cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Првиот ден во градинка

  
clock-img

04.09.2014, 08:09

clock-img

AneLav RR

pencil-img

1110

Нашиот прв ден во градинка ако можеме така да го наречеме траеше еден час и не помина така лошо. Синко си се заиграл со некое детенце, а сестра му почнала да плаче што мсе обиделе да и дадат појадок.... За жал втор немавме бидејќи настинаа, здравје од другата недела. Инаку условите во овдешната градинка се мизерија, а децава ми спаѓаат во група во која што нема едукација туку само со негувателки...Ќе продолжам да ги носам веројатно само до пред спиење колку да се социјализираат, па ќе видиме за на пролет или за наредната година....

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

clock-img

07.09.2014, 11:50

clock-img

*devojce*

pencil-img

156

Prviot den vo gradinka pomina pa i ne taka loso vo sporedba so ostatokot na nedelata.Togas uste neznaese kaj se naoga ja gusna ucitelkata i otide izdrza celi 30min. megutoa od vtornikot pa se do petok bese po 1 saat celo vreme so placenje.Vcera pominavme od kaj gradinkata i samo sto ja vide ogradata pocna da place i da vika mam ne mama ne, a koga ja odminavme zadovolno si se nasmea hahahah.

clock-img

08.09.2014, 14:49

clock-img

pcelica

pencil-img

29

Cela nedela bese super...samo prviot den sedese do 12h, posle do 3... Sve do petok :) odvaj vleze, ama cel den sedese i ne pravese problem...ke vidime utre kako ke bide, saka so deca, doma i e dosadno user posted image

clock-img

21.10.2014, 14:36

clock-img

Mila mamicka

pencil-img

387

Можам да кажам дека тргнувањето за прв пат во градинка јас го поднесов многу поболно отколку син ми. Го пуштивме во граднинка со полни 2 години и 5 месеци. Сите ми велеа дека ќе биде многу тешко, затоа што е голем и потешко ќе се привикне. Првиот ден го оставивме еден саат само, кај 11, и пред 12 ни се јавија да го земиме, затоа што плачел по баба му. Обично тоа време дома со свекрва ми се успиваа, а нему најверојатно му се спиело па плачел. Утредента го оставивме 2 часа, плачеше само кога го оставивме и кога го земавме. Во меѓувреме, таму бил супер. Јас секоја минута мислев што прави, дали плаче, дали јаде, дали ќе ми се јават ако плачи и сл. Наредните 3 дена го остававме до ручек, за од втората недела да почниме да го оставаме и со спиење. Периодот на адаптација значи му траеше само една недела. Сега веќе цел месе си оди без проблем, убаво му е таму, ги сака воспитачките, јаде спие, мочка и кака без проблем таму. Тоа што можам да го кажам од моето искуство е дека возраста на детето нема голема улога во тоа дали детето бргу ќе се прилагоди или не, туку самиот карактер на детето. Воспитачката му рекла на мм дека син ми е дете кое најбргу се прилагодило досега. 

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

clock-img

11.11.2014, 14:11

clock-img

Malecka23

pencil-img

1175

Vcera ni bese prviot den vo gradinka.Uste na vrata M ne otkaci i ja fati tetata za raka da ja nosi kaj decata.No posle 40min ja iznesoa cela uplakana.Denes isto tolku vreme sedese i pak cela uplakana.Nikako ne odbiva da ide ama koga ke dojde do zanimalna odma place.Vospituvackata i neguvatelkata se super gi znam od porano.I dva dena ko da e dr dete samo izveduva samo gluposti pravi.Usta pena mi fati od zborenje i ona seto toa go znae ama ne znam sto e problemot.Ima li nekoj sovet predlog sto da napravam da ja popravam situacijata.Epten lipta duri posle koga spiese i vo son se strekase.

clock-img

11.11.2014, 14:31

clock-img

miana

pencil-img

6152


ИЗВОРНА ПОРАКА: Malecka23

Vcera ni bese prviot den vo gradinka.Uste na vrata M ne otkaci i ja fati tetata za raka da ja nosi kaj decata.No posle 40min ja iznesoa cela uplakana.Denes isto tolku vreme sedese i pak cela uplakana.Nikako ne odbiva da ide ama koga ke dojde do zanimalna odma place.Vospituvackata i neguvatelkata se super gi znam od porano.I dva dena ko da e dr dete samo izveduva samo gluposti pravi.Usta pena mi fati od zborenje i ona seto toa go znae ama ne znam sto e problemot.Ima li nekoj sovet predlog sto da napravam da ja popravam situacijata.Epten lipta duri posle koga spiese i vo son se strekase.



Се изнапишав еден голем пост и ми отиде во аут, па сег аке бидам кратка...Ке се навикне, нормално е да реагира така, тоа и е нова средина, нови деца, нови луѓе. Учителките треба само малце повеќе внимание да и пружат и се ке биде во ред.

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

clock-img

13.11.2014, 14:16

clock-img

Malecka23

pencil-img

1175

Ete ne denes 3den vo gradinka.Vcera ne ja odnesov si rekov ajde da pospie doma da ne vide tolku nervozna no zaludno.Nit spiese nit jadese samo gluposti treskanje od zemja ..ludilo.Denes bese vo gradinka ama i tato bese so nas pa cimolese za nego i pak edvaj 40min.Vospituvackata mi vika demek ja fatila za raka i ne sakala da ja pusti duri i jadenjeto go butkala sto trebala vospituvackata da narani dr dete.Znaci samo so nea za raka da sedi.I pak ceremonii normalno pa ne e samo ona tamu da i obrnuva tolku vnimanie imase uste nekolku deca novi dojdeni.Navistina ne znam sto ke se pravi posto ona e stanata mn nervozna,losa.Nikogas ne bila takva.Samo vika se treska pluka hrana ne saka da spie.Vcera duri vo 00h uspeavme so mm dvajcata da ja zaspieme od 9h.A i se spiese i pagase glavata.Uff znam ajde normalno nova sredina se ama i jas sum psihicki premorena i ne mozam vristenjeto da i go slusam a po cel den sme sami duri se primetuvam na momenti deka nesvesno bas znnam da se razvikam ako ne me poslusa so arno i mn sum nervozna dal od hormoni dal od nespienje dal od se po red.Ete taka si se pozaliv malku da mi olesni.Izlez ne gledam od situacijava i pokraj site napori i zborenje i nagradi za gradinkava.

clock-img

17.11.2014, 11:54

clock-img

Gwendolin

pencil-img

383

Malecka23 го имав истиот проблем и јас бев сама со мојата цуца по цел ден и дома и надвор ми се трескаше од земја и навечер беснееше и тоа баш кога се навикнувавме во градинка. Ја однесов баш пред да направи 2 год. и се жалев и тука дека нема никогаш да се навикне детево. Првиот ден ни беше хорор, пиштење со трескање на главата од земја цели 5 мин. и после ми ја вратија. И наредните денови беше така. Стрес, бунт, паника, што и да беше, мене ми побеле косата дур да ја навикнам. Буквално, сега се гледав, фарбата не ми ги покрива белите влакна user posted image user posted image Издржав не знам како, ама ја носев секој ден. Без исклучок. Секој ден, нит на одмор отидов ни ништо, зашто морав да почнам да работам, а ја запишав во јули (мислам дека отприлика иста возраст ни се децата) па знам колку напорни се сега. Издржи и купи си поквалитетна фарба user posted image . Сериозно, кога сфати мојата дека таму игра со децата и и е позабавно отколку само со мене, сега сама трча в градинка. Ни требаше дооооолго време, ама сега веќе е сменета, сака да црта, да пишува, пее песни и одвај чека да одиме в градинка.
Со среќа и само трпение!

_____________________________

Само Вселената и човечката глупост се бескрајни. Всушност, за Вселената и не сум толку сигурен. - Ајнштајн

clock-img

17.11.2014, 23:39

clock-img

Malecka23

pencil-img

1175

Eee ja ne se farbam ama zatoa prameni kosa mi pagaaat..Ne znam i ja se nadevam deka ke svikne posto saka deca drustvena e epten ama vo isto vreme i mnogu plasliva.Sea mi se razbole ne od gradinka nego od zlatno slavejce sto bevme vnatre sparno toplo se ispoti nadvor ladno pa nedelava ke sedi doma.Se nadevam ke se oporavi pa od slednata vo pohod po prilagoduvanje.Fala ti na uteha:) za da znam deka ne e samo moevo vakvo i ne sum samo jas nervozna majka sto se cudi koj kraj da go fatiuser posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: Gwendolin

Malecka23 го имав истиот проблем и јас бев сама со мојата цуца по цел ден и дома и надвор ми се трескаше од земја и навечер беснееше и тоа баш кога се навикнувавме во градинка. Ја однесов баш пред да направи 2 год. и се жалев и тука дека нема никогаш да се навикне детево. Првиот ден ни беше хорор, пиштење со трескање на главата од земја цели 5 мин. и после ми ја вратија. И наредните денови беше така. Стрес, бунт, паника, што и да беше, мене ми побеле косата дур да ја навикнам. Буквално, сега се гледав, фарбата не ми ги покрива белите влакна user posted image user posted image Издржав не знам како, ама ја носев секој ден. Без исклучок. Секој ден, нит на одмор отидов ни ништо, зашто морав да почнам да работам, а ја запишав во јули (мислам дека отприлика иста возраст ни се децата) па знам колку напорни се сега. Издржи и купи си поквалитетна фарба user posted image . Сериозно, кога сфати мојата дека таму игра со децата и и е позабавно отколку само со мене, сега сама трча в градинка. Ни требаше дооооолго време, ама сега веќе е сменета, сака да црта, да пишува, пее песни и одвај чека да одиме в градинка.
Со среќа и само трпение!


clock-img

26.11.2014, 13:40

clock-img

Malecka23

pencil-img

1175

Ete me mene pak.Ocajna sum:(.Pcnavme da ideme po 1.5h ama luge nema nikakvo podobruvanje duri pocna da stanuva i poloso.So placki i treskanje uste od doma a na vrata ja vnesuvaat bukvalno na sila i celo vreme im se tresela im vristela.Vo pon dui i pedagogot bil i dr neguvatelki od koi jas ednata ja prativ posto ja poznavam i ne uspeale da ja smirat.Sto se slucuva so moeto dete?.Kako da postapam da i oomognam?Probuvam i so nagradi usta pena mi faka od zborenje no zaludno.Denes tolku zalno placese sto jas vo hodnikot se rasplakav.Mm duri razmisluva da ja otpiseme d tamu da ja zapiseme na dr mesto.Ne znam ne sakam da krivam nikogo moze i do neguvatelkite e ne znam veke...Ama mi kazuvaat deka vaka onaka probuvale ama nisto duri i strav gi fakalo od toa kako ona se tresela..Help luge navistina ne znam sto da mislam i sto da pravam.Spored nejzinoto odnesuvanje ova lici na strasna trauma.Ona i taka e plasliva da tecam po priroda ako se oseti sigurna togas e dr dete

clock-img

09.06.2015, 11:20

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Вчера беше првиот ден во градинка на бебе Илина, во јасли поточно. Почнуваме неколку дена пред на наполни 9 месеци.
Вчера седеше половина час, и се откорна плачејки. Денес беше 2 часа, бидејки заспала, и дури и појадок добила и го изела user posted image Ама тоа дека таму била учителката на сестра и, која веќе и е позната user posted image .
За почеток, во рамки на очекувањата се одвива адаптацијава.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

10.06.2015, 12:45

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Ah dusha mala, pocnala vo gradinka. So lesno I ubavo, pobrzo da se navikne user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Вчера беше првиот ден во градинка на бебе Илина, во јасли поточно. Почнуваме неколку дена пред на наполни 9 месеци.
Вчера седеше половина час, и се откорна плачејки. Денес беше 2 часа, бидејки заспала, и дури и појадок добила и го изела user posted image Ама тоа дека таму била учителката на сестра и, која веќе и е позната user posted image .
За почеток, во рамки на очекувањата се одвива адаптацијава.




_____________________________

You have to dream if before you can do it.

clock-img

10.06.2015, 13:04

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

sandriana RR како е сега?Седи повеќе часа?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

10.06.2015, 13:52

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Уф, душа мала. Лека полека, ќе се привикнува. Ајде уште малку и Јосиф ќе и се придружи ако не примат од септември.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

10.06.2015, 19:18

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

sandriana RR како е сега?Седи повеќе часа?


Денес седеше 3 часа, повторно спиела и јадела еден оброк. Негувателката рече дека има напредок од вчера. Пријатно ме изненади што ја држеше во раце полууспана кога појдов да ја земам, бидејки пред тоа се разбудила плачејки, па женава си ја чувала во раце да продолжи да спиеuser posted image .
Ќе видиме утре како ќе биде.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

04.05.2016, 17:38

clock-img

aloevera

pencil-img

20

Mалава ќе ми тргне уште некој ден во градинкаодносно јасли чекаме резултати од брисеви ако се негативни од понеделник здравје ќе тргне, инаку нема ни 9 месеци малку ми е страв како ќе биде ама мора. Што треба да се понесе за во градинка?

clock-img

05.05.2016, 08:50

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

aloevera, со среќа и лесен почеток Ви посакувам.
И моите две деца почнаа во јасли со неполни 9 месеци, и одлично си ја прифатија градинката.
Ќе Ве информираат во градинка кога ќе појдете што се е потребно. Првата недела секако ќе седи по малку, најмногу до 1 час, а за подоцна ќе треба да носите пелени (по 3 дневно), влажни марамчиња и брисачи за раце (на месечно ниво), крем (по потреба), пижамчиња и резервна облека, како и соодветни топлинчиња.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

26.08.2016, 12:04

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Се ближи први сепември, за многу дечиња и бебиња ке е прв ден во градинка. И Л ке почне тогаш со полни 19месеци. Искрено многу сум исплашена како ке ја прифати таа средина. Ја исчитав цела тема пред некој ден и поштено си се изнаплакав за сите дечиња .

clock-img

26.08.2016, 14:39

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Исто и ние. Први септември ми е пак датум за возбуда, како кога јас одев во школо. Тргаат и Ј и М со скоро 16 месеци, се надевам дека ќе им биде интересно и дека фактот дека се двајцата заедно ќе им ја олесни транзицијата. Знам дека ќе биде тешко, и мене ми е страв ама ептен, но убедена сум дека за дете градинка е најдобра опција, и развојно, и социјализаторски, и професионално - навиката дека секој ден треба да се оди и да се прави нешто некаде надвор од дома мислам дека е добра основа за се што доаѓа подоцна во животот.

Ајде здравје, за некој ден ќе споделуваме нови искуства user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

26.08.2016, 23:40

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

И мене почна да ме фаќа паника веќе ,Јана исто почнува од први со 28 месеци.
Поголема е па и кажувам какво е што се прави таму.
Дури и торта порачавме па на сите им кажува дека и торта ке имала да части user posted image
Ке видиме како ке биде незнам колку сум спремна за плачки user posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

28.08.2016, 12:49

clock-img

marchi

pencil-img

948

vejke mnogu dolgo vreme se ubeduvam deka e vreme stefan da odi vo gradinka zasto so 3ipol godini i plus doma sam (potocno samo so mene) vejke primetuvam deka mu e dosadno. NO sum so dumanje kako ke ja prifati gradinkata a toj prv den za mene povejke ke bide stresen odkolku za nego.

clock-img

29.08.2016, 11:02

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

по мене, најважно е како ќе реагира родителот..децата ја гледаат и следат реакцијата на родителот па мислам дека е многу важно да се воздржите од паника, страв, итд...на детето е важно да му се каже сто пати дека таму иде да си поигра и дека мама и тато ќе дојдат да го земат. Детето ќе се прилагоди, некое полесно, некое потешко, ама ќе се прилагоди...е сега ние како родители мислам дека треба да сузбиеме во себе многу работи и да не ги рефлектираме на детето...за мене најголема борба беше да се носам со чувството на немоќ...немоќ дека ништо, ама баш ништо не можам да сменам во тој трул и нефункционален систем во кој во 90% од случаите владее хаос во кој многу малку работи функционираат како што треба. Генерално владее башибозлук, почнувајќи од бројот на деца во група, бројот на негователки, немање кадар кога некоја негователка е на подолго боледување – децата се спојуваат од две групи заедно, а останува после пладне (после 13:00) само една негователка, принуднотос пиење по два саати од 12:30 до 2:30 и за деца од 5, 6 години, оставање на децата сами во занимална и по повеќе од 30 мин, викање на компании ала битолска млекара, Лино и слични да прават маркетинг на своите многу здрави производи во градинка, немање систем за поплаки и санкционирање на наставничките, и да не редам веќе.... секоја чест на оние инцидентни и изолирани исклучоци кои ќе покажат трунка човечност и ќе работат со користење мозок.. за мене градинката не е место за чување на дете кај што детето треба да се најаде и преоблече туку воспитно образовна институција која му помага на родителот во воспитување на детето...за жал воспитните (а богами и образовните) методи се како од времето јас и вие кога сме биле деца...е сега, и покрај се ова сметам дека детето треба да оди во градинка од една проста причина што колку порано се прилагоди да живее во овој нефункционален систем толку подобро за него, зошто во школо е дури и поголем башибозлук од ова што е во градинка, а за школо па немаме избор – таму мора да оди. Затоа сметам дека децата треба да одат во градинка за да научат да се снаоѓаат и да живеат во тој систем, многу полесно ќе им биде после во школо. А дека нешто во истиов ќе се смени не сум ич оптимист. Имало многу иницијативи од родители, некои доста сериозни, еве на пример за храната, колку што знам пропишани се нови правилници, ама колку истите се почитуваат тоа е друго прашање. Исто така има по закон пропишано колку деца треба да има во група, ни тоа не се почитува, така да она што ни преостанува е да најдеме начин да го совладаме чувството на немоќ, да санираме дома воспитно се што невоспитно се научило во градинка и да ги спремаме децата да успеат да пловат во овие тотално нефункционални системи...или да спакуваме куфери и да одиме некаде кај што државните институции функционираат како треба....ај баш ме занима кои ќе ви бидат вас искуствата, моите се од пред неколку години, можеби нешто се сменило...

clock-img

01.09.2016, 13:21

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Дојде и тој ден првиот ден во градинка user posted image
Поминавме супер реално очекував повеќе драма ,заплака само кога свати дека мама оди до врата ама одма се смирила и седеше два ипол часа и ке седеше уште ако не ја побарав назад user posted image .
Е сега менеме плаши утре како ке биде зашто ке знае каде оди ама вика ке одела убаво било па ке видиме.
Битно прва дојде последна си отиде од новите user posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

01.09.2016, 15:32

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

И ние денес прв ден во градинка user posted image

Супер поминаа, како за прв ден, целта беше пола саат, ама влегоа внатре без проблем и истераа саат и пол. Негувателките ни кажаа дека се подрасплакале малце, ама се смириле. Си играле со играчки и гледале низ прозор user posted image После дома се по старо, малце проблем за заспивање и направиле на баба им, ама нормално, којзнае како гледаат тие на ова денес. Сепак, доволно се мали и мислам дека брзо ќе се навикнат.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

01.09.2016, 15:59

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Со среќа на сите, да си терате мирни денови во градинка. Реакција секако ќе има, првиот ден е интересно ама кога ќе почне да се повторува неколку пати тогаш веќе ја сфаќаат вистинската ситуација и почнуваат проблемите. Додуша кај нас беше така, вам нека не ви бидеuser posted image Ние денес трета година по ред го истеравме први септември и се надевам годинава ќе сме поредовни. Може не е утешително ама иако е трета година по ред уште ја нема прифатено градинката. Не сакам да одам е муабетот секое утро и секоја вечер пред спиење. Има и такви случаи, да си знаете.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

Последни статии

article-img