за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Vcera si kupivme stolce-najobicna hranilka,bela e so malku crveno ama samo taa bese do 23kg,drugite bea do 17kg,mene ne mi smeta so ima crveno,neli deka za masko e go sednavme bubusov zasga uziva da sedi vo nejze,do koga ke vidime
18.03.2013, 10:29
anaana
1126
eeee pa nie imame devojce pa jas i kupiv sina kolicka ne sakav rozeva i si kupiv sina taka da ic da ne mu ja mislis sto ima crveno :))) bitno e detenceto da si se nauci da sedi vo stolceto i tebe da ti e zgodno da go hranis
23.04.2013, 16:55
omorfo89
215
Столчето за хранење го искористивме максимално како и количката уште од 6тиот месец седи во него и денес е 25 месеца и уште си седи , си јаде , гледа цртани
Столчето за хранење ни е закон. Убедливо најупотребувано помагало ни е по дома. Прв пат го седнавме веднаш штом ни дозволија да седиме и еве на 2 години и 5 месеци сеуште јадеме во него, а понекогаш и си одмараме во столчето.
11.06.2013, 17:49
Felly RR
7977
Ние веќе го спакувавме. Веќе подолго време не го корситевме, само ни зафаќаше место. Ама дефинитивно нешто многу искористено.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
11.06.2013, 17:53
Bethany
4534
И ние користиме столче и тоа обавезно за секој оброк. Инаку ќе треба да трчам по него. Дури и сега кога ќе одиме на одмор ќе го носиме со нас :)) Е што да правам кога се друго му е поинтересно од храна. Овака го седнам и нема кај да бега. Додека можам ќе го користеме. Не дека тој не седне (те. чучне) и на големиот стол со нас за масата, ама три залчиња и отиде... овака сум раат.
11.06.2013, 19:14
meU87
454
Јас почнав да ја учам уште сега, кога јадеме обавезно ја ставам во столче. Не сакам да се научи да јаде кај ќе стаса, јас од кога памтам за себе мајка ми ме хранеше на маса, така сакам да ја научам и Л. Веќе недела дена успешно е, со тоа што и давам неколку играчки или и пуштам нешто на тв и си јаде.
16.03.2014, 21:19
DaniXyz
2
Каква хранилка е подобра - пластична или дрвена? Дали има потреба да се купува од оние хранилки кои се на нивоа, односно на кои делот за седење се мести погоре-подолу? И зошто е уствари оваа функционалност?
17.03.2014, 09:15
Felly RR
7977
DaniXyz, добредојде на РР. За хранилката, без разлика дали дрвена, дали пластична, ќе гледаш да има заштитни каиши, бидејќи некои од дрвените немаат, па детенцето посебно дури е помало, може да се слизга надолу, и не може убаво да седи. А тоа за на нивоа, мислам дека нема потреба, но убаво е да гледаш да одговара со висината за на трпезариска маса. Дрвените мислам дека не одговараат баш, значи јас сум за пластично
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
17.11.2014, 10:33
Mila mamicka
387
Столчето за хранење е едно од помагалата кои најмногу ги искористив со син ми и воопшто не сметам дека парите дадени за него се џабе фрлени пари. Ние нашето го добивме од кумовите на поклон, не е нешто посебно, нема повеќе позиции, туку само една, ама има каиши за врзување и детето во него е безбедно. Почнавме да го користиме некаде околу седмиот месец, и го користевме се до пред два месеци, кога син ми почна да оди во градинка. Секој оброк му беше во столчето, и никогаш не се бунел, дури ако јас му речев дојди да јадеме на креветот, во некоја ситуација кога имаме гости или сл. тој ми викаше не, ајде во столчето. Е сега, треба веќе да го спакувам, син ми е веќе 2 и пол години, и откако оди во градинка, сака да јаде со нас на маса, голем бил веќе. И јас се согласувам со тоа, ама никогаш не би хранела дете, одејќи по него, или трчајќи низ собата натаму наваму. Се знае, кога е време за јадење, се остава се друго и се јаде.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
17.11.2014, 11:01
bucko mal
1431
Isto I nie maksimalno go iskoristivme stolceto za jadenje. E, sega veke pocna da ne saka da sedi vo nego tuku so nas na masa. Dete si porasna ima 24meseci Mu kupivme masicka I stolce,gi smestivme vo kujna za koga jade ne ne raznesuva sekade. Toa mu e za koga jade ovoshje ili nekoi gricki,za ruce ili vo stolce ili na masa e so nas. Eve vakvo mu zemavme:
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
17.11.2014, 11:17
Mila mamicka
387
Многу е убава масичката со столчето, и јас би му купила на син ми, откако ќе го склопиме веќе ова столче, и ќе му го ставам во детската соба.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
17.11.2014, 11:24
bucko mal
1431
Mila mamicka fala ti, I nasevo ke ide vo detska ponataka
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
17.11.2014, 11:40
mamita83
60
bucko mal od kaj ja kupivte masickata i stolceto i kolku? sakam da i kupam na malata nesto slicno
17.11.2014, 13:45
Felly RR
7977
Столчето и ние го искористивме максимално, а сега М пошто е голема веќе, јаде со нас на маса. Слично како ова од буцко мал имаме од оние на расклопување столче и масичка кои сега М ги користи и за јадење понекогаш и за цртање, боење и сл.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
17.11.2014, 14:11
vezilka RR
4931
Ние Никол до скоро го седнувавме у столче. Му ја извадивме таа масичката напред и само столчео на главна маса со нас. . Еве го сега паузира столчето на еден краток одмор од неколку месеци што се вика и едвај чекам Јосиф да го седнам у него оти така раат сум и најубаво ми е за ранење.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
17.11.2014, 14:29
Melanija RR
7052
И така ние купуваме веќе 3 месеци се нема пари,па веројатно нешто ќе капне во декември а тогаш М ќе има 16 месеци.Не дека ќе е голем ама вреди да се купи,и каква да е за да се користи до кај 2 и нешто години?Да се вади напред тацната ,некакви подесувања,или тоа е тоа?До кога реално може да се користи и за на голема маса?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
17.11.2014, 14:36
Felly RR
7977
Melanija RR, ние го користевме некаде до 3 години, значи стварно вреди да се купи. А на голема трпезариска маса, може да се користи се додека може да седи во него. Ќе гледаш да се вади или да се трга некако тој пластичниот дел напред. Нашиот се тргаше назад, и слободно си го доближувавме да масата. И висината видете ја убаво, да не доаѓа пониско, па да му биде непрактично. Нашето немаше никакви други подесувања освен што се тргаше масичката, па одлично беше - искористено и практично. И ова заборавив - гледајте да има безбедносни каиши и да се соодветни и сигурни.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 17.11.2014 14:38:41 >
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
17.11.2014, 14:49
Anuska14
53
Jas mislam deka nas najnajiskoristeno nesto ni bese stolceto za jadenje, go koristevme kako stolce dolgo vreme (nakaj 3 god) i posle kako masicka za crtanje ili za gricki i sl koga ni doagaa decinja. Go preporacuvam na site iako toa e individualno
17.11.2014, 15:15
Melanija RR
7052
Супер значи да видам висина,заштитни каиши и тацната да се померува или вади.Фала
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
12.12.2014, 08:32
Dilina
533
Ебе сум јас големиот прашалник Ајде мамички ве молам кажете ми ако некоја има купувано скоро хранилка, каде се поефтини, кои се попрактични и што се карактеристиките. Ортопедката ни кажа да купиме со наслон обавезно. Гледавме по продавници малце, ама мн се скапи, 7000-8000-9000 нели е малце претерано са хранилка???
12.12.2014, 08:54
AnnaMolly RR
6409
Дилина, јас ти препорачувам монтажно столче да си земеш. Мислам дека по продавниците за бебешка опрема се до кај 4.000 максимум. Мене ми го испратија од Америка, на Фишер Прајс е. Се монтира на секое столче со наслоњач и е многу практично, ние до 2 години го користевме. Мислам дека имам во темава ставено слика од моето.
_____________________________
Live and let live
12.12.2014, 08:57
AnnaMolly RR
6409
Еве потполно исто вакво е. Има каиши и се врзува за обично столче трпезариско. Кога не го користиш наслонот на столчево се склопува и како кутииче може секаде да си го носиш. Ние по гости, по ресторани сме го носеле и е најпрактичната работа што сум ја имала за дете.
_____________________________
Live and let live
12.12.2014, 09:02
Felly RR
7977
Па тие со наслон најверојатно се поскапи, ама мене тоа ми е многу за хранилка - нашата не беше со наслон, ама затоа првите месеци кога почнавме со дохрана (на 4 м.), ја хранев во релаксатор бидејќи не можеше уште убаво да седи. Хранилката почнавме да ја користиме на 10 месеци. ЕМ имаше и занимација додека ја хранев, со тие играчињата од релаксаторот, па брзо и лесно се најадувавме, ем и целото тоа платото од релаксаторот се вадеше и се переше во машина, па немавме проблем со валканици.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
12.12.2014, 09:10
Dilina
533
Фели, се вади и ова од нашиов релаксатор ама не е фиксен, се лула цело време а госпоџа се крева станува и со една рака го држам да не се преврти... незнам што релаксатор ќе беше, позајмен ни е. Да се фиксираше ич немаше да се мислам да купуваме столица :(.... А столчено од АнаМоли е топ. Само незнам дали има позиции на наслонот?