,многу темна ми се виде.Кога ја однесовме едно детенце донесоа повраќало шлајм вика мајката исто како што им повракало и во градинка,воспитувачката го примиuser posted image .И во однос на исхраната ние сеуште не пиеме кравјо млеко а во градинка со такво млеко им прават каши ни рекоа да почнеме и тоа со млеко за варење.Има многу работи што нема пробано пр.зелка, грав, риба.Најмалечка е во групата од 12 деца.

clock-img

14.03.2012, 09:03

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Елче, првите денови се секогаш најтешки, ама ако е само Сара ново детенце во групата, разговарај со воспитачките да и обрнат повеќе внимание. А ти се јавија за да си ја земиш, или ти не сакаше да ја оставаш подолго?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

14.03.2012, 09:43

clock-img

Elce

pencil-img

239

Воспитувачките мислам дека се ок дека цело време ја држеа во раце вчера,кога отидов да си ја земам,едни родители ѕвонеа,воспитувачката заедно со се Сара дојде да им отвори.Инаку тие ми кажуваат кога да отидам и да ја земам,ако случајно има нешто ке ми ѕвонат,ај јас отидов да си ја земам денес до 10:00 ми рекоа.

clock-img

02.04.2012, 13:05

clock-img

Emanuelapp

pencil-img

200

Ние денеска тргнавме во градинка има 1г и 2м. Кога го однесовме веднаш замина кај воспитувачката ни кажа чао не бакна и толку срце ми се кинеше знам без потреба ама мајка ... Пред 1час си го зедовме и ни го пофалија викаат како овде да е роден срце мамино јадел си играл оф без потреба се грижам...

clock-img

02.04.2012, 21:33

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Супер сте поминале емануелапп. Така убаво да си поминувате и понатаму. Некои дечиња полесно се привикнуваат.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

04.04.2012, 10:34

clock-img

Natuska85

pencil-img

3613

Еве и ние денес прв ден во градинка.Го однесовме кај 9, го зема воспитачката,направи некое фацуле ама тргна со неа.Го зирнав на два пати,еднаш му го местеа цуцето,вториот пат баш тогаш го зимаа во раце.Седеше саат време негде,ама ми кажа воспитачката дека плачелuser posted image . Мислам највеќе дека другите деца плачеа ги слушав и он со нивuser posted image . Се мислам да не беше и гладно пошто баш тој период 9.30 негде појадува,па утре планирам пред да го носам кај 9 ќе му дадам да јаде па ќе одиме.Инаку си стоеше во креветчето и со едно друго детенце до него се чукаа со рачињатаuser posted image .Се надевам брзо ќе се привикне,срцето ми се кине.Насолзени и потечени му беа очињата кога ми го дадоа,а никогаш не му биле такви,не е дете што плачеuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

clock-img

04.04.2012, 10:38

clock-img

Bububebe

pencil-img

564


ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR

Еве и ние денес прв ден во градинка.Го однесовме кај 9, го зема воспитачката,направи некое фацуле ама тргна со неа.Го зирнав на два пати,еднаш му го местеа цуцето,вториот пат баш тогаш го зимаа во раце.Седеше саат време негде,ама ми кажа воспитачката дека плачелuser posted image . Мислам највеќе дека другите деца плачеа ги слушав и он со нивuser posted image . Се мислам да не беше и гладно пошто баш тој период 9.30 негде појадува,па утре планирам пред да го носам кај 9 ќе му дадам да јаде па ќе одиме.Инаку си стоеше во креветчето и со едно друго детенце до него се чукаа со рачињатаuser posted image .Се надевам брзо ќе се привикне,срцето ми се кине.Насолзени и потечени му беа очињата кога ми го дадоа,а никогаш не му биле такви,не е дете што плачеuser posted image user posted image user posted image



Оф леле душиче.И јас само одлагам,а сакам да ја носам.Само што ќе помислам ми се плачи user posted image

clock-img

04.04.2012, 11:00

clock-img

Luci

pencil-img

2250

Натушка ќе се навикне верувај. Нормално е да плаче, во нова средина е, со сите непознати луѓе околу него. Не му се секирај толку, ќе му биде супер таму, ќе си игра со дечињата, ќе учи нови работиuser posted image

_____________________________

Рани куче да те лае!!!

clock-img

04.04.2012, 11:06

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Не се секирај, Натушка, ќе се навикне. Само следниот пат дај му нека јаде или, пак, однеси го во 8:30, тогаш од таму им даваат да јадат. Ќе си создаде навика и ќе му биде дури и интересно.
Ќе видиш дека брзо ќе се навикне, секој ден се повеќе ќе го оставаш и на крај и ќе си спие таму и ќе си јаде...
Тебе сигурно ти е потешко од што му е него.


_____________________________

Live and let live

clock-img

10.04.2012, 16:07

clock-img

zapce

pencil-img

361

Навистина ми се допага оваа мисла
Некој рекол дека најтешкиот дел од улогата на мајка е раѓањето -
"Некој" кој никогаш не го испратил своето дете прв ден во градинка.

_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

clock-img

10.04.2012, 16:20

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931


ИЗВОРНА ПОРАКА: zapce

Навистина ми се допага оваа мисла
Некој рекол дека најтешкиот дел од улогата на мајка е раѓањето -
"Некој" кој никогаш не го испратил своето дете прв ден во градинка.



Хе,хе..интересно. Внука ми пред две недели прв пат појде во градинка и истиов муабет го слушав цела прошла недела од сестра ми. Јас ќе го верглам ова во септември. Само се се плашам дека списоков „некој што никогаш“ ќе се врвчи надолу и со други примери user posted image user posted image

clock-img

08.05.2012, 23:13

clock-img

mila mama

pencil-img

1616

Ете дојде и тој ден, минатата среда почнавме и ние во градинка. Мм ја носи околу 09:00 и останува со неа неколку часа, тука има период на адаптација околу 10 дена, прво родителот седи со детето во иста соба, додека не се запознае детето со средината, после неколку дена оди во друга соба ако евентуално затреба да биде блиску да се појави, на крај мавтаат на родителот за чао и детето си продолжува само user posted image Искрено многу сум задоволна од овој пристап, прво не е стресно за детето а богами и за родителите, второ родителот им помага на учителките да го запознаат наравот на детето на полесен начин и трето и родителот има некој поглед на тоа како се работи во градинката, на кое ниво е хигиената, како им менуваат пелени, како ги хранат и сл. Така што за сите страни стресот е сведен на нула, па дури и не се осеќа кога ќе дојде моментот детето целосно да се остави само во градинка. Сеа вакам зборам дур не сме ја оставиле самиuser posted image За неколку дена ако цмиздри ќерка ми ќе пишам пак.user posted image

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

clock-img

09.05.2012, 09:49

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Е па со среќа мила мама, да си се привикнете за брзо време и со лесно. Баш убав пристап имало, да биде полесно за дечињата.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

09.05.2012, 14:59

clock-img

Gorde J

pencil-img

192

Nie imamme veke 2,5 godini denes ni bese 3 den vo gradinka ama kako odi se potesko e. Denes duri i povrakala od placenje. a inaku ne davaat da sedis o nejze da ja zqapoznae gradinkata i ne znam kako ke go pomineme dvete ovoj period place taa placam i jas koga ke ja ostavamuser posted image user posted image

clock-img

09.05.2012, 15:13

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Мислам дека адаптација во градинка ( со родител) кај нас нема. Кај нас прво на пола саат, па саат и па по 2 саати се остава детето. Кај нас адаптацијата траеше 10 дена, па после остана на спиење. Имавме ние среќа што Н. ептен лесно се прилагоди, без плачки, без одбивање на храна.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

09.05.2012, 15:43

clock-img

mami2

pencil-img

417

И во нашата градинка (8-ми Март) адаптацијата започнува со присуство на родител. За првото бев јас, а за малата одеше мм. Колку време ќе седи родителот зависи од прилагодувањето на детето. Некои родители одеа првите 4-5 дена по неколку часа. Јас бев само првиот ден. Инаку, заради ова и родителот мора да приложи негативен микробиолошки брис како што се бара за детето. 

clock-img

05.06.2012, 15:20

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Од вчера и Тина почна во градинка-вчера беше половина час, денес остана 1 час, за утре ни рекоа да ја оставиме 2часа...Не ни дозволија ниту мене ниту на мм да останеме со нејзе, туку само да дојдеме да си ја земеме. Вчера ја зедов уплакана-сирота липташе, ама важно солзичките и ги избришале пред да ми ја изнесат user posted image . Денес ја зел мм, и му рекле дека била посмирена од вчера-се надевам дека кажуваат вистинаuser posted image . Деновиве ќе споделам уште детали...како ќе се одвива адаптација

clock-img

05.06.2012, 15:33

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

user posted image user posted image user posted image за Тина..Тој прв период мислам дека исто толку тежок и за деца ама богами и за родителите. Ќе видиме, ќе пишам јас тука во септември user posted image . Во Буба Мара во Лисиче ли се запишате?

clock-img

05.06.2012, 22:52

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Да, Везилка, во Буба Мара,кај семафорите,во населба -комшииве тука ја викаат*новата*user posted image Се надевам ќе издржи и ќе го дочека Никола во Септемвриuser posted image user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

user posted image user posted image user posted image за Тина..Тој прв период мислам дека исто толку тежок и за деца ама богами и за родителите. Ќе видиме, ќе пишам јас тука во септември user posted image . Во Буба Мара во Лисиче ли се запишате?


clock-img

14.08.2012, 10:29

clock-img

Bjanka

pencil-img

86

Ring/ki se spremate li za 1vi septemvri imate li pravace?
Kako odat podgotovkite?

clock-img

14.08.2012, 13:45

clock-img

mamymamy

pencil-img

57

I nie na 1vi Septemvri ke trgneme vo gradinka (1 god.) mislam deka nema da ima problemi golemi so nisto drugo no so zaspivanjeto ke bide strasno.
Prvo zasto prespiva okolu 9 ednas (stanuva vo 6.00) i potoa okolu 12.00, no zaspiva mnogu tesko i toa samo vo kolicka da go vozam.
Ne zaspiva so sisence mleko ili sok.
Ve molam spodelete so mene nekoe slicno iskustvo. I dajte nekoj sovet.user posted image

clock-img

14.08.2012, 14:22

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924


ИЗВОРНА ПОРАКА: mamymamy

I nie na 1vi Septemvri ke trgneme vo gradinka (1 god.) mislam deka nema da ima problemi golemi so nisto drugo no so zaspivanjeto ke bide strasno.
Prvo zasto prespiva okolu 9 ednas (stanuva vo 6.00) i potoa okolu 12.00, no zaspiva mnogu tesko i toa samo vo kolicka da go vozam.
Ne zaspiva so sisence mleko ili sok.
Ve molam spodelete so mene nekoe slicno iskustvo. I dajte nekoj sovet.user posted image


Истиот проблем со заспивање го имавме и се уште го имам дома-со мене без цице не заспива, а во градинка е најумното дете-така кажуваат негователките. Исто си преспива по 2 пати и таму-околу 9 и околу 12. Им наоѓаат таму решение, не се грижи user posted image

clock-img

27.08.2012, 20:55

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

И ние од понеделник тргнуваме во градинка за прв патuser posted image
ЈАс веќе имам несоница, почнав да се секирам дали и како ќе се навикне. Сакав да ве прашам што им пакувате за во градинка на вашите деца? Целосно сум изгубена, немам идеја што и како ќе бидеuser posted image



_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

clock-img

27.08.2012, 21:08

clock-img

ole2004

pencil-img

686

И мене ме интересира истото.Ева тргнува за прв пат во градинка,а јас незнам што треба да и ставам во ранчето.user posted image

Последни статии

article-img