cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Редовна посета на гинеколог

clock-img

02.06.2016, 22:25

clock-img

Cvekelencule

pencil-img

184

Женски помагајте пап тестот ми излезе дека имам цин 2 и сега треба да носам во Ману да се види дали имам хпв и ако го имам од кој тип леле душава ми се треси не знате колку сум испалшена а во прилпскава болница и не знам колку е веродостоен папот ајде нека пиши некоја кој што имала искуство вакво

clock-img

02.06.2016, 23:02

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Hpv tipozacija mozes da napravis i vo drzavna bolnica na klinikata za ginekologija nemora na manu

clock-img

08.06.2016, 00:50

clock-img

Cvekelencule

pencil-img

184

Женски јас закажав кај Таше утре ќе одам леле која паника сум не знаете ,ме интересира сакам да му речам оти сакам да правм нов пап тест оти овој не ми штима нешто па ќе видам како ќе биди ајде нека пиши некоја која што била кај него поздрав

clock-img

08.06.2016, 18:56

clock-img

Cvekelencule

pencil-img

184

Јас пак женски да ви пишам бев кај доктор Таше си поминав супер ме гледаше вагинално и ми направи колпоскопија и се беше во ред .Докротот беше зачуден од пап резултатот каде што пишуваше дека имам цин 2 .Јас се пореметив овие денови од помислата дека имам цин 2 .доктор Таше ми вика имаш прекрасно грло никаде не се гледа никакава раничка матка супер јајници исто така и на мое инсистирање ми зеде пак папа тест за да си бидам мирна и ќе стаса за седум до десет дена.Притоа ми напомена дека со ваква клиничка слика треба да одам еднаш на две години на преглед .Затоаженски ви пишувам да си барате второ мислење поздрав

clock-img

09.06.2016, 14:37

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Cvekelencule, супер! Второ мислење е секогаш потребно, посебно во вакви случаи. Супер што не видел ништо сомнително, и ајде пиши ни со резултатите, да се потврди. Сепак мислам еднаш на две години пап е ретко, јас сум за еднаш годишно.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

09.06.2016, 23:43

clock-img

Cvekelencule

pencil-img

184

ОФ и јас едвај чекам да ми стаса резулатот да смирам тро душа ,ме смири докторот дека се во ред ама не знам што имаа испитувано во прилепскава болница, верувајте ваму е хорор идат доктори од Битола земаат пари на рака на пример мене докторката ми зеде 800 ден на рака за брисот а притоа нема ников печат каде испитан брисот, и јас мислам дека во ниедна болница доктор не зема пари на рака туку одиш на шалтер си плаќаш уредно со фискална сметка што беше ова јас не знам.

clock-img

10.06.2016, 11:26

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Чудно, и кај мојата матична ми даваат фискална, си плаќам на каса за се, никако на рака. Но ајде само нека се ок овие резултати па налет се друго.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

11.06.2016, 18:39

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

800 денари е ПАП на приватно и не е чудно што ти земала,чиста кражба што често се случува по нашите амбуланти. Колпоскопијата е добар метод,но сепак нека си се потврди со повторниот ПАП негативниот резултат и мирно да си спиеш.

clock-img

21.06.2016, 15:10

clock-img

Cvekelencule

pencil-img

184

Леле не знам по кој пат ми се случува напишав огромен пост и ми отиде Инаку имам добри вести ми се јавија од Плодност стигнал резулатот од пап тестот се во ред нема ништо дури ни бактерија некаква ооооффффф не знате колку ми олесна фала му на Господ се во ред .А овде во прилепскава болница ми излезе дека имам цин два леле како можат да прават вакви грешки јас не знам страшно се пореметив ако не си побарав втро мислење ќе ме лечеа здрава user posted image

clock-img

21.06.2016, 15:36

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Cvekelencule, браво!!! user posted image
Ајде опушти се сега, се е ок!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

22.06.2016, 16:23

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Одлични вести Cvekelencule!!! А со упат ли беше на болница, или како? Знам дека на болница нешто поефтино идеше одколку на приватно кај матичната, ама кај матичната доколку сакаш може и бесплатно мислам. Зависи кај го испраќа за читање на резултатите.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

22.06.2016, 23:58

clock-img

Cvekelencule

pencil-img

184

Жени јас се пофалив дека е со во ред денес ми го донесоја резултатот ама не ми е јасно нешто сестрата ми рече во ред е сето о за 6 месеци да појдам пак ,ама јас читам на резулатов Бенигни клеточни абнормалности и пак се потресов леле значи нема раат ај пишете ако има некој искуство со овие пап тестови да не се шекнувам пред време.....овие си викам се е во ред со другиве Конвенционална размена ,Инфламација, и задоволителен за евалуација ама ова со Бенигни клеточни промени е тоа ме поремети user posted image

clock-img

23.06.2016, 16:09

clock-img

Cvekelencule

pencil-img

184

Ај пак да си пишам на темава моја user posted image се јавиви кај Доктор Таше и ми кажа деке се е во ред ништо страшно лошо било да биле малигни него бенигни и така јас душа да смирам и реков повеќе не се замарам ќе одам онаму октомври пак уште еден контролен пап тест да направам па се надевам дека ќе биди се во ред со Господ напред .И жени бидете активни кај сте рингераја слаба со посетеност само отворам нешто ново да читнам ама нема ништоuser posted image

Последни статии

article-img