ИЗВОРНА ПОРАКА: mamymamy
Od ova namnogu se plasam zasto moevo dete ne sednuva, pa vo zatvoren prostor nikako. Nonstop e vo dvizenej (a sam bas i ne e samostoen).
Nie trgnuvame vo 8 mi Mart.
Ve molam dajte nekoie iskustvo so ovaa gradinka - jasli.
двете деца одат во оваа градинка. Тука има две групи јасли за родени 2011 и за 2010 година. Мојата ќерка е родена 2010 и оди една година во градинка, сега е втора јасли. Задоволна сум, посебно оваа година ги префрлија во нова занимална со обновени играчки, им посветуваат внимание, воспитувачките ме поттикнаа да почнеме со одвикнување од пелени, денес однесовеме чаши за пиење, да не пијат веќе од шише. Во поглед на програмата лани научи песничка, која мораше да ја барам на гугл и имаше пет строфи, играат друштвени игри, така што имаат и структурирано време, не се оставени сами на себе. Мана е што не ги носат надвор.
Инаку вчера ја видов занималната за прва јасли, обновиле инвентар, поставиле ограда внатре полна со топчиња, како во игротеките што има, има и нови играчки. Ќе ја видите другата недела на родителска средба, па и ќе си прашате многу работи.
Така што не секирајте, мислам дека оваа градинка функционира добро, не најидеално, ама глобално земено има доста позитивни работи.