е баш ми е интересно што сите овде сте така фино изненадени што докторите и сестрите бараат пари, а во други земји не било така... па до менталитетот и стандардот е... во странство медицинскиот персонал е навистина добро платен, а нашиве едно што едвај врзуваат крај со крај, а друго може едноставно ви бараат пари за да му платат на некој професор на факултет што не дозволува детето да им положи испит (што го научило) ако не плати 500 ЕУР (иако ниту едното ниту другото е причина за да се зема мито).
да не ме сфатите погрешно, ниту јас не би дала пари ако некој ми побара, ама ај размислете сами дали ви се случило да фаќате триста врски за да не платите сообраќајна казна и тоа за прекршок што сте свесни дека сте го направиле, а како што гледам по форумов поголемиот дел од членките на рр се спремни да направат бајааги малверзации за да добијат 2-3 недели повеќе породилно боледување (кога станува збор за нормални бремености, патолошките се сосем друг случај), а потоа се чудите како некој ви барал додатни пари за нешто што е веќе платен... па исто како шефот на работа што ве пријавува и ви плаќа придонеси за плата што е дупло помала од реалната, а вие сакате да добиете подолго боледување од тоа што по закон ви следува!!! во крајна линија земете неплатен одмор, ако веќе толку ви е тешко...
а друга страна, од лично искуство да ви кажам, во многу случаи луѓето кај нас се убедени дека токму тие доктори што се корумпирани (и бараат мито), се најдобри, па бараат точно кај нив да бидат прегледани, оперирани итн, мислејќи дека само така ќе добијат добра услуга, зашто останатите доктори (што не бараат пари, нели) не ги бива...
значи... за жал, до сите нас е... и до тоа како сме навикнале да фаќаме кривини и да се „снаоѓаме“...
во тие земји кадешто граѓанската свест е висока, докторите не бараат пари, сите си ги плаќаат казните и даноците, а кога мислат дека нешто државата им скратува, излегуваат надвор на протести, а не фаќаат врски..
тоа е тоа, ептен се занесов јас, обично не реагирам на вакви работи, ама изгледа хормоните си го прават своето...