ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###
Јас многу сакам да си купиме ама мм вели дека не било потребно дека само за џабе парите за неколку месеци јас му давам да јаде во релаксаторот и многу ми е без врска ама што да правам
Зошто само за неколку месеци?, на внук ми за 1 роденден му го дадоа и тој уште седи во него, а е 2 и пол години, добро сега поретко, ама сепак, ако вие го купите порано, ќе го користите сигурно цела година, ние купивме на 9 месеци некаде, ама нашето е од тие што се прават и како масичка со столче за понатаму кога ќе биде поголем да може да си седи да си игра, да си пишува на него, можеш поназад да го видиш какво е, имам слика поставено.
Јас мислам столчето е убава работа, затоа што така на детето му стекнуваш навика дека треба да се седи во столче на маса за ручек, како и сите што седат, така и тоа, а не да се бркаме низ соба за ранење.
Михаил додуша, во последно време ич не сака да седи во столчето, па му го носам кај компјутерот, го седнувам, му пуштам цртан и тој гледа, јас го ранам, само така седнува и само така јади. Сакам на маса со нас да седи и да јади, ама се лути, плачи, не сака, тоа е тоа, што ќе му правиш
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away