за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Обично на фризер одам на секои 2 месеци за шишане,а ако имам некоја пригода обавезно одам за пеглане .А што се однесува за фарбането се фарбам и на фризер и по дома. Цената за шишането е 250 со миене.
28.05.2010, 00:04
baby mama
679
Леле јас многу мразам да одам по фризери, да ме ме тегне,кубе уф. Само за шишање и фарбање одам на фризер и тоа на 2-3 месеци. И секој пат кај различен. Ако немам некоја посвечена пригода сама си се фенирам.
_____________________________
Always kiss your children goodnight - even if they''re already asleep.
28.05.2010, 00:13
Viktori
5329
Исто и јас, бејби мама. Многу мразам кога ме чешлаат, фенираат а тоа ми дува во лице топло. Ужас. Еднаш за некоја свадба бев на фризер да ме фенираат... таква сафра ме фати и и викам на фризерката остај ме жити се ќе пукнам 2 пати годишно одам на фризер. Плаќам околу 400 -500 ден. Шишање, фенирање (ептен оти е комплет со шишањето), некоја ампула ако џитнат и толку.
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
28.05.2010, 00:38
Bitolcanka
2461
И јас како вас. Одам на 2-3 месеци, само за стрижење (по битолски ) За фризура најчесто за некоја свечена пригода, поретко без некој повод. Последен пат бев пред 1-ви мај - стрижење + фарбање = 400 денари.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
28.05.2010, 00:52
Maca25
7558
Порано одев многу почесто, тоа пред да се роди Нина, можеби секоја недела на фенирање, а еднаш месечно на шишање и фарбање. За среќа не ми е многу скапа фризерката, а и си имам попуст уште кај неа затоа што и бев редовна муштерика. Но, сега немам баш многу време за фризери, си имам пегла дома, си ја фенирам сама (или ич не ја фенирам) и одам на шишање на 2-3 месеци. Сега би сакала да ја освежам со некоја нова нијанса, ама не можем да се одлучам.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
12.07.2010, 15:09
penelopa
3419
5 едноставни и модерни летни фризури
Романтична Ако барате нежен романтичен изглед, ова е вистинската модерна фризура за вас. Треба да имате виткана коса или пак сами да оформите ситни локни.
Разделете ја косата на два дела со патец кој ќе минува напречно од врвот на едното до врвот на другото уво.
Горниот дел фатете го високо на главата со помош на стегач и разбушавете ја косата.
Искористете венче како моден додаток. За секојдневен изглед, изберете поедноставно венче без многу детали. За погламурозен изглед, изберете венче со циркони или со голема панделка.
Елегантна пунџа Ако во летните горештини косата само ви создава уште поголеми проблеми, изберете фризура тип пунџа.
Исчешлајте ја косата и направете си патец настрана. Фатете ја со помош на стегач на другата страна. Со помош на восок замазнете ги непослушните влакна.
Коњското опавче сплетете го во плетенка, а потоа навртете ја плетенката околу стегачот. Прицврстете со шноли. Можете да ставите неколку украсни шноли на двете страни на главата.
Рок убавина
Раширете ги прстите на раката и поминете низ косата во средината на главата. Фатете го тој дел со штипка и прицврстете го на горниот дел од главата.
Од косата над ушите земете два прамена широки по 5 сантиметри. Напрскајте ги еден по еден со лак за коса и веднаш зачешлајте ги наназад. Назад фатете ја косата од двата прамена со стегач за коса за да оформува коњско опавче.
Ослободете ја косата од горниот дел на главата. Наведнете ја главата надолу и со помош на обичен чешел започнете да ја тапирате косата. Исправете се, зачешлајте ја нежно површината на косата наназад и фиксирајте со лак за коса.
Модерно опавче настрана Не ја потценувајте моќта на бушавото опавче. Оваа фризура е идеална како за на плажа, така и за вечерна забава.
Исушете ја косата со фен без да користите четка. Патецот направете го на едната страна и со помош на стегач соберете ја целата коса во коњско опавче на другата страна. За да добиете секси волумен, зграпчете ја косата во горниот дел на главата и стегнете ја дланката во тупаница.
Издвојте еден подебел прамен од опавчето и напрскајте го со лак за коса. Потоа завртете го околу стегачот за да го покриете. Прицврстете го со шнола.
Кратка и бушава Доколку имате кратка коса, летото е она годишно време кога можете целосно да заборавите на вашата фризура. Едноставно разбушавете ја косата и ќе се вброите меѓу најмодерните.
Потсушете ја косата со фен, без притоа да користите четка или чешел.
Земете восок или гел за коса и нанесете на врвовите на косата. Потоа продолжете да ја сушите уште малку.
Со помош на прстите разбушавете ги прамените на различни страни и сте подготвени за летна забава.
*Извор: Фемина.мк*
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
12.07.2010, 15:22
majka 79
836
dodeka imav dolga kosa trosev pilicno mnogu pari za feniranje, pa za farbanje... a sega so kratka kosa ednas mesecno strizenje 300 den. a frizurce top
12.07.2010, 15:46
Палешка РР
7505
Леле од кога не сум била на фризер, брука национална
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
12.07.2010, 15:50
penelopa
3419
Ајде Палешка под итно да си одвоиш време за себе и да си се почастиш со нова фризура
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
12.07.2010, 15:51
melody
743
Posleden pat koga bev na frizer bese februari togas i ja smeniv bojata na kosata i potrosiv poprilicno mnooogu pari za toa zosto ovde da odis na frizer e mnogu skapo pa uste i ako te vidat stranec lele mori majko Od togas ne sum, bila nemam ni vreme ,a i mrazam frizeri.Odam samo ako smetam deka mi e vreme za nekoja promena
12.07.2010, 16:08
niki
4299
Не трошам пари на фризер, се шишам на 2-3 месеци, дома сама се фарбам и фенирам или врзи реп и терај. Ми недостига фризерката од Скопје која ме шишаше најубаво, ме фенираше, ме шатираше, ех кога ќе си се видам на стари слики шо убаа мома сум била Овде немам најдено сеуште некоја добро да шиша па затоа и не се осмелувам да одам почесто, се се разочарувам кога ќе си дојдам дома, никогаш не сум задоволна Инаку не е скапо, 10-15 евра за шишање, ни кај нас не е нешто многу поевтино
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
12.07.2010, 16:25
arh_diz
7198
niki bravo za tebe koga se sreduvas sama Jas otkako zabemeniv isto netrosam pari za frizer
_____________________________
Биди тоа што си
12.07.2010, 16:30
niki
4299
ех што ти е брак и деца не запустија скроз
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
12.07.2010, 17:44
Viktori
5329
околу 400 ден на 6 месеци за шишање и толку. Се фарбам сама, а сеа и се мислам да мењам боја ама не знам каква
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
12.07.2010, 18:04
mama26
3977
iako sum frizer ne se sisam sama.si odam kaj koleska moja draga,sto se znaeme 12 godini.zaedno rabotevme.inaku ja pustam kosata i ne sum sisana od lani.radi taa cel.megutoa stavam maski i se sto e maska sto ke mi dojde pri raka.da ne mi se osteti.posleden pat pred 2 meseci bev na otvaranjeto na frizerski slon na mojava koleska i prijatelka i voedno samo so presa me pomina. sakam da kaam me ispegla samo.odnosno prava mi ja napravi.breee ova makedonskiov jazik
12.07.2010, 18:07
mama26
3977
zaboraiv za cenata bre.ne mi zema nisto.mnogu me pocituva.ali imam oste i obavezno ostavam nekoj denar.nesakam nisto gjabe.se osekam duzna nekako neznam ako ne i ostavam nisto.taa mi vika sestro sestro.abe vikam kakva sestra sestra za sestra sirenje za pari.hhahahhahaha.milo mi e za salonot i nejze za uspehot postignat so nejzina pot.
13.07.2010, 11:06
marinka80
85
Pa sto znam kolku nikogas ne sum izracunala dodeka bev doma na porodilno odev ednas mesecno na farbanje i sisanje i dokolku odev negde na feniranje a sega koga se vrativ na rabota istoto plus dva pati nedelno feniranje i taka kosata mi e sredena celo vreme.
13.07.2010, 11:47
baby mama
679
Па не многу, еве пред некој ден се шишав, фенирав и плус со миење 250 денари. А студиото супер опремено а и со клима
_____________________________
Always kiss your children goodnight - even if they''re already asleep.
13.07.2010, 11:50
Martins mom
3342
Зависи од периодот (дали има прослави или не ), ама у принцип многу малку...Повеќе сум home made во фризурата
13.07.2010, 16:02
denim
351
Pa odam 4 pati mesecno po 200 den. na feniranje so toa sto sekoe 4-to e gratis (politika na salonot). i na 2-3 mess. na sisanje.
17.08.2010, 15:46
penelopa
3419
Дефинитивно одам неделава, сакам нова фризура
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
18.08.2010, 11:18
vezilka RR
4931
Епа идат некаде 500-600 денари месечно за фарбање и шишање зихер..а ако има и по некоја свеченост ќе падне и по некоја фризурка :)
20.09.2010, 18:49
petra27
385
Bidejki imam kratka kosa odam 1 mesecno ili na mesec ipol,sama se farbam.....no bidejki cesto se satiram pa se farbam,pa siski pravsam,pa ja pustam.....hiihihihiih...kako i da e sega poretko otkolku porano.....a momentalno ja pustam
20.09.2010, 18:57
lukas
2148
ednas na 2 meseci odam se potstrizuvam posto imam vitkana kosa i plus malku mi zabegvaat usinjata i ne trpat frizuri krenati a i ne obozavam frizuri ako smenam nesto toa e doma ja peglam so presa,a inace nemase ni da se podsrtizuvam dokolku ne mi se metkaja vrvovite...pozz
_____________________________
Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.
13.10.2010, 15:59
Natuska85
3613
Женски дај предложете ми некој добар и не многу скап фризер или во центар(таму ми е канцеларија) или карпош 3-4 (таму си живеам), па да си одам редовно кај него