Многу често се сретнуваме со поимот ИСКЛУЧИВО ДОЕЊЕ. Што е всушснот ИСКЛУЧИВО ДОЕЊЕ?
Терминот ИСКЛУЧИВО ДОЕЊЕ се користи да се дефинира прехраната на бебето исклучиво со мајчиното млеко во првите шест месеци од животот, без никакво друго додавање на храна или течност, освен витамински капки или лекови.
Зошто да се дои исклучиво? Исклучивото доење е најприродниот начин на прехрана на детето до шестмесечна старост, бидејќи мајчиното млеко ги содржи изблансираните хранливи состојки кои од првата минута на животот секојдневно му се потребни на детето и доволни се за неговиот нормален раст и развој.
Мајчиното млеко содржи состојки (антитела) кои го штитат од бактерии и вируси, имунолошки недоволно развиениот организам на детето и многу го намалува ризикот од појавата на алергии, посебно на астма. И се разбира, мајчиното млеко е секогаш пристапно кога мајката е покрај детето, а количината е прилагодена на неговите потреби. Важно е да се напомене дека мајчиното млеко ги задоволува сите потреби на детето за храна и течности во првите шест месеци, вклучително и на водата, па дури и во многу жешки климатски услови.
Фото, Roda.hr
Исклучивото доење влијае и на психолошкото ниво на развојот на децата, бидејќи при доењето ја чувствува близината на мајката, а со тоа сигурност, нежност, внимание и утеха, кои овозможуваат здрав психички развој на детето. Со доењето детето истовремено го задоволува и рефлексот за цицање што е особено изразен во првите месеци од животот.
Исклучивото доење има предности и за мајката, затоа што после породувањето го поттикнува испуштањето на хормонот окситоцин, кој освен создавањето на рефлексот за отпуштање на млекото, предизвикува и контракции кои го овозможуваат враќањето на матката во состојбата пред зачнувањето, а со тоа ја намалува можноста за постпородилни крварења. Мајките – доилки согоруваат 200 – 500 калории на ден повеќе, што овозможува намалување на вишокот килограми добиени за време на бременоста. Доењето го намалува ризикот од рак на дојката и јајниците, болестите на срцето и остеопороза, како и го одложува враќањето на менструацијата, со што ја намалува можноста за повторно зачнување.
За мајката да дои исклучиво треба да ги почитува следниве правила:
- Во првите шест месеци од животот, детето треба исклучиво да дои и да не прима друга храна, ниту течност (да се исклучи адаптираното млеко, вода, чај и сл.) Мајките многу често сакаат што побрзо да почнат со воведување на некои други производи, за да може детето да се привикне на новите вкусови. Треба да се знае дека прераната прихрана непосредно влијае на производството на млеко и води кон престанок со доењето. Поради тоа со давањето на нови намирници треба да се почека до шест месеци на старост на детето.
-
- Во овој период мајката треба да почитува законот на понуда и побарувачка, што значи дека ако детето дои почесто и подолго, производството на млеко ќе биде поголемо. Мајчиното млеко е секогаш прилагодено на возраста на детето, имајќи го предвид тоа дека неговиот состав и количина се менува од подој до подој и од месец до месец. На тој начин организмот на мајката совршено ги следи потребите на детето и неговото растење. Мајката во никој случај не смее да наметнува дневен распоред на доење, туку да го храни детето исклучиво кога тоа сака, и да не се грижи ако детето не дои секој ден во исто време. Како и возрасните, и детето има свои природни потреби, па така еден ден може да побара и до десет и повеќе подои. Тоа е нормално, а производството на млеко ќе биде прилагодено всушност на неговиот ритам. Треба само да се слушаат/гледаат сигналите на бебето и да се водиме од нив. Со наметнување на сатница, детето цица поретко, а со тоа и поретко го поттикнува организмот на мајката на производството на млеко што може да доведе до прерано воведување на прихраната.
- Во периодот на исклучиво доење треба да се избегнува хранење на шише. На детето му е многу полесно да го извлече млекото од шишето, отколку од дојката, па после некое време може да ја одбива дојката, бидејќи на неа треба да се помачи, за разлика од шишето од кое млекото капи само. Во периодот кога се одвоени, мајката би требало да се издојува колку што може почесто да ги празни дојките, за да може да се одржи производството на млеко. Личноста на која и е доверено на чување детето би требало да го дава издоеното млеко на лажиче или во чаша.
- За смирување на детето не смее да се користи цуцла лажалка. Со смирување на детето со цуцла лажалка, се смалува бројот на подоите, и многу брзо детето не мора да цица за да се смири, туку само кога е гладно. Тоа може да доведи до смалување на бројот на оброците, па и до хранење споре строго утврдена сатница, на пример, на секои 3 часа. Ако на бебето му се дава цуцла и во текот на ноќта, тоа ги прескокнува и тие подои, а со ноќното доење се поттикнува поголемо производство на млеко. За жал, многу мајки се плашат дека со смирувањето на детето на гради лошо влијаат на него. Тоа е заблуда. Бебето најлесно се смирува кога цица, бидејќи тоа е за него најприроден и најкорисен начин, а тоа делува смирувачки и на мајката бидејќи така се воспоставува посебна врска меѓу нив.
- Ноќното доење може да биде многу исцрпувачко за мајката, и затоа е препорачливо и мајката и бебето да спијат заедно. Ако детето спие покрај мајката, може да цица кога ќе посака во текот на ноќта, мајката е посмирена, а детето побрзо заспива. Производството е поголемо бидејќи во текот на ноќното доење се отпушта поголема количина на хормонот пролактин, одговорен за производство на млеко.
- Во периодот на исклучивото доење од шест месеци, мајката треба да избегнува се што го ограничува доењето, или ја раздвојува мајката од детето. Со такви примери се сретнуваме кога мајката треба порано да се врати на работа, а детето тргнува во градинка или мајката поради некоја причина е разделена од детето. Некои мајки после подолго раздвојување, се воздржуваат да го подојат своето дете или му ги скратуваат подоите, а сето тоа може да има големо влијание на намалување на производството на млеко и на рано воведување на прихраната.
< Поракaта ја уредил Еца -- 21.1.2010 20:49:43 >
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.