Очекуваат него како. Тоа е веќе толку станала навика, толку веќе вкоренета длабоко.
И јас немам против ако некој има на срце да ги почести другите со сокче и чоколадни бонбони од мерак ете, ама не кога такво нешто веќе стане традиција. Ама ние сме таков народ, Балканците.
Кога отидов во болница на породување, сите што беа со мене во соба, која и како да се породи пред мене, од дома им испраќаат мекиците за нас во соба и честенка за докторите и сестрите. Тоа како нешто најнормално. Поента со мекиците што наведов е дека си имаме веќе некоја си традиција, обичај кај нашиот народ, па исто така и тоа честење и сл.
Јас и кажав на свекрва ми да не ми праќа такво нешто, прво јас не одраснав со таков обичај и глупо ми е да правам нешто што не знам за што служи. Не кажувам дека е лошо ако некој тоа сака да прави. А ги почести мм докторката и сестрите, им купи нешто за јадење и им однесе и тоа знаете како одеше муабет? Јас на боксот после породување, а тие си се прашуваат: еј гладен ли си ти? Јас сум многу, денес многу работа имавме и такви муабети. Апла си бараат ко од навика. И ете мм звонеше на тел во моментот и ме прашува треба ли ти нешто и јас ги прашувам во собата: Гладни сте, што сакате за јадење? И тие па сме гладни... Сега ми е јасно зошто таа една сестра ми се понуди да ми донесе телефон од собата
Воглавном ете и јас направив така нешто, ама поента е дека тие те стават во таква ситуација, и јас сега можев да се направам луда, ама баш во тој момент толку бев пресреќна, олеснета, мислев лебдев во воздухот, и бев благодарна поради тоа, и сакав тоа да направам. Мм купи сок и нешто за јадење и им донесе. Можеби погрешив , ама тоа беше тој момент. Некако ми беше убаво што и можев тоа да направам иако не сум должна, не знам... Овие моиве во болница барем поскромни се од другиве болници, од една од соба кај мене барале бурек, од друга сладолед, си искажуваат желбите слободно
Јас пак ќе споредам со странците, можеби утепувам веќе хехе, ама дека често сум во контакт со нив и многу разлики гледам, и можам да речам дека тие имаат многу добри работи и размислувања. Пример нив нема да им текне да на доктор купат чоколада. Тие ги разграничија работите: тој е доктор и тоа е неговата работа.
Ама ние имаме другачија култура, и треба да ја задржиме , ама да не претеруваме и да правиме работи и тоа на сопствената штета. Ние сакаме тоа частење, изразување на захвалност на таков начин, се тоа во ред, ама бидејќи веќе одамна поминавме граница со тоа нашето гостољубие и топлината, изгледа ќе треба да се примени принцип или-или. Или да нема ни чоколада, или да остане како што е па куд пукло да пукло.