Силни земјотреси му се закануваат на Балканот, а најризични зони се Јадранскиот брег, Косово, Бугарија и Романија.
Ова, како што пренсува „еРепорер“, го изјави денеска директорката на Сеизмолошкиот завод на Србија Славка Радовановиќ.
„Тоа се зони во кои долго време немало земјотреси, а низ историја се познати разорни земјотреси во тие подрачја“, наведе главниот српски сеизмолог.
„Секако дека не треба да се заборават и романските земјотреси со висока магнитуда, кои, исто така, ги нема од 1977 година, како и Бугарија, кој подолг временскиот период собира сеизмичка енергија“, изјави Радовановиќ.
Според Радованоиќ, прогнозите за земјотеси со голема магнитуда се однесуваат на следните неколку години, при што сеизмолошката активност се зголемува во пролетниот период.