Шопингот интересен само за слабите
Мислењето дека шопингот е најдобра терапија за секоја жена, делумно паѓа во вода бидејќи е откриено дека крупните жени воопшто не уживаат под светлото на гардеробите. Овие жени кога се враќаат од шопинг се целосно престрашени бидејќи стануваат свесни дека имаат вишок килограми, а освен тоа се гледаат себе си под мошне силно светло.
Истражувањето опфатило 150 жени меѓу кои имало жени со нормална тежина,како и со поголема и помала тежина. Изјавата „Купувањето облека го доживувам како позитивно искуство" жените требале да ја оценат од еден до пет.
Според истражувањето, слабите жени веднаш одговориле дека шопингот им претставува позитивно искуство, додека кај оние жени кои имале вишок килограми тоа воопшто не причинило задоволство.
Интересно е тоа што просечната оцена била три, што во глобално значи дека жените се неодлучни во мислењето за шопингот. Професорката Марика Тигеман од Австралија, објаснува дека шопингот е далеку од задоволство за полните жени, но и другите жени нешто посебно, не уживаат во него.
извор:ИДИВИДИ
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))