за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Сакам да ве прашам поискусните мамички,дали ако почнам да му давам на (кое има 3 месеци и некој ден) чајче од шише,ќе се научи на шишето(полесно да цица) и нема да сака да вложува многу труд за да цица од градата .Така имам наслушнато или прочитано негде па ме интересира ваше искуство..
< Поракaта ја уредил Natuska85 RR -- 27.7.2011 16:46:07 >
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
27.07.2011, 17:00
Octavia
617
Нам лекарката ни рече да даваме течности (заради топлото) само со лажичка и тоа само вода. Со лажичка заради цицањето, а вода заради жедта, а да не му го расипува апетитот. Нa другарка моја лекарката и кажа слободно Бекутан чајче да дава (со шишенце) и сега не знам дали заради чајот (многу е благ) или заради шишето, ама навистина после имаше огромна мака да го натера бебето да цица. Буквално почнуваше да вришти кога ќе го ставеше да го дои. Е сега, моето не сакаше ни вода ни ништо, па бевме само на доење и лекарката ни рече дека и тоа е сосема во ред, и дека штом е задоволно со доењето, нема потреба да му се форсира ништо додека е толку мало.
< Поракaта ја уредил Octavia -- 27.7.2011 17:01:05 >
27.07.2011, 21:30
anedespo
940
Samo so lazice.
27.07.2011, 22:36
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR
Сакам да ве прашам поискусните мамички,дали ако почнам да му давам на (кое има 3 месеци и некој ден) чајче од шише,ќе се научи на шишето(полесно да цица) и нема да сака да вложува многу труд за да цица од градата .Така имам наслушнато или прочитано негде па ме интересира ваше искуство..
Натушка јас уште од првата недела и давав и млеко (ја прихранував) и чај од шише, па ја доев до 9,5 месеци. ЗНачи немаше проблем да не сака да цица. Ама тоа сепак е моето искуство, секое бебе е различно.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
27.07.2011, 23:02
blond
1268
Моето пие чајче од шише, па си цица без проблем. На цуцлата од шишето ја немам проширено дупката, така да не тече многу и треба да се потруди повеќе за да повлече (за разлика од цицето, кое понекогаш знае само да прска млеко на сите страни )
27.07.2011, 23:05
Snowhite RR
5042
Море давај му таму со шише, да не си направиш како мене па после ништо од шише да не ти пија па да мачиш маки. Тоа кога 3 месеци цица, сега ќе се откажи од цице, не верувам. Тоа може да се случи додека е уште мало, додека ја научи техниката на цицање, а сега тоа го има совладано и ќе си продолжи не се секирај
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
28.07.2011, 08:55
Calypso
1386
И моето без проблем си цица, иако уште во првиот месец почнавме со дохрана, и тоа со шише. Додуша, ми велеа со лажичка да му го давам млекото, ама колку ќе голтне така? И не се откажа од цицањето, иако ноќе му беше тешко да фати. Сепак, и јас бев упорна и нонстоп го држев на града, па сега немаме проблем со цицање. Инаку, само млеко ми пие од шише, вода или чајче не сака, почнавме и со сокчиња (колку на вкусот да се научи), па му давам со лажиче, колку-толку ги пие. Ама за да пие повеќе, особено вода, почнав да му давам со шприц - и полесно ми е така, голта многу повеќе отколку со лажиче. Си мислам дека можеби е поарно што не сака од шише да пие, после да не си мачам мака со одвикнување.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
28.07.2011, 10:45
Elce
239
И јас и давам млеко од шише и плус цица,дури некогаш и се гади од цуцлата,пробавме да и дадеме водичка со лажичка но се згади и од водата,не сакаше ни да проба,првите недели убаво го пиеше капките д3 со лажичка,сега не можам да и дадам,не сака да ги голтне,и ги мешам нели со млекце ама мака мачиме.
28.07.2011, 11:14
Calypso
1386
Капките ќе и ги капнуваш директно во уста, јас така правам. Прво на лажичка му давав, ама сега директно во уста. Ако ги мешам со млеко, а не го испие цело, џабе сум ги ставала капките. А инаку, и на син ми му се гади од цуцла, особено од цуцла лажалка, а исто приметувам дека прави фаца како да му се гади кога веќе го допива млекото. Не ми сакаше чиста вода, па му ја мешам со маааалку шеќер (некогаш воопшто и не му ставам шеќер) и неколку капки лимон, така ми ја пие. Знам дека велат педијатрите лимон да не се дава до година дена или до 6 месеци - како беше точно не знам, ама мене педијатар неонатолог ми кажа дека можам да му давам без проблем - секако нас ни давале после секој подој вода со неколку капки лимон да ни се чисти устата за да не се јави соор - па што ни фали?
< Поракaта ја уредил Calypso -- 28.7.2011 11:20:21 >
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
28.07.2011, 11:25
arh_diz
7198
Pocnete poleka da ja isfrlata dohranata , laktacijata se zgolemuva kolku poveke cica bebeto Sto se odnesuva do kapkite prasajte si pedijatar ili ortoped dali da davate ,sin mi se rodi vo Avgust bese toplo i ne piese kapki na toplo ne se davaat Limon ne se dava na bebinja da ne mu se javi problem so stomaceto , dokolku enma problem davajte Jas nemam dodavano nitu limon nitu seker vo voda
_____________________________
Биди тоа што си
28.07.2011, 11:35
blond
1268
Jaс му давам на Јован малце лимон 2-3 капки и толку вода кога многу ика. И престанува да ика веднаш. Му давам од лажиче малце само да лижне, да го допре лажичето што се вели и икавицата престанува. A kaпките ми рекоа да му ги давам (без оглед што е лето).
< Поракaта ја уредил blond -- 28.7.2011 11:41:13 >
28.07.2011, 11:45
anedespo
940
ИЗВОРНА ПОРАКА: Calypso
Капките ќе и ги капнуваш директно во уста, јас така правам. Прво на лажичка Знам дека велат педијатрите лимон да не се дава до година дена или до 6 месеци - како беше точно не знам, ама мене педијатар неонатолог ми кажа дека можам да му давам без проблем - секако нас ни давале после секој подој вода со неколку капки лимон да ни се чисти устата за да не се јави соор - па што ни фали?
Ако си била алергична на лимон и те како ќе ти фалело, па дури може и живот да те чини или мало бебе ако е алергично на лимон.
28.07.2011, 11:47
anedespo
940
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz RR
Sto se odnesuva do kapkite prasajte si pedijatar ili ortoped dali da davate ,sin mi se rodi vo Avgust bese toplo i ne piese kapki na toplo ne se davaat
Капките се даваат секој ден во првата година од животот на бебето, без разлика дали е лето. После наполнети 1 година, се даваат само во месеците со Р.
30.07.2011, 09:27
heba
492
mi prepishaa kapki za zateganje na matkata a citam vo upatstvoto deka vo doenjeto mozelo da ima toksichen moment za bebeto i se izbezumiv i deka ne trebalo povekje od tri dena da se prima terapijata sea mn mi e strav da gi zemam a matkava mi e puna krv neznam so da praam piel li nekoj od kapkite dodeka doel ??
30.07.2011, 09:31
arh_diz
7198
Stom ti gi prepisal ginekolog kapkite , mozes da gi primenuvas
< Поракaта ја уредил arh_diz RR -- 30.7.2011 9:33:15 >
_____________________________
Биди тоа што си
30.07.2011, 11:02
Calypso
1386
Јас пиев од капките, три пати дневно по 15 капки, два дена. Ми ги дадоа за да ми престане крварењето, поточно менструацијата, бидејќи јас добив менструација точно по еден месец откако се породив, и ми траеше три недели, може и повеќе, не паметам точно. Мене ми беше страв да ги пијам баш поради тоа што пишува, дека може да бидат токсични за детето, со сила се натерав да ги пијам, и тоа најмалата доза. Инаку, грчеви ќе имаш од нив, ама и детето може да има. Јас тоа го забележав кај син ми, може коинциденција било, а можеби и не. Гинекологот ми рече дека нема врска токсичноста, единствен проблем од нив било тоа што можат да ми го намалат млекото. Ми рече да ги пијам три дена, јас ги пиев само два, и тоа првиот ден три пати во денот по 15 капки, а вториот ден 2x15 капки. И престанав самоиницијативно, бидејќи мислев дека немаат ефект - ми рекоа дека веднаш ќе делуваат, а јас крварев уште повеќе. Но после три дена престанав да крварам. Прашај гинеколог, и твојот и некој друг, па види што ќе ти кажат.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
30.07.2011, 11:35
kikitina
233
Jas mnogu sakav da ja dojam Jovana, ama poradi toa sto primav antibiotik posle poragaj ja hranea so spric 4 dena, pa posle problem nemam bradavki duri pocna da faka morav so sise da ja dohranuvam i sega cica , ama ne znae da si goltne celo mleko i tece niz vrat. Taka da, se odmolzuvam i preku sise go pie moeto mleko. Po preporaka od pedijatarot i davam i vodicka so lazice i cajce bekutan za grcevite.
_____________________________
Господ постои само ако веруваш во него!
30.07.2011, 11:45
heba
492
calypso znaci ti gi pieshe nesho na M se vikaa neznam kako dolgo ime e i pishue deka najmnogu 3 dina se pijat i jas bi zimala najmalku so moze neznam kogo da prasham drug ovoj so mi gi dade mi e maticen a drugiot so me poragjase ne e tuka na odmor e :(( aj so go namaluva mlekoto nekako posle kje se stabilizira pak ama mi e strav neso da ne mu se desi na bebevo ako ne dva dena da se odmolzuvam da mu davam AD mleko samo mn mi e strav
30.07.2011, 23:21
Natuska85
3613
Елче и блонд дискусијата за крварење после породување може да ја продолжите тука
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
11.08.2011, 09:36
heba
492
dechki vo posledno vreme mn problem imam i so doenjeto i so cuclata mn pocna da se zadushuva bebevo i da mu zaletnuva vo dushnik od mlekoto so strav ja dojam a AD mlekoto go iskluchiv vekje ne i davam pa samo cica ama i togash se zasrknuva dva pati do sea do tresenje za noze sme doshle od so ne moze da zeme vozduh obelev od griza i sekoe doenje mi e nov strav,prethodno sama si go drzeshe shisheno sea smukni zakashlaj celo vreme so mmu se desi na bebevo neznam.......
11.08.2011, 09:51
miana
6152
I doaga poveke mleko i zatoa se zadusuva..tebe kanalite ti se prosirile a ona naviknata da vlece poveke za da i nadojde i zatoa i nadoaga golema kolicina i se zasrcknuva..Nema care ke pazis kako ja drzis i koga ke se zakasluva odma krevaj ja i potcuknuvaj po grbceto.Ke se navikne poleka,poleka
12.08.2011, 01:17
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: heba
dechki vo posledno vreme mn problem imam i so doenjeto i so cuclata mn pocna da se zadushuva bebevo i da mu zaletnuva vo dushnik od mlekoto so strav ja dojam a AD mlekoto go iskluchiv vekje ne i davam pa samo cica ama i togash se zasrknuva dva pati do sea do tresenje za noze sme doshle od so ne moze da zeme vozduh obelev od griza i sekoe doenje mi e nov strav,prethodno sama si go drzeshe shisheno sea smukni zakashlaj celo vreme so mmu se desi na bebevo neznam.......
Хеба пробај да ја доиш на тој начин што ти ќе лежиш на грб а бебето на твојот стомак, најверојатно повеќе млеко и надоаѓа па затоа се засркнува, а на овој начин нема толку брзо да и тече млекото
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
12.08.2011, 10:25
Sandric
508
Имам проблем па некој ако може да помогне Значи имаме 13 месеци и си цицаме редовно , и дење и ноќе. На едната града пред 2-3 дена ми се направи грутка и тоа не баш мала некаде 2на 2 см. и викав ај ке ми помине , не е страшно, ја масирав иако многу ме болеше. Детево го ставам повеќе на таа страна за да влече да ја разбие ама некако не ми поминова и дури ми се зацрвени надворешно. Што да правам, ладни или топли облоги? Или да си отидам на лекар...
12.08.2011, 10:52
miana
6152
Odma pocni da pies Cefaleksin kapsuli ili javi mu se na ginekologot ke ti kaze..i mene mi se sluci istoto,mu se javiv na doktorot i mi rece da se izmolzuvam,masiram i da pocnam so cefaleksin ( samo toj e dozvolen za vreme na doenje) i taka mi pomogna..moras navreme da reagiras bidejki moze da pocne da se siri,pa da kacis T i mnogu polosi raboti da se slucat...i davaj mu na bebeto od taa grada poveke ama izmolzuvaj ja i drugata da ne ti se stvori tamu mastitis
12.08.2011, 10:53
miana
6152
I topli oblogi- nikako ladni...krpa natopena so vrela voda i masaza preku krpata.