за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Mamicki vaka vcera ne opustija od bolnica. Momata mi ima namaleno 180grama. Sega se doime no odma posle 5 min 10 doenje pocnuva da spie. Prima li dovolno mleko? A koga ja doam me boli malku. Kupiv mast lea mamma no nz dali ke ima efekt od nea ili od nes drugo
26.01.2015, 10:42
Felly RR
7977
Слонче, за тоа што намалила во тежина, не се секирај, сите кога ги пуштаат од болница имаат намалено, мојата мислам дека и повеќе од 200 гр дури. Е сега ако дома си спие и е мирна, најверојатно и е доволно. А на колку време ја доиш? И колку време си спие одкако ќе ја надоиш? Ако сметаш дека е кратко времето на доење, подразбуди ја, размрдај ја малце. НО ако не и е доволно, сама ќе ја сетиш, ќе биде разрдазлива, плачлива и сл.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
27.01.2015, 16:34
Slonceo1
53
Ja doam okolu 15 min, posle zaspiva i posle 15 min pak se budi, Denes bevme na doktor se e vo red, od sabotata do sega ima kaceno 125 grama. Non stop ja doam, ama ne mi e problem eve zaspa pred 2,3,saata i ja nema da se razbudi se izmorela sigorno
27.01.2015, 22:58
lukajana RR
1481
Штом ти спие толкав период значи е најадено и плус ти качила на килажа.На почетокот така ке цица па ке заспие па пак ке бара да цица ама со време ке дојдете то тие три часа размак меѓу цицањето,кога ке стекне брзина и рутина сега е уште мало нема доволно сила
06.02.2015, 09:02
Felly RR
7977
Постовите за тетрапак млеко се префрлени во соодветната тема. КЛИК
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
30.03.2015, 20:32
hopeless
529
Ќерка ми е 12 месеци и уште се доиме и планирам до 18, ако не и повеќе. Кога се роди, скоро две недели не напредуваше бо килажа и една недела давав АД, два пати на ден. Но бев упорна и продолживме да цицаме, го исфрливме АД, и почна да си напредува супер. Така да мајки само упорно, не се откажувајте.
12.04.2015, 09:52
kokicekokice
135
Mamicki, dali bez iskluchok posle sekoe doenje gi potkrevate bebusite da zdrignat? Nekako imam chustvo deka go budam koga go pravam toa...I dali ako ne e zdrignato I go legnam, a toa bljucne mlekce znaci deka e najadeno I go isfrla visokot ili deka ne e zdrignato?
12.04.2015, 12:38
Snowhite RR
5042
Не мора после секое доење, ако е заспано остави го не го буди, тоа ако му дојде за ждригнување ќе се разбуди само, тогаш поткрени го и после пак легни го да си продолжи со спиење. Само легни го малку на повисоко со главчето, за ако поврати да не го голтни да се закашла
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
12.04.2015, 13:13
lukajana RR
1481
Kokicekokice јас не ја кревам да ждригне на секое цицање посебно ноќе пробав така ама ми се буди и се откажав ама нема некој проблем да ја боли меше или така ама сепак моево е поголемо незнам твоето колкаво е . А кога се породи не си пишала или јас не сум видела?
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
12.04.2015, 14:17
kokicekokice
135
Se porodiv pred dve nedeli, ama nemam mn vreme da pusuvam od moevo zverche :) Sega borba vodime dalI imam dovolno mleko da go najaduvam ilI ke odime so dohrana...
12.04.2015, 23:34
Neurotoxin RR
413
Пиј вода и ставај го често на града, ќе имаш млеко, ако го ставиш на дохрана уште помалце ќе биде, дури пробувај да се измолзуваш со цел да се лачи повеќе, не се откажувај, целото доење е природен процес, само кај стресена жена и дете кое нема „желба“ да го доразвие рефлексот за цицање може да се случи да се намали количината на млекото. Колку повеќе цица, толку повеќе млеко ќе имаш, само пиј вода и јади благо за енергија.
12.04.2015, 23:39
Neurotoxin RR
413
ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice
Mamicki, dali bez iskluchok posle sekoe doenje gi potkrevate bebusite da zdrignat? Nekako imam chustvo deka go budam koga go pravam toa...I dali ako ne e zdrignato I go legnam, a toa bljucne mlekce znaci deka e najadeno I go isfrla visokot ili deka ne e zdrignato?
Блуцкањето, е враќање на содржината од желудникот зашто кај нив до третиот може и до шестиот месец, не се затвора желудникот со хранопроводот и затоа може да се врати храната. Алармантно е кога враќањето е во млазеви. Пробувај вака, кога ќе престане да цица, и кога ќе го враќаш во креветче, крени го вертикално, ако за тој период не ждригне легни го слободно. Не секогаш се полнат со воздух, собено не навечер кога цицањето е посмирено.
13.04.2015, 22:41
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin
Пиј вода и ставај го често на града, ќе имаш млеко, ако го ставиш на дохрана уште помалце ќе биде, дури пробувај да се измолзуваш со цел да се лачи повеќе, не се откажувај, целото доење е природен процес, само кај стресена жена и дете кое нема „желба“ да го доразвие рефлексот за цицање може да се случи да се намали количината на млекото. Колку повеќе цица, толку повеќе млеко ќе имаш, само пиј вода и јади благо за енергија.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin
Пиј вода и ставај го често на града, ќе имаш млеко, ако го ставиш на дохрана уште помалце ќе биде, дури пробувај да се измолзуваш со цел да се лачи повеќе, не се откажувај, целото доење е природен процес, само кај стресена жена и дете кое нема „желба“ да го доразвие рефлексот за цицање може да се случи да се намали количината на млекото. Колку повеќе цица, толку повеќе млеко ќе имаш, само пиј вода и јади благо за енергија.
Освен што тρеба да пиеш течности моρаш и да јадеш, мене таκа ми κажуваа на болница κога се поρодив, аκо само пиеш вода таа ќе ја измочаш, моρаш и да јадеш за да водата се пρетвоρи во млеκо, таκа ми велеа. А можеш и да го земеш чајот за доилκи од билна аптеκа, мене тој ептен ми помогна. Биди упоρна и не се отκажувај ниκаκо, мене на 3 месеци многу ми се намали млеκото, ама бев упоρна и си го вρатив и ја доев до 13 и пол месеци. Исто таκа немој да се неρвиρаш зашто тоа многу влијае дали ќе имаш млеκо или не, за жибците можеш да пиеш бедоκсин Сρеќно :)
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
14.04.2015, 00:35
Neurotoxin RR
413
Точно, важна е и исхраната, направи си некој редослед на внесување на храна, земај што повеќе јаглехидрати од тестенини, земај б витамини, внесувај скроб (ориз, компир) протениска исхрана но внимавај со алергиите. Чајот земи го обавезно како поддршка ем за течности ем за да неутрализира она што може да му предизвика грчеви. Претходниот одговор ми беше итна интервенција, зашто ми зазвуче на дехидрирана доилка :) башка тазе ти е се и не можеш на се да мислиш. Шишето вода, чајот и планирани оброци. И одмор, многу одмор. Сега си доилка на новородено, никој нема да замери што не е чисто, и што нема ручек. Одмарај и дои :) секое добро
Да се надополнам, чајот на алкалоид за доилки сега е достапен во сите аптеки, во лименка измешан, дури мислам дека е инстант, ама не ме фаќајте за збор, ја немам отворено лименката. А имаш и други чаеви, од сите што ги пробав на хумана чајот за доилки ми се виде највкусен и најисплатлив економски а и најмалку досаден. Сега има и таблетки, ако несакаш да пиеш чаеви, само течностите ќе мора да ги надокнадиш
< Поракaта ја уредил Neurotoxin -- 14.4.2015 0:39:04 >
14.04.2015, 17:35
nataly86
534
Околу млекото и надоагањето имам само еден совет- јади пиј течности и одмарај...за нервоза обавезно бедоксин... јас немав многу млеко од старт а немав ни дете до мене за стимулација се трудев со одмозлување успеав 3месеци и нешто да одржам..но едно знам дека најмногу млеко ми наогаше кога ке ми кажеа добра вест за моите бебиња
14.04.2015, 20:58
sandriana RR
2924
Чајот за доилки во лименка не е инстант, само е готова мешавина, за разлика од оној од билна, каде се посебни билките спакувани па треба сами да ги мешате. Јас секогаш го препорачувам, многу благодет од него имам видено.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
14.04.2015, 22:37
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR Јас секогаш го препорачувам, многу благодет од него имам видено.
И јас исто таκа, отκаκо ми го κажа sandriana rr, сеκогаш го пρепоρачувам
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
15.04.2015, 12:26
lukajana RR
1481
И јас пиев чај за доилки од билна, многу ефикасно мене многу ми помогна и пиев многу боза ,со тоа успеав да одржам лактација до 7 месеци иако Л воопшто не цицаше но јас му измолзував млеко и му давав од шише и додека имав млеко АД не сум давала
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
17.05.2015, 12:45
blond
1268
Јас пак имам проблем со ептен голема лактација и максимално избегнувам течности, морам да се измолзувам инаку градите ќе ми експлодираат. Знам сега додека е мало бебе вака ќе биде, после ќе цица повеќе и таман ќе се балансира.
18.06.2015, 20:02
marijana.ma4e
1
sakam da mi kazete imam 6 mesecno bebence me interesira kako da go odviknam od doenje mi e strav a go pothranuvam poleka dali ako go namalam doenjeto gradite ke mi bidat polni ili pozdrav i cekam odgovor
18.06.2015, 20:21
Neurotoxin RR
413
Маријана, ако имаш причина да го одвикнеш тогаш во ред, али ако остануваш дома, не го одвикнувај, продолжи со доењето. Јас мојата ја оставив на 7 месеци, на осум сама ме одби, се намалија подоите зашто не бев физички присутна, на работа, ќе почувствував малку неугодност во градите кога ќе ми дојдеше млеко, ама не беше страшно. И за многу кратко време, како она престана, за една недела немав ни капка млеко, а ни проблеми. Без лекови, може да се одвикнеш само ако физички не си присутна. Така и полесно ќе си почне да си пие ад, ако не те гледа, а некој друг му нуди шише.
Уште еднаш, ако немаш некоја причина, од типот да се вратиш/тргнеш на работа, не го одбивај.
19.06.2015, 13:25
Bethany
4534
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
Чајот за доилки во лименка не е инстант, само е готова мешавина, за разлика од оној од билна, каде се посебни билките спакувани па треба сами да ги мешате. Јас секогаш го препорачувам, многу благодет од него имам видено.
Sandriana, me interesira mila cajot. Kade da kupam, tokmu toj vekje izmesaniot, kako se vika?
Mi zdosadi voda i sokovi, sokovite sakam i da gi isfrlam, a da ne sum samo na voda. Dali isto cajot pomaga i pri eventualnite grcevi kaj bebeto?
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
19.06.2015, 13:31
vezilka RR
4931
Помага Betany. Чајот го има во билните аптеки, мажле конкретно го купуваше од билана кај КЈУБИ што е, ќе побараш мешавина за доилки и тие ќе ти дадат. Прај го одвечер и нека ти се излади преку ноќ, ладен е многу убав, како леден чај. Јас лани лето се утепав од пиење. Помага и при лактација.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
19.06.2015, 13:47
Bethany
4534
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Помага Betany. Чајот го има во билните аптеки, мажле конкретно го купуваше од билана кај КЈУБИ што е, ќе побараш мешавина за доилки и тие ќе ти дадат. Прај го одвечер и нека ти се излади преку ноќ, ладен е многу убав, како леден чај. Јас лани лето се утепав од пиење. Помага и при лактација.
Super. Fala. Poracano vekje :)
< Поракaта ја уредил Bethany -- 19.6.2015 13:53:49 >
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
19.06.2015, 14:05
sandriana RR
2924
Чајот се пие 1 литар дневно, и ако пиеш 1-2 литри вода дневно, 1-2 чаши јогурт или млеко, и сосем доволно течности се Јас сок додуша пиев по 1-2 чаши дневно, ради потребата од шеќери и енергија, ама ги откажав после некој месец. Се што е повеќе од умерено е проблем, инаку малку џусче не е на одмет .