После година и 9 месеци во брак констатирам само едно - јас сум таа што се промени, станав поемотивна, поосетлива, понервозна и избувлива. А бев поинаква, си кулирав, уживав во секој ден до максимум, креативец, иницијатор, највесела личност во друштвото, најголем оптимист. Сега сум поинаква... најмногу заради тоа што секојдневието ми се сведува на грижата за малиот и домашните обврски. Знам дека најверојатно ќе се вратам на старо кога ќе почнам да работам (ако почнам), и кога ќе се ослободам од овој мојов страв од возење. Ама кога ќе биде тоа, немам поим.
Лошо кај мене е тоа што детето ми е целосно зависно од мене... еве на 13 месеци колку толку разбира - без проблем седи со мм, со бабите и дедовците, ама кога ќе дојде време за спиење - навечер, детето ме бара мене, никој, ама баш никој друг не може да го заспие. Заради тоа ми е тешко, не можеме со мм ни да излеземе некаде. Ете, саботата бевме на свадба кај драги луѓе, која ја очекував долго време и со мерак се спремав... за веднаш штом стигнавме таму, да се вратиме дома, оти малиот плачел премногу. И ми се скрши меракот, тотално се разочарав, па се почувствував како да сум потфрлила во воспитувањето, како да не ме бива за ништо. Не знам дали е моја вина или не, ама така се чувствував. И си велам дека не ни може поинаку да биде, кога со малиот сме сами по цел ден (последниов месец свеки повеќе се активира во неговото чување, па колку толку ми е полесно). Мажот ми релативно често патува, со недели знае да биде отсутен, и тогаш поретко излегуваме, но гости ни доаѓаат, најчесто моите блиски што ми се во Скопје, а кои знаат дека сум сама, па ќе дојдат и да не видат и да ми помогнат малку.
Мене ми пречи што никој, ама баш никој од друштвото на мм не доаѓа да не види мене и малиот кога мм не е тука, а штом се врати - сите се први за дружби, пијанки и теревенки. Додуша, сите се семејни луѓе, ама немаат осет за време, и знаат да заглават многу често кај нас дома. Лично мене не ми пречат дружбите, сакам гости, супер ми е кога ќе се собереме, ама не да остануваат до 5 саат сабајле. Сум му кажала на мм неколку пати за тоа заглавување, ми се лути. Можеби немам право, не знам, ама тие заглавувања се дел од ергенскиот живот, барем за мене. Не барам јас да остануваат со мене којзнае колку кога мм не е тука, или пак да ми доаѓаат секој ден - ама нели е убаво да се јавиш, да застанеш кога си на поминување?! Јас се јавував, ги барав, ама видов дека нема фидбек, кренав раце. Не ми е гајле дали ме сакаат или не, не ме тангира тоа.
Сепак, сето ова влијае на мене и моето расположение, а со тоа и на луѓето околу мене. Не го сакам тоа, се трудам колку што можам да не мислам на тоа, и да не се замарам со глупости. Мм често ми вели да одам на гости кај моите со малиот, на пример на недела две, ама мене не ми менува ништо. Точно е дека ќе имам повеќе помош, повеќе ќе можам да излегувам, ама тоа трае краток период, и после се по старо.
Се тешам дека не сум единствена, дека има многу како мене... читам и тука на темава, па ај и јас решив да се изјаснам, да ми олесни малку
_____________________________
All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.