Ах тој брак изгледа на сите ни е исто Јас мислам дека обврските главната причина за промените кои настануваат во бракот. Кога се живее заедно пред брак, се е супер. Нормално дека ќе биде. Што велат старите ни ти јачи ни ти плачи. Целото време е за партнерот. Може да се има секс до бесвесвет, страст во неограничени количини, дури и да јадиш леб со масло и нане и пипер, и тоа ти е слатко, и не се замараш многу дека треба да штедиш за да им обезбедиш на децата нешто или дека сепак треба да се мисли и за утре. Кога не си во брак, можеш да уживаш во моментот, без да мислиш за утре. Е после доаѓа бракот т. е. мракот Имаш бебе, доење на секој 3 саати, па го болело стомак, па цела ноќ не си спана, од секс ни с не останува во главата, а камоли во креветот. Па нема веќе журкање до зори, спиење до пладне....Мора да мислиш на семејсатвото, мора дса се планира и за утре, да се мисли на сметки, па треба да се има покрив над главата, треба кола, треба децата да се однесат на одмор, родендени, градинки, па работата ти виси на конец,и што ли уште не....Па да не спомнувам за обврските по дома, чистење, пеглање, перење.....да ти се заврти во главата кога се ќе се наброи .И после мажите се менувале . Ако мене ме прашате искрено ќе кажам дека во бракот јас сум таа што повеќе се промени. Едноставно немам време за мм како што имав порано. Не сум истата личност, како да сум друг човек. Кога се сеќавам на минатото, ми се чини дека на друг тоа му се случувало. Еднсотавно 24 саати се премалку за д амоажам се да постигнам и да имам доволно време за мм. Но тоа го направи животот.Последнитеб 4 години, мислам дека бев како карапа изложена на бранови. Ккао што удираа така ме обликуваа. И така јас целосно се променив. Се разбира тоа влиаје на нашите односи, има кавги и недоразбирања, но важно е дека јас го сакам мм. А по се изгледа и тој мене Некогаш ми доаѓа да го треснам со нешто , и добро е што не е можно телепатски да се убива. Инаку досега ќе немаше трага ни од мене ни од него Некогаш посакувам барем на еден ден, повторно да бидам тоа што бев пред 10 години. За жал нема временска машина.