Eве нешто од еден од РР програмерите објавено на ФБ како забелешка со Наслов: ЗА ОНОЈ КОЈ ЌЕ БИДЕ ЗАБОРАВЕН. Заслужува да го постираме и тука:
Здраво
Не ме познаваш и никогаш нема да ме запознаеш. Не знам дали знаеш дека никогаш повеќе нема да го видиш сонцето, да почуствуваш среќа, да видиш искрена насмевка, никогаш нема да го слушнеш плачот на твоето дете, неговите први чекори, првиот училишен ден, првото внуче, никогаш нема ... Ќе пропуштиш и многу позначајни работи, нешта кои беа и се многу поважни од твојата смрт, нешта како отворањето на 7 метри реновиран паркинг зад некоја зграда, пуштањето во употреба на нови завеси во театарот, пуштањето на вода од казанчето во ... Кој си ти, кое е твоето име, твоето презиме, што направи ти за да го добиеш тоа што го доби, што им направи на луѓето кои твојата смрт ја премолчија, дали си ти куче или човек. Дали ти имаш семејство, дали имаш пријатели на кои им недостигаш, дали некој се грижеше кога вчера не се врати дома или им беше сеедно како и на сите останати. Ти си можеби среќен, барем твоето тело ќе биде испратено на начин кој заслужува секој човек, среќен си заради тоа што ќе има место каде што ќе почиваш, нема да лежиш во некој дол растргнат од дивите животни. Знаеш ли дека за твојот прерано изгубен живот се организираат ехо протести. Ако ме прашаш зошто ги нарекувам ехо би ти рекол: довиците и повиците од протестантите само се одбиваат од фасадите на центарот и повторно се враќаат до луѓето кои ги извикуваат. Сакам да ми кажиш со кој контактен спорт се занимаваше, дали повредите на твоето тело беа секојдневие, дали по нив беше толку многу познат што некој кажа дека не си повреден. Колку вреди твојот живот, во евра се разбира, што добија тие што сакаа да ја прикријат твојата смрт. Ти поставив толку прашања, но за голема жал никаде не поставив прашалник и тоа не може никој да го промени.
Се к''ти ноќта црна!
Се рути карпа – мрак!
И петли в село пеати зората се зори –над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно светнал ден, но не и за тебе!