за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
zenski jas sakam da me upatite malce- kerka mi ima necel 1 mesec i me buni toa sto mi bara da cica,i davam,si cica dodeka ne se trgne samata ili dodeka ne zaspie na grada,cica dolgo vreme min. 20 min i posle saat vreme najmnogu saat i pol stanuva voznemirena,si gi cica prstinjata,so usteto si cuca na prazno ili po mojata koza se ligavi sto znaci i se cica pak...ama ne mi e logicno kako moze da i se cica posle saat vreme?toa e kratko vreme...mozno li e da imam nekoj problem so mlekoto? samo so sigurnost znam deka imam dovolno mleko zaso postojano mi tece mleko od gradite i isto taka gradite brzo mi se stvrdnuvaat(t.e. polnat) sto znaci ne e problem vo kolicinata na mlekoto no sigurno nesto ima zaso se si bese vo red do pred nedela dena,si cicase na 2-3 saati,navecer na 3-4 a sega navecer na 3-4 a preku den na sekoj 1 saat...help please zaso mislam deka bez bradavici ke ostanam od tolku smukanje...
30.07.2014, 17:28
Neurotoxin RR
413
Здраво Sonc90, не се сомневај во квалитетот на млекото, такво нешто нема, единствено што може да промени е во некои состојки кои можат да преминат во млекото доколку ти конзумираш нешто одредено и затоа се препорачува некоја храна да ја конзумираат или одбегнуватт доилките. Според возраста која ја кажуваш најверојатно е оној скок во развојот кој се случува третата недела, третиот и шестиот месец (нешто порано или покасно). Тоа значи дека сега и е потребна повеќе енергија зашто има интензивен раст. Единствено што можам да ти кажам е доколку заспие цицајќи пробај одма тргни ја и легни ја до тебе или чепкај ја на вратчето кај грлцето и разбудувај ја со цел да си доцица убаво и да не се научи така да заспива, мојата бараше цело време на саат, саат ипол, и тоа е нормално. Колку повеќе цица, толку повеќе ќе имаш млеко, ти пиј течности и ако осеќаш поголема напнатост измолзувај се, ако можеш рачно ако не со молзалка. Радувај се што цица и што бара и што ти си имаш толку млеко и уживај, ако имаш болки и рани кај брадавиците земи ад капки маслени и после секое цицање измивај се и ставај од нив на брадавиците и така е топло постои малку да се упијат, ако не си во можност да си шеткаш гола, земи од тампоните стави ама мачкај почесто со капките.
20.08.2014, 18:50
лела
32
Здраво мамички, имам едно прашање до вас. Син ми има 5 недели се роди 3.480 од болница излеговме со 3.350 после месец кога го измерија накачил само 650 гр за месец инаку сме само на доење. Др рече дека 650гр за месец дена е супер. А и преку ден сака често да цица, како да е нонстоп гладен, и кажав на др ми рече ако кога и да бара да цица нека цица! Некој со слично искуство?
21.08.2014, 09:50
sandriana RR
2924
лела, кај бебињата кои се само на мајчино млеко нормално е да качуваат во првите месеци од 500-800/900 грама, значи твоето бебе напредува сосема солидно. За тоа колку пати цица - се си зависи од ритамот на бебето и инензитетот на цицање, а можеш да прочиташ и ТУКА за ритамот на цицање. Т дур ми беше бебе (доена е до 19 месеци), цицаше ми се чини на секој саат, и до воведување на цврста храна редовно качување по 700-800 гр/месечно.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
21.08.2014, 16:58
Maja Peovski
27
за какви капки станува збор?? имам и јас прблем со брадавиците, нон стоп ми се разрануваат дали ке помогнат?
22.08.2014, 10:35
sandriana RR
2924
maja, повеќе за грижа за брадавиците има ТУКА, каде и го префрлив твоето прашање.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
26.08.2014, 17:23
nataly86
534
Дали има некоја мајка која дои и е бебчето плус на АД млеко?ме интересира како ги огранизирате оброците? нас утре планираат да не пуштат од болница таму се 1 месец и пијат формула некоја нивна, јас одржував цело лактација па сега незнам како да се огранизирам..кога цицање кога ад млеко и на колку сати размак...
26.08.2014, 19:46
blue_blue
893
Moite bliznacki bea na cicanje + AD mleko. Prasaj gi vo bolnica koe im go davale i prodolzi so istoto. Moite bea na PreHipp dodeka stignaa do 3 kg, posle na Hipp1. Se doea edna po druga. Prvo ednata cica od edna grada, zavrsuva i pie AD mleko od sisence, pa drugata cica od polnata grada i pie AD od sise. Megu edno i drugo AD mleko bi trebalo da pomine min. 3 saati za da moze mlekoto da se svari vo stomaceto. Moite jadea vo pocetok na 3.5 do 4 saati, Znaci ne poveke od 6 doenja/AD mleka vo 24 casa. Jas gi nauciv da prespivaat cela nok od 2 meseci pa od togas bea na po 4 do max 5 obroci vo 24 saati. Samo moite ne se predvreme rodeni i zatoa ne znam dal mozes vaka. Mene ova mi bese epten ok, posto oni em imaa red, em bea na majcino mleko, em posto piea AD sekogas znaev deka se najadeni, em jas imav po 2 ili poveke casa slobodni izmegu doenja. Jas bi poludela so principot "nek cicaat sekogas kiga ke posakaat" i so cesti nokni budenja, a toa sekako ne ke im koristese na decata, pa zatoa jas si napraviv vakov red i najstrogo go pocituvav. I deca srekni i majka zadovolna :-)
26.08.2014, 20:41
nataly86
534
Стварно не знам како ке функционираме ..предвремеродените знам дека ги хранат на 2-3 часа е сега како ке биди сето тоа заедно со цицање и ад млеко ке видиме... Би сакала да имаме таков ред како твојот бидејки со две стварно мислам дека треба добра огранизација....да се надеваме на најдобро
06.09.2014, 13:37
Pukanka
4
Zdravo, nie sega ke pocneme 4-ta nedela i dosega sme samo na cicanje ama sakam da pocnam da mu davam i po malce cajce... mozete li da mi kazete kakvo cajce im davavte na vasite najmili i po kolku ml. za ovoj period? fala
< Поракaта ја уредил Pukanka -- 6.9.2014 13:38:11 >
06.09.2014, 17:12
sonc90
267
a od koja pricina da davas cajce?ako e bez nikakva pricina ne davaj,zasto da davas bez pricina? a ako imate nekoi problemi so stomaceto togas becutan cajce i nikakvo drugo,nemoj da eksperimentiras so bilki,becutan cajceto si e napraveno bas za doencinja ama pak ke kazam ako si imate nekoja maka a bez pricina ne davaj nisto...imate vreme i za caj i za voda,mali ste uste...pozz
06.09.2014, 17:16
sandriana RR
2924
Темата за Чај кај бебиња е ТУКА и таму ќе ги префрлам вашите постови. Ќе си прочитате и соодветни искуства од нашите РРајки.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
16.09.2014, 19:51
Dilina
533
Неможев да најдам соодветна тема па ајде овде, ако има префрлете ме.... Ние еве веќе имаме два месеца и неколку дена.. на почеток бидејки беше многу жешко додека ја доев во раце ми се препотуваше и стануваше жешко и така почесто ја доев на кревет, па се навикна и сега само така се доиме, лежејки на кревет... кажете ми дали е ок само таа поза да ја практикуваме ? Да не има некој проблем покасно? Сега за сега се е ок, не сум приметила некој проблем, но само што не сака да цица во раце ... никако немоѓе да ја фати убаво брадавицата, плаче и се буни, и пак си ја ставам легната и јас и она.....
17.09.2014, 11:28
Defne90 RR
1991
Дилина океј си е таа поза не и се секирај,нејзе да не и е удобно нема ни да цица во таа поза.И јас најчесто така си го доев син ми и дури си се навикна и вечер до мене си спиеше и цела вечер си цицаше без да морам да станувам од кревет и во раце да го држам.А и така му е поубаво ем не се поти ем е слободна.Така да ич не и се секирај.Тие сами ни диктираат како им е најубаво и најудобно.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
17.09.2014, 17:30
Felly RR
7977
ок си е тоа и јас ќе ти речам, но што ако се навикне само на таква позиција на доење, па да ти прави проблем, што велиш, не сака да цица во раце, а замисли вие сте излезени, и мораш да ја надоиш.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
17.09.2014, 19:03
Dilina
533
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
ок си е тоа и јас ќе ти речам, но што ако се навикне само на таква позиција на доење, па да ти прави проблем, што велиш, не сака да цица во раце, а замисли вие сте излезени, и мораш да ја надоиш.
Па добро, јас не избегнувам надвор да не ја нацицам, врти сучи некако ќе се искривам ем народ да не ме гледа ем да ја нацицам, и дефинитивно е проблем зошто и она се мачи, ептен со јаки сили ќе се нацица и лом ќе ме направи цела со млеко од шо не фаќа убаво... ама што да правам кога сум дома гледам само да и е удобно и да биде се ок ....
17.09.2014, 22:38
Felly RR
7977
Па на тоа мислев, не дека ќе избегнуваш, туку ќе си имате мака, ако е навикната само со лежење. Пробај легнувај ја на перниче, некоја слична позиција на лежење, па да ви биде полесно кога ќе немаш друг избор освен во раце.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
15.01.2015, 17:17
Gardenia
682
Мојата ќеркичка е скоро еден месец и оваа недела ми бара да цица на секој саат,штотуку сум завршила со еден подој после пак бара кенка и ја врти устата накај градата.Незнам дали е во ред,се си мислам да не не се дојадува дека некогаш заспива на града,а и градите наутро ми се полни а после се се помеки и кога ќе ги стиснам излегуваат неколку капки а не така да шприца па се мислам да не немам доволно млеко,ама она кака и моча цело време,еве сега само што јадеше и се искака течно жолта кака.Можно ли е толку често да цица,и давам и АД да не е најадена ама и после него ја врти главата да цица
15.01.2015, 19:36
sandriana RR
2924
ИЗВОРНА ПОРАКА: Gardenia
Мојата ќеркичка е скоро еден месец и оваа недела ми бара да цица на секој саат,штотуку сум завршила со еден подој после пак бара кенка и ја врти устата накај градата.Незнам дали е во ред,се си мислам да не не се дојадува дека некогаш заспива на града,а и градите наутро ми се полни а после се се помеки и кога ќе ги стиснам излегуваат неколку капки а не така да шприца па се мислам да не немам доволно млеко,ама она кака и моча цело време,еве сега само што јадеше и се искака течно жолта кака.Можно ли е толку често да цица,и давам и АД да не е најадена ама и после него ја врти главата да цица
Гардениа, сигурно имаш млеко, штом дете напредува. Не шприца млеко преку ден, зошто почесто цица и не е толкав притисок во градите, како наутро, кога се акумулуирало млеко повеќе часа. Давај и да цица кога бара, ретко кое доено бебе издржува повеќе часови без оброк. Додуша, и мазењето им годи, топлина, близина, па затоа бараат допир со града.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
16.01.2015, 00:16
lukajana RR
1481
Гарденија толку мало бебе и не знае ништо друго освен да цица.Што и да му е мисли дека му се јаде,а и што вика сандриана рр бебето сака да биде до тебе цело време.Млеко имаш сигурно само не и давај да спие на града ,ако видиш да заспива раздрмај ја може дека заспива да не се доцицува.Не се секирај како растете времето на цицање ке се намалува и мене првите денови ми се чинеше дека само цицаме.позз
17.01.2015, 13:12
sonc90
267
seto toa e normalno...sekoe bebe saka da bide na gradata na majkata,nekogas ne zasto mu se cica tuku za da ja osekja samata toplina i mirizba od majkata...a toa sto ti se polni gradite e dobra a ne losa rabota...ne znam kade citav deka najmnogu mleko nadoagalo od 3h po polnok do 8 nautro i toa bilo zaradi toa sto vo toj period se osloboduval najmnogu nekoj si hormon a i vo tekot na nokta bebinjata ne cicaat tolku cesto ko denje i zatoa gradite ti se popolni...uzivaj si,poarno da imas mn mleko otkolku da si ja akas glavata zoso nemas...i ne se sekiraj,uste malce ke ti bide vaka,posle ke pocne da jade kasicki pa nema tolku cesto da cica..i zosto davas AD?stom imas mleko zosto AD?si napreduva li deteto?redovno vrsi nuzda? DA! epa zosto AD?nema potreba(osven ako ne ti rekol doktor,ama vaka kako sto kazuvas barem mene mi se cini deka nema potreba)
20.01.2015, 19:34
Malecka23
1175
Ne znam dali mie prasanjevo za tuka ako ne eslobodno premesteto go. Kako si pominaat nedelite taka sum malku zagrizena za i okolu doenjeto i laktacijata.Vo prvata bremenost mi nadojde mleko i toa mnogu i stalno mi tecese no posle poragajot najverojatno od traumata pa posle i od terapijata jas nemav gramce mleko.I deteto si go izrasnav samo na adaptirano.Sega vo vtorava bremenost mislam deka imam mleko t.s kolostum ama se plasam da ne ispadne posle poroduvanje da go izgubam.Negde procitav deka i vo bremenost za doaganje na mleko se preporacuvalo da se pie od cajot za doilki?.Ima li nekoj sovet da mi kaze iskustvo sto moze da prevzemam uste vo bremenost za da imam mleko i dali e ok da go pijam cajot za doilki ili ima nekoj dr caj.
20.01.2015, 19:51
sandriana RR
2924
Malecka23, не знам дали има некој чај за во тек на бременоста, но мислам дека нема потреба од подготовки. Едноставо, телото само, со помош на хормоните, си се припрема за доење. Убедена сум дека секоја жена која зачнала по природен пат, особено и по втор пат, а која има уреден живот и правилна исхрана, не може да нема млеко. Откако ќе се породиш ќе ИНСИСТИРАШ и ќе бидеш АПСОЛУТНО УПОРНА бебето да фати града. Нема подобар стимул за лактација од интензивно и редовно доење. Можеби првите 4-5 дена нема да има којзнае колку млеко, но затоа ќе му нудиш на бебе почесто да цица, и тогаш ќе го вклучиш чајот за доилки. Сигурна сум овој пат ќе немаш проблеми во однос на доењето.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
21.01.2015, 21:31
Malecka23
1175
Fala ti sandriana i jas se nadevam deka so ova bebce ke imam uspeh vo doenjeto.Se rasprasav i po dr majki i isot mi spomnaa deka koga ke vlezes vo 9ti se pielo od cajot na Hipp za doilki po edna caska dnevno i demek provereno nadoagalo mleko.Sekako ke probam se i sekako ke mi trebaat site vasi trikovi i soveti posto navistina ako bide se ok sum spremna se da izdrzam samo da mozam da dojam.Mnogu maka vidov so Ad
23.01.2015, 20:31
sonc90
267
jas mislam deka najbitno e ko sto rece sandriana rr,deteto pocesto na grada i da bides uporna vo toa da ja fati ubavo gradata...vo prvo vreme normalno deka nema da imas koj znae kolku mleko ama ke ti nadojde da ne recam so sigurnost...samo upornost bidejki samo bebeto koga e na grada moze da ti ja potikne laktacijata...dzabe caj i sekakvi preparati...UPORNOST e klucniot zbor i element!