Јухуу, златнички еве ме...
Еве вака: Кој ѓавол само ме натера да идам на дежурна гинекологија, ауф!
Еве како беше и што (ништо) не се случи (барем она што ми текнува баш сега од дијалогот-накратко):
јас: добро вечер!
д-р: што ти е?
јас: имам болки еве тука (покажувам два прста под папокот) веќе некое време. И натаму објаснувам што како.
д-р: и што сега?! соблечи се да проверам да не си отворена.
јас: ама прерано е, 24 и пет дена сум бремена.
д-р: па што.
Ме гледаат, вика не си отворена, ама имаш кандида. Кажувам дека знам, дека почнав со терапија и исто знам дека не е ризично за предвремен пораѓај. И оваа: Е не знам тоа, може може да биде. Занемарувам. И она продолжува: ете не знам, и што сега, сакаш да останеш?
јас: па ако треба, нормално дека би останала.
д-р: ама па што и да останеш, што ќе ти правиме, до 27 недала бебињата не преживуваат.
јас: ама нешто не е во ред со бебето?
д-р: не ма, бебето си мрда и тоа пуно, ама тебе те боли.
јас: Е знам дека ме боли, ама не знам какви се породилните болки, прва бременост ми е, а и не верувам дека е нешто такво бидејќи умерено ме боли, не јако. Можно ли е од мрдањето да ме здоболува баш на тоа место?
д-р: епа зошто дојде?
јас: за да проверам дали се’ е во ред со малото и со мене, болката значи предупредување за нешто. И еве да ви ја опишам болката е како кога желудник тапо боли.
д-р: па да те пратам на гастрологија (како и да беше зборот).
јас: ама јас нема проблеми со желудникот, ни со ништо слично. Само сакам да знам дали е се’ во ред, бидејќи се исплашив малку.
д-р: аха, значи исплашена си, еве пишувам Б6. Друго?
Е тука сфатив дека џабе дојдов, и баталив да барам некаков одговор и причина за болката, која откако видов дека малата си мртка, ми се намали, барем сега за сега.
Ајде да не должам многу-многу (не џабе маж ми ме вика Шолохов ) па утре ќе видиме како ќе биде. Ќе го побарам матичниот, па во понеделник здравје боже да направам уринокултура, брисеви, анализа на крв, што и да треба.
Сега ве гушкам и лека ноќ мамички и бебушки!